Приклучи се на заедницата од 100.000+ дигитални маркетери од целиот свет

Да се биде дел од најголемата заедница на професионални дигитални маркетери од целиот свет звучи одлично зарем не?


Со изучување на некоја од програмите на Galeksia добиваш екслузивен пристап до платформата на Digital Marketing Institute која што моментално брои над 110 000 членови.


Секојдневно, членовите споделуваат информации за најновите трендови во светот на дигиталниот маркетинг, поставуваат прашања и споделуваат искуства.


Исто така, има посебни канали каде што секој има можност да сподели информации за себе си, работата коа ја врши во моментот и теми за кои што е заинтересиран за разговор и комуникација со останатите членови.

Welcome to the DMI community


Оваа платформа претставува секојдневно надградуван ресурс на ексклузивни и практични новости за дигитален маркетинг, содржина, веб-обука, алатки, вебинари и курсеви. 


Можноста да се биде во игра и во тек со сите новости е овозможена токму преку оваа комункација на 100k + членