Testimonials

Прочитај што имаат да кажат оние што одбраа да ѝ веруваат на Galeksia кога станува збор за нивна едукација во полето на дигиталниот маркетинг и напредок во кариерата.

ШТО ВЕЛАТ НАШИТЕ СТУДЕНТИ?

Петар Спасовски

Вистинско место за оние кои сакаат промена во својата кариера, или надополнување на своето знаење во областа на дигиталниот маркетинг. Одлична програма надополнета со извонредни предавачи достапни во секое време!

Ана Цветановска

Севременска инвестиција, како за почетници, така и за искусни во оваа област, паралелно овозможува стекнување на релевантно знаење и негова практична примена. Одлични предавачи, максимално посветени и достапни, доследни и одговорни.

Александра Ангелова

Најрелевантна програма за едукација и напредок во полето на дигитален маркетинг, креирана според интернационално признати стандарди. Совладување на сите модули преку постојана интеракција во групата и задавање на лични проекти. Постојана достапност на предавачите за помош и консултации.

Ангела Христовска

Пријатно сум изненадена од професионалноста, посветеноста, искуството и информираноста на менторите на Галексиа. Своето знаење го пренесуваат на студентите со една точно испланирана и прецизна стратегија која што дава видливи резултати. “Божиновски” веќе ја започна својата дигитална трансформација и среќни сме што ја продолжуваме токму со менторите и студентите на Галексиa. Long story short – прекрасно искуство и почеток на континуирана соработка. Овој тим го препорачувам од срце.

Бенјамин Хајредин

Доколку сакате да смените професија и ја гледате иднината во дигитален маркетинг ова е тоа што го барате. Супер забавен, поучен и достапен курс кој ве води низ светските трендови на маркетинг во светот. Кога би учел одново би почнал со Galeksia затоа што вистински ми помогна да ги надополнам своите маркетинг вештини.

Елена Наскова

Квалитетни и пријателски настроени предавачи кои се 24/7 достапни за сите студенти, сертификат кој е признат насекаде во светот, работа на реални проекти за време и по завршување на академијата, знаење кое можете да го примените веднаш поради тоа што се изучуваат практични и конкретни работи.Мое лично искуство 10/10, Galeksia би ја препорачала на секого.

Лавинија Софрониевска

Искрена препорака за секој кој се’ уште се двоуми. Ако сакате да вложите во себе, а и да сте сигурни дека ќе имате полза од истото, нема посоодветен избор од програмите на Galeksia. Се изучуваат јасни и практични содржини, менторите споделуваат и лично искуство (што е реткост) и добивате пристап до многу дополнителни материјали кои ќе ви помогнат лесно да совладате се’ за дигитален маркетинг. Супер се вклопува и за почетници и за оние кои како мене сакаат да научат повеќе. 5*

Јасминка Глигоровски

Високо професионален тим на ментори и изучување на Дигитален Mаркетинг според програма креирана од лидерите во индустријата како и светски признат серификат.