Кариера во дигиталниот свет со програмите на Galeksia

Денес луѓето го користат интернетот за многубројни цели. Без оглед на тоа дали плаќаш сметки онлајн, купуваш услуги и производи од одреден бренд или пак го закажуваш своето следно патување, со само неколку клика по логирањето на лаптоп, смартфон или таблет си дел од една глобална мрежа со безброј понуди и информации.


Токму поради ова, интернетот е простор кој нуди голем број можности за сите компании. Опциите преку кои можеш да го прошириш своето бизнис влијание стануваат бесконечни во сајбер просторот. 


Меѓутоа, поради оваа достапност, онлајн пазарот е населен од конкуренцијата. Токму за да успееш да ги победиш останатите и да допреш до посакуваната публика, мораш да знаеш како совршено добро да ја рекламираш својата идеја.


Доколку посакуваш да ја научиш алатката на иднината, ти нудиме целосен водич кој има за цел да те донесе поблиску до остварувањето на твојата желба. Во продолжение, можеш да научиш повеќе за програмите што ти ги нуди Galeksia.

Што значи да се биде специјалист за дигитален маркетинг?

Поради тоа што речиси сите бизниси се денес дигитализирани, на пазарот на трудот постои огромна побарувачка од луѓе кои умеат да ги пренесат нивните идеи преку уметноста на дигиталниот маркетинг.


Бидејќи сите специјалисти за дигитален маркетинг поседуваат знаење за вештините што се важни со цел да се искористи моќта на интернетот, станувајќи еден ќе можеш умешно да ги користиш за сопствени или пак за целите кои компаниите ги нудат. 


Преку достапните програми на Galeksia, можеш да научиш како да креираш ефективна e-mail маркетинг стратегија, содржини на веб страници, објави за социјални медиуми, оптимизација и слични вештини кои ќе ти помогнат успешно да можеш да се споиш со денешниот конзумер кој ја користи технологијата за купување.


Додатно, побарувачката за дигитални маркетери експоненцијално расте и знаењето со кое ќе се стекнеш можеш да го искористиш за личниот бизнис или пак во било која компанија во светот.

Зошто е важно да поседуваш сертифицирано знаење?

Сертификатот за стекнатото знаење, како и квалитетот во наставните содржини се двете клучни работи што ја прават Galeksia подобра од останатите избори. Добивајќи потврда од страна на DMI, твоето знаење ќе биде признаено насекаде во светот. Воедно, бидејќи се работи за организација која веќе има изградена висока репутација низ светот, содржините што ги нудат се направени почитувајќи висок критериум за квалитет. 


Доколку одлучиш да работиш на своите вештини и сакаш да станеш дел од групата на успешни сертифицирани дигитални маркетери, можеш да се стекнеш со називот сертифициран специјалист за дигитален маркетинг, како и специјалист за strategy and planning, search marketing, social media marketing и digital and social selling.

Како да станеш професионален дигитален маркетер

Galeksia ти нуди програма која ќе ти донесе огромни знаења во областа на дигиталниот маркетинг, а воедно и за потврда, ќе добиеш глобално признат сертификат.


Pearson VUE се акредитирани сертификати кои претставуваат глобален стандард за полагање по завршената професионална програма. Тие се најголемото и најбезбедното признаено сертифицирано тело за компјутерско тестирање. Штом ја завршиш оваа обука, ќе можеш да станеш дел од тим со врвни професионалци и заедно да работите на креирање стратегии и нивната имплементација.

Што ти нудат програмите на Galeksia?

Додатно, првиот модул на Certified Digital Marketing Professional програмата ги вклучува сите основи на дигиталниот маркетинг и ти помага да го разбереш потрошувачот и неговиот пат, од прв контакт со бизнисот до лојален купувач. Почнувајќи од самите принципи на дигиталниот маркетинг, целите, начините на поврзување со потрошувачот, начините на кои истражуваш онлајн како и културолошкото истражување во поглед на наоѓање правилен таргет.


Сите наредни модули ќе ти помогнат да се стекнеш со знаење што ќе биде светски признато, без да имаш додатен товар за докажување на твоето знаење.


Во текот на останатите програми и модули можеш да научиш повеќе за креирање објави на социјалните мрежи, вклучувајќи внимателно таргетирани платени реклами, како и PPC користејќи Google Ads. Додатно, можеш да се обучиш во доменот на email маркетингот, SEO, креирање на целосна стратегија за дигитален маркетинг или пак видео реклами.


По завршувањето на серијата од сертифицирани обуки, потребно е успешно да го завршиш крајниот испит, по кој ќе се стекнеш со сертификат за дигитален маркетинг. 

Заклучок

Технолошки развиениот свет налага постојано да го следиме темпото на развој и да се адаптираме на динамичната брзина со која движи. Затоа, пожелно е секогаш да се стремиме кон нови вештини што ќе ни нудат повеќе опции на пазарот на трудот, но воедно и ќе ни помогнат да умееме да најдеме начин како нашата идеја да допре до што е можно поголема бројка на луѓе.


Бидејќи интернетот е една огромна платформа до која секој има пристап, а воедно и можност да објавува содржини, мораме да бидеме внимателни доколку сакаме нашите објави да бидат видени.


Доколку сакаш да станеш професионалец во областа на дигитален маркетинг, Galeksia ти нуди квалитетна програма, по чие завршување се стекнуваш со сертификат кој е уважен од институција со голем кредибилитет.


Знаењето што ќе го добиеш, како и доказот за истото, ти нудат безброј опции на пазарот на трудот. По завршувањето на обуката можеш да работиш за компаниите што се нудат локално, како и за други светски компании кои бараат свежи идеи и мотивирани индивидуалци што ќе им помогнат да се креира совршената кампања за социјалните медиуми.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче