ЧПП

Galeksia – често поставувани прашања

Што нуди Galeksia и кои се главни предности на програмата?

Galeksia е акредитирана од Digital Marketing Institute за сертифицирани тренинзи во областа на дигиталниот маркетинг. На глобално ниво, во изминатите години овие тренинзи овозможја вработување на 94% од учесниците што ги завршиле. Исто така, 80% беа унапредени во подобра позиција до 12 месеци од завршувањето на тренингот. Над 50% од сертифицираните учесници добиле зголемување во платата.

Дали треба да имам предзнаење за дигитален маркетинг?

Не. Секој што има интерес да научи за дигитален маркетинг може да аплицира за академијата. Целта на оваа академија е да ве обучи за сѐ поврзано со дигиталниот маркетинг од почеток до крај. Не прави никаква разлика дали сте почетник, сопственик на компанија, маркетинг професионалец, вработен, апсолвент, или бараш промена на кариерата. Само треба да имате страст да научите дигитален маркетинг.

Зошто треба да ја изберам Galeksia наместо други тренинг центри?

Програмата на Академијата за дигитален маркетинг е креирана од таканаречениот Industry Advisory Council во кој членуваат претставници на најголемите светски организации. Оваа академија е дел од заедница која брои 55 000+ завршени учесници кои се сертифицирани професионалци преку еден од 130 едукативни центри низ целиот свет. Galeksia е дел од заедница која ги поставува трендовите и стандардите за дигитален маркетинг низ сите региони и пазари. Pearson VUE сертификатите кои се полагаат по завршувањето на програмите на Galeksia се одобрени од светските лидери како Facebook, Google, IBM и Microsoft.

Дали треба да носам лаптоп?

Да. Додека трае програмата,  вашиот лаптоп ќе ви биде главно средство за работа и комуникација со учесниците и предавачите. Со оглед на тоа дека учењето и практичните вежби ќе бидат работени во локална околина, од исклучителна важност е покрај желбата за учење, да го понесете и вашиот лаптоп.

Kако се oдвива тестирањето преку Pearson VUE?

По завршувањето на секоја од сертифицираните програми на Galeskia, се здобивате со право да полагате завршен испит. Истиот е администриран од партнерот за компјутерско тестирање за програмите лиценцирани од Digital Marketing Institute, Pearson VUE, преку глобалната мрежа на центри за тестирање.

Испитот е поделен на три дела, а кандидатите треба да постигнат минимум 60% за да го положат испитот. За учесниците на Galeksia, еден ваучер за полагање на Pearson VUE завршен тест е вклучен во цената на програмата.