Mia Mora – лидер на глобална стратегија за продажба во Google

Денес ќе те запознаеме со уште еден член на Global Industry Advisory Council. Станува збор за Mia Mora, Global Lead за Go-to-Market Sales Strategy, Small Business Program во Google. 


Програмите на DMI кои можеш да ги учиш на Galeksia се креирани со помош на Global Industry Advisory Council. Ова е група на луѓе кои се лидери во светот на дигиталниот маркетинг и се претприемачи, визионери, експерти кои работат во светски компании како Google, Coca Cola, IMB, Facebook, Microsoft.


Со стекнување на Pearson VUE сертификат кој е светски признат, преку твоето стекнато знаење на Galeksia стануваш конкурент во светот на дигиталниот маркетинг.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Mia Mora – Global Lead – GTM Sales Strategy, SMB во Google

Миа Мора е успешна личност која ги споделува своите знаења и согледувања за лидерството и емоционалната посветеност што е потребна за успех во дигиталниот свет.


Таа е остварен лидер за продажба и развој на прозиводи, а во моментов е лидер на глобална стратегија за продажба во Google.


Најпрво како лидер за Product Incubation & Inovation во Google, Миа гради глобален тим за инкубација на производи. Исто така, воспоставува и надворешна платформа за образование и обука, ова ја прави лидер во светот на образование и обука во Google. Со помош на својот иновативен тим ја создаваат и започнуваат првата академија на Google за е-учење, а нејзината иницијатива за нови customer-centric behaviours во Google, носи над 30 билиони долари како ad-revenue од страна на малите бизниси.


Пред нејзиното приклучување во Google, Mia Mora 9 години го ‘учела’ патот на продажбата. Дел од искуството било стекнато преку комуникација и развивање успешни деловни зделки кои што и носат позиција на потпретседател на продажба и информативни услуги во Verizon.


Нејзините перспективи и начин на размислување и помогнале да биде дел од голем број на иницјативи создадени за успех на дигиталниот пазар. 


Миа се залага за напредок во технологијата и за извлекување на најдоброто од овој дигитален свет.


Една од вредностите кои ги поседува е секојдневното вреднување на тимот и тоа што секој индивудален член на тимот може да го допринесе на било кој проект.


Низ интервјуата, Миа секогаш нагласува дека да биде одличен лидер и помогнал фудбалскиот тренинг во своите средношколски денови кој ја научил да биде одличен тимски играч.


Некои од нејзините совети се:

  • Секогаш биди тимски играч;
  • Биди активен слушач и постојана поддршка за тимот;
  • Следи го секој проект и имај во предвид кога треба да превземеш водство;
  • Биди отворен за нови идеи и размислувања.


Mia Mora секогаш советува дека добар лидер и успешен човек треба да знае да го остави своето его на страна и да има глас кој што ќе создава чувство на доверба.


При креирање на стратегии во дигиталниот маркетинг, смета дека визијата и комуникацијата се најважното нешто.  Секоја стратегија треба да започне со имање на ум на главната цел која што ќе се достави како вредност до крајниот потрошувач.


“Комуникацијата за било кој проект или клиент секогаш треба да биде присутна, а секој од членовите треба да добие одредени задачи и признание за истите. Затоа клучни разговори за потребните резултати се секогаш потребни.


Луѓето ќе реагираат подобро ако знаат дека носите одлуки за нивните цели.”

– Mia Mora


Eмоционалната инвестиција е важна во секој проект. Слушање, разбрирање и поставување на прашања треба да бидат дел од секоја дигитална маркетинг стратегија. Ваквиот пристап создава одличен тим кој има визија со која може да резонира.


Програмите на Galeksia можат да ти помогнат да креираш одлични дигитални маркетинг стратегии, успешно да пласираш брендови на дигиталниот пазар и да бидеш во тек со случувањата.


Менторите на Galeksia имаат долгогодишно искуство за модулите за кои предаваат, преку реални примери ќе ти овозможат да го совладаш материјалот и преку знаењето да се стекнеш со сертификат кој е глобално признат.


Дополнително, пристапот до DMI платформата овозможува на дофат да имаш разни алатки, темплејти, е-книги, вебинари и дополнителни кратки курсеви за надоградување.


Дознај повеќе за програмите на Galeksia, уписите се во тек. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче