Која програма на Galeksia е најдобра за тебе?

Сертификатите и квалификациите на програмата за дигитален маркетинг се глобално признати, а програмите се креирани од светски професионалци во секторот за дигитален маркетинг. 


Да се има квалификација и сертификат од DMI, значи дека имаш стекнато темелна обука, според неспоредливи стандарди што ги поседуват експерти од индустријата.


Акредитираните курсеви кои можеш да ги следиш на Galeksia ќе ти овозможат да се стекнеш со клучни вештини и знаење поврзани со индустријата. Студентите и носителите на овие сертификати се опремени со знаење и вештини потребни за да ја започнат својата кариера во дигиталниот маркетинг, или да го надоградат своето знаење и да бидат унапредени. 


Доколу сакаш да знаеш дали и зошто програмите на Galeksia се вистинскиот избор за тебе и која програма да ја одбереш, дочитај го овој блог-текст со кој ќе се обидам да доближам што всушност може да значи оваа инвестиција за твојата идна кариера како дигитален маркетер.

Програмите на Galeksia 

Институтот за дигитален маркетинг (DMI) е одговорен за поставување на глобалниот стандард во дигиталниот маркетинг, a Galeksia сака да го постави овој нов, светски стандард во едукацијата за дигитален маркетинг во нашата држава.


Програмите креирани преку нивниот стручен кадар кој го формира Global Industry Advisory Council, се пренесени од страна на професионалните ментори на Galeksia кои што се сертифицирани од Digital Marketing Institute.


Овој институт е горд што е одговорен за сертифицирање на професионалци обучени за единствен стандард за дигитално образование во 115 земји.


Со учење на некоја од програмите на Galeksia, нашите ментори не само што ќе ти помогнат да станеш дигитален маркетер, ќе ти овозможат и навистина да ги развиеш потребните вештини и да добиеш квалитетна едукација. 


Со изучување на било која од програмите на Galeksia добиваш:

  • Учење од програма креирана од лидери во индустријата за дигитален маркетинг;
  • Пренесено знаење од ментори кои се експерти од областа и се DMI сертифицирани;
  • Обука креирана со водечки индустриски содржини;
  • Можност за комплетна дигитална трансформација;
  • Знаење и вештини кои што ќе можеш да ги примениш веднаш по завршување на програмата;
  • Пристап до платформата на Digital Marketing Institute каде има дополнителни алатки, е-книги, кратки курсеви, вебинари и најнови вести од индустријата;
  • Поддршка од страна на нашиот Client Success Manager;
  • Можност за вработување во компанија-партер на Galeksia;
  • Светски признат Pearson VUE сертификат.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Програма за Certified Digital Marketing Professional

Што добиваш со курсот за професионален дигитален маркетер?
Оваа обука за светот на дигиталниот маркетинг ќе те научи сè што треба да знаеш за да му додадеш вредност на било кој бизнис.


Наставната програма, внимателно развиена од Global Industry Advisory Council на DMI е редовно ажурирана за да ги одразува тековните случувања и промени во индустријата.


Преку оваа програма ќе добиеш широко разбирање за дигиталниот маркетинг, а нашите ментори ќе ти го пренесат знаењето преку различни примери од вистински клиенти.


Исто така преку разни упатства, квизови и дополнителни менторски сесии ќе потврдат дека напредуваш, учиш и добиваш одговор на било какви прашања поврзани со материјалот. 


За кого е наменета оваа програма за дигитален маркетинг?


Овој курс е токму за тебе, ако си амбициозна личност која сака да гради кариера како дигитален маркетер или да се унапредува во истата. 


Овој курс е токму за тебе ако се препознаеш во некое од наведените:


1. Почетник си, во потрага по работа или бараш промена на кариера


Овој курс би бил одличен бидејќи од првиот модул се учи сè за концептите во дигиталниот маркетинг и кој служи како вовед, додека во другите 9 модули учиш детално за различните области во дигиталниот маркетинг. 


2. Веќе работиш во дигиталната маркетинг индустрија 


Доколку сакаш дополнително да се развиваш во индустријата, сакаш да бидеш менаџер или сакаш да ги поставиш основите за поуспешна кариера во дигиталниот маркетинг со проширување на своите знаења и вештини, овој курс е без двоумење за тебе.


