Ментори

Сите ментори на Galeksia се сертифицирани од Digital Marketing Institute и поседуваат врвно знаење и експертиза во полето кое го предаваат.

 

На програмата ќе имаш прилика да учиш од нивното долгогодишно искуство, кои преку реални примери ќе ти помогнат да ги унапредиш твоите digital skills и да се стекнеш со сертифицирано знаење.

Сара Стојковска
Marketing Data Analyst, Google Analytics експерт, сертифициран DMI тренер
Analytics with Google Analytics 4 (GA4)

Сара е аналитичар на податоци, со долгогодишно искуство во неколку компании во соработка со клиенти од различни индустрии.


Обработува и анализира извештаи со повеќе од 40 страни, кои содржат над 100 KPIs. Умешноста на Сара за интерпретирање на информацијата од тие податоци, донела раст на многу од клиентите.


Со практични примери од секојдневното работење, ќе ти ја пренесе својата пасија за читање на резулататите во нумерички облик. Google Analytics е особено важен за секој бизнис, па така овој модул е посебно значаен за тебе!

▪️ Презентирани и прочитани над 100 извештаи;

▪️ Креирани извештаи за над 20 различни видови на бизниси.

Теодор Јосифовски
Search Marketing Professional и сертифициран DMI тренер
SEO // Website Optimization and eCommerce

Теодор Јосифовски дипломирал на ФЕИТ на Информатика и Компјутерско Инженерство, а магистерските студии по Project Management ги завршил на престижниот RANEPA факултет во Москва. 


Teодор ќе ти го пренесе неговото знаење преку практична работа и споделување на она што го научил од своето 10 годишно работно искуство на проекти кои вклучуваат клиенти од целиот свет. Неговото искуство вклучува:

▪️ 1000+ keywords рангирани на првата страна на Google Search;

▪️ 70+ SEO оптимизирани веб-страници oд:

▪️ 11 различни индустрии и 7 различни држави.

Верче Карафилоска
Lead Product Marketing Manager, Fractional Marketing Advisor/Head и сертифициран DMI тренер
Digital Marketing in The Era of AI // Content marketing

Верче Карафилоска е продукт маркетер и Copywriting/Messaging консултант со повеќегодишно искуство како соработник на B2B, SaaS и eCommerce компании во земјава и во светот.

Фокусот на Верче е лансирање нови производи како и појаснување на постоечки понуди, со цел подобро позиционирање и конверзија на lead-ови во клиенти.

Од Верче ќе научиш како да создадеш содржини со одредена цел, да избегнеш нејасни пораки и понуди, да ја приспособиш твојата порака на соодветниот канал и кампања, и како да ги поврзеш твоите content иницијативи со она кон коешто се стреми секоја компанија: профит.


▪️ 5 годишно искуство во B2B, SaaS и ECommerce сферата;

▪️ Реализирани над 100 проекти за клиенти од земјава и странство;

▪️ 1000+ email секвенци за клиенти од 25+ различни индустрии;

▪️ 20+ веб страни;

▪️ 100+ блогови.

Мартина Зарева
Email Marketing & CRM Specialist, сертифициран DMI тренер
Email Marketing

Мартина е магистар по IT Management и искусен специјалист за дигитален маркетинг со широк спектар на вештини и искуство.

Како E-mail Marketing & CRM Specialist во Ananas.mk работи на специјализирани кампањи за кои што од прва рака може да им пренесе на студентите какви новитети и трендови се случуваат во областа на Email Marketing-от.

Михаил Китановски
Бизнис Консултант и Сертифициран DMI тренер
Professional Skills for Digital Marketers // Digital Marketing Strategy

Михаил Китановски e сопственик и генерален директор на компанијата за консултантски услуги Kitanovski & D2EM (D2EM Consulting) и врвен консултант за менаџмент во бизнис заедницата. Во неговата дејност ја комбинира и експертизата за пијано – класична и џез реторика.


Неговото импресивно портфолио вклучува над 20 години искуство во работа со светски-познати, мултинационални компании за бизнис стратегија, продажба, финансирање и прашања поврзани со растот на компанијата. Признат за својата работа со меѓународни деловни партнерства, Михаил има искуство со in-house бизнис обуки и отворени тренинг сесии на 4 различни континенти и има работено со 700+ Клиенти од:

▪️ 70 + различни индустрии;

▪️ 30+ различни држави.

Марина Трајковска
Head of Development, Solutions Architect, and Certified Bubble Developer
No-Code Growth Hacks with Side Tools

Марина Трајковска е CTO во Odyseek со долгогодишно искуство во креирање алатки за growth hacking. Фокусот на Марина е користење на no-code алатки за креирање иновативни growth продукти кои привлекуваат нови корисници.

Од Марина ќе научиш како да користиш no-code технологии за креирање бесплатни алатки без потреба од програмирање, како да развиеш нови маркетинг канали и како ефективно да го промовираш твојот продукт.

Анита Кирковска
Growth Strategist specializing in Content, SEO, and executive AI strategy
Content strategy and AI adoption

Анита Кирковска е Growth Lead во Vellum со долгогодишно искуство во креирање стратегии за контент, развој на продукт и позиционирање на пазар.

Фокусот на Анита е идентификација на можности за позиционирање, создавање ефикасни контент стратегии и примена на вештачка интелигенција во работните процеси.

Од Анита ќе научиш како да идентификуваш нови можности за контент, како да ги скалираш тие можности и да постигнеш забрзан раст. Таа ќе те води низ процесот на користење на најсовремената технологија и вештачка интелигенција, овозможувајќи ти да постигнеш повеќе со помалку напор и време.

Елена Наковска
Social Media Marketing Professional и Social Media & Marketing Manager во The Bright Box
Social Media Marketing

Елена е tech-savvy дигитален маркетер и Social Media & Marketing Manager во The Bright Box, која преку нејзиното долгогодишно искуство практично ќе ти го објасни Social Media Marketing модулот.


Таа има огромна пасија за дигиталниот маркетинг и е постојано насочена кон успех, напредок и подобрување. Во портфолиото на Елена се вбројуваат:

▪️ 7.000 + објави на социјални мрежи;

▪️ Над 40 успешно водени бизниси на социјални мрежи;

▪️ 17 држави и 2 континенти.

Елена Биноска
SEA Consultant и Сертифициран DMI тренер
Paid Search (PPC) and Display Advertising

Искусен специјалист по дигитален маркетинг со акцент на Google Ads, моментално работи како SEA Consultant во DEPT. Исклучително амбициозна, љубопитна и hard-working, Елена ќе биде вистински пример и мотив за своите студенти, како да успеат во светот на дигиталниот маркетинг.

Нејзиното богато портофолио досега брои:

📍Над 900.000$ потрошени во Google Ads;
📍10+ различни индустрии и 14 различни држави;
📍350+ успешни Google Ads кампањи;

Преку бројни практични примери од секојдневната работа, на CDMP програмата ќе ве научи кои се најдобрите практики за менаџирање, оптимизација и генерирање на резултати со помош на платени кампањи.

Над 130 000 луѓе

во светот имаат професионален напредок од оваа програма!

 

Многу од учесниците од CDMP програмата работат во светски гиганти како:

92%
од учесниците се изјасниле дека имале напредок во кариерата
81%
од учесниците добиле унапредување и покачување во плата
88%
од учесниците работат на високи позиции, како менаџери

контактирај го нашиот тим на професионалци и дознај повеќе