Запознај ја Ирина Кузевска – Client Success Manager во Galeksia

Мисијата на Galeksia е да постави нов, светски стандард во едукацијата за дигитален маркетинг во нашата држава. Оваа цел се однесува на целокупното постоење и работење. Од групата на најдобрите дигитални маркетери во светот кои ја креираат програмата, до глобално познатите компании кои стојат позади нејзиниот квалитет. Самиот Институт за Дигитален Маркетинг од Ирска и сертификатот Pearson VUE го потврдуваат преостанатото.


Целата платформа која стои позади брендот на Galeksia, во пракса претставена од менторите кои зад себе имаат практично знаење и работа во многу различни индустрии. Интерактивните предавања, менторските сесии и грижата за студентите, го претставуваат уникатниот пристап во полето за неформално образование за дигитален маркетинг.


Со цел да се обезбеди сите учесници на програмите на Galeksia да имаат беспрекорно искуство и вредно, применливо знаење, ја отворивме позицијата Client Success Manager. 


Чест ни е да ја претставиме Ирина Кузевска, најнов член во нашиот тим. Таа е психолог и сертифициран HR менаџер со долгогодишно искуство и во повеќе компании.


1. Кажи ни нешто повеќе за себе, која е Ирина надвор од работното место? 


Надвор од работно место сум доста данамична. Сакам да се дружам со моите најблиски, да возам точак, да одам во природа, сакам snowboarding во зима, обожавам добри концерти и настани со добра музика. 


Сега во периодот на карантин му се навратив на моето старо хоби, сликарството, кое ми делува како медитација и ми ја извлекува целата креативност. 


На кратко, мислам дека животот е нешто најпрекрасно, а јас одлучив да уживам во него. 

Ирина ужива во своето хоби: Snowboarding


2. Ти си дипломиран психолог, како тоа се надополнува со тоа што го работиш сега? 


Психологијата се надополнува во скоро секое поле во кое што има комуникација со луѓе. Мене лично ми помагала во секоја работна позиција што досега сум ја работела, а тоа претежно биле продажба и менаџирање на човечки ресурси. 


Таа овозможува да се створи соодветен пристап со различни профили на луѓе, со цел да им се помогне да ги остварат нивните цели, но и да се остварат и целите на компанијата.


3. Како знаењата од полето на психологијата ти овозможуваат да бидеш успешен Client Success Manager?


Психологијата е пресудна во оваа позиција, бидејќи ми овозможува одлично да ги разберам потребите на постоечките, но и идните клиенти и да ги поврзам со услугите на Galeksia. Така што психологијата би ја нарекла темел во оваа позиција. 


4. Кои твои карактерни особини сметаш дека најмногу ти помагаат во соработката со клиентите и студентите?


Сакам да им помагам на луѓето во нивниот кариерен и личен развој. Тоа ми го овозможува емпатијата која ја имам во огромен процент. Сметам дека сум добар слушател и имам позитивен став кон животот со желба да одам напред, па така им помагам и на другите да чекорат напред посигурно.


5. Ако можеш да создадеш ново правило што ќе мора сите да го почитуваат, што би креирала?


Offer Value – понудете вредност. Без разлика дали се работи за компанија или вработен во таа компанија, вредноста треба да биде обострана. Вреден продукт и вреден работник се комбинација која реузлтира со успех. 

Ирина со неколку од нејзините слики.


6. Што би им порачала на сегашните, а што на идните студенти на Galeksia?


На сегашните им препорачувам да дадат максимум од себе и да ја совладаат обуката со најдобар резултат, кој ќе гарантира за нивната иднина.


За идните студенти, односно за оние кои размислуваат за напредок во областа на дигитален маркетинг, да се информираат добро што значат обуките на Galeksia и да сфатат што значи вредноста на истата. Тоа е моето правило од претходното прашање и стојам цврсто позади вредноста на тимот и програмите на Galeksia.



Уписите за три програми од Galeksia се во тек!



Побрзај и искористи го Early Bird попустот само до 15.06.2020. 


Програмите почнуваат во јули.

Не пропуштајте ги најновите вести, директно во вашето сандаче