Во последните неколку години, надоградувањето онлајн станува се по популарно. Ова е поради тоа што се поголем број на луѓе ги препознаваат придобивките што може да ги донесат посетувањето на онлајн курсеви и предавања.
Ако целиот свој живот сте посетувале часови лице-в-лице, нормално е да бидете скептични за тоа дали онлајн учењето ќе ви овозможи сè што ви е потребно.
Прочитајте го нашето интервју со Марија Тодоровска, студент на Certified Digital Marketing Professional програмата на Galeksia и дознајте ги предностите кои ги нуди онлајн учењето, според неа.
Можеби полесно ќе ја направите вистинската одлука кога станува збор за вашиот професионален напредок.
1. Здраво Марија, најпрвин би те прашала што помисли кога слушна за Online изучување на сериозен курс за дигитален маркетинг?
Здраво, здраво. Прво на кое што помислив кога видов опција за изучување на овој online курс беше – супер, ќе заштедам време, а ќе го добијам квалитетот.
Ја разгледав програмата, вредноста на сертификатот, кредибилитетот на предавачите и веднаш заклучив дека тоа е тоа што го барам.
А, сознанието дека Galeksia е во чекор со времето и нуди современи можности, само ја зголеми довербата.
2. Дали сметаш дека online изучувањето може да биде исто така квалитетно како кога би било остварено во живо?
Апсолутно да!
Секако, главен услов е едукативниот центар да биде добро организиран за овој начин на предавање. Online изучувањето заштедува време, а со тоа енергијата и концентрацијата на предавањата е поголема.
3. Што правиш ти за да останеш мотивирана и проактивна со оглед на тоа дека најчесто учиш во удобна зона, односно од твојот дом?
Кафе, laptop-от во скут и спремна сум. 🙂 Заштедените време и енергија кои инаку би ги потрошила во спремање и пристигнување во предавална, кај мене резултираат со поголема концентрација.
Сепак живееме во ера на дигитализација и online предавања и состаноци стануваат дел од нашето секојдневие.
4. Кои се според тебе позитивните страни на Online учењето?
Сметам дека главна предност е заштеденото време. Ми се допаѓа и тоа што распоредот може да е флексибилен, како и тоа што можам да ја адаптирам работна средина онака како што за мене е најудобно.
5. Како си ти лично задоволна од Online обуката на Galeksia?
Моето искуство со Galeksia e excellent!
Целиот тим е топ организиран, менторите се несомнено со големи познавања од своите сфери и се достапни во секое време за било какви прашања и дообјаснувања. А, морам да додадам дека часовите се доста забавни. 🙂
6. Покрај обуката, колку ти значи тоа што ќе добиеш светски признат сертификат за дигитален маркетинг и кои бенефиции сметаш дека се стекнуваат со истиот?
Вредноста на сертификатот за мене е многу важна, бидејќи отвара многу можности не само на нашиот, туку и на странските пазари на трудот во оваа област.
Сметам дека стекнатото знаење од сертифициран едукативен центар од страна на институт каков што е DMI е врвно, а здобивањето со нивниот сертификат е потврда за успешно стекнатото знаење, која во иднина овозможува да се докажеш професионално.
7. За крај, што би им препорачала на оние кои се двоумат за Online учење?
Најтопло би им препорачала да не се двоумат и да започнат со online учење, бидејќи е лесно, комотно, заштедува време, а и забавно е. 🙂
Направи го вистинскиот чекор кога станува збор за твојата кариера како дигитален маркетер. Уписите се во тек.