3. Веќе си лидер/менаџер на тим или сопственик на бизнис


Ако веќе имаш искуство со работа со луѓе, со добивање преглед на сите дисциплини на дигиталниот маркетинг, ќе можеш подобро да управуваш со тимот и со бизнисот. По завршување на програмата ќе можеш да воочиш каде има празнини во активностите кои ги правиш за бизнисот.


Доколку сакаш дополнително да навлезеш во одредена област, подолу ќе можеш да прочиташ повеќе за специјализираните курсеви на Galeksia. 

Програма за Certified DMI Specialist in Social Media Marketing

Овој курс ќе те научи на сè што треба да знаеш за да станеш експерт за продажба и реклами на социјалните медиуми.


Програмата го следи наставниот план креиран од Global Industry Advisory Council кој се ажурира за да ги одрази тековните стандарди, а на Galeksia ќе ти биде претставен од искусни експерти од индустријата.


Преку динамични часови кои содржат предавање, вежби, примери, квизови, препораки, алатки и дополнителни менторски сесии, ќе имаш можност да се стекнеш со теоретско и практично знаење за водење на успешни кампањи на социјалните медиуми. 


Покрај тоа, со полагање на испитот, ќе бидеш овластен DMI професионалец со глобално признат сертификат за поддршка на вештините кои ќе ги стекнеш.


За кого е оваа програма?


Дали сакаш да бидеш во можност да допреш до вистинските клиенти преку социјалните медиуми, да креираш кампањи кои што ќе носат продажба и преку кои твојот бизнис ќе биде познат?


Ако одговорот е да и ако се наоѓаш во некоја од следните ситуации, оваа програма е дефинитивно за тебе!


1. Веќе работиш со социјални медиуми


Доколку веќе работиш со социјалните медуми, но немаш обука и честопати имаш потешкотии при пренесување на главната порака на брендот или компанијата, ова е курсот кој ти е потребен.


Со оваа програма, ќе го продлабочиш твоето знаење и ќе имаш сертификат со кој ќе ја докажеш вредноста при наоѓање на клиенти или задржување на постоечките.


2. Сакаш да се фокусираш на социјалните медиуми


Доколку сакаш комплетно да навлезеш во маркетингот на социјалните медиуми, оваа програма ќе ти овозможи да ги стекнеш потребните вештини за самоуверено да зачекориш во водите на оваа возбудлива и брзорастечка област.

Програма за Certified DMI Specialist for Strategy & Planning 

Оваа програма на Galeksia ќе ти помогне да осмислиш конкретни стратегии и да ги испланираш сите детали, што ќе ти донесат успешни кампањи и профит.


Овој курс ќе ти овозможи увид во важноста на планирање, креирање и извршување на дигитални маркетинг стратегии во оваа дигитална ера. 


Програмата е совршено погодна за маркетинг менаџери, сопственици на компанија или мали бизниси, тим лидери на некој проект и луѓе кои што сакаат да напредуваат во својата кариера.


Со оваа обука на Galeksia ќе ги подобриш твоите вештини кои што ќе ти овозможат успешно планирање на сите обврски поврзани со дигиталното присуство на компанијата за која работиш или на која си сопственик.


Овој курс е идеален за сите кои сакаат да остават впечаток во водите на дигиталниот свет.

Заклучок

Дигиталниот свет менува сè. Култура. Трговија. Заедница. Само со надоградување и знаење се постигнува напредок.


Твојата амбиција може да голема, но без вистинските дигитални вештини, сè ќе ти биде надвор од дофат.  Најголемиот професионален предизвик на 21 век е било кој бизнис да остане релевантен. Тесно поврзан со ова е и дигиталниот свет.


Овој бучен, динамичен простор нуди можност за градење на успешна кариера и ставање било кој бизнис на мапата на релевантни бизниси. Galeksia е тука да ти помогне да успееш на личен и професионален план.


Почни денес, и остави времето кое што ќе го поминеш учејќи и усовршувајќи се да зборува за успехот кој ќе го достигнеш во остатокот од твојата кариера.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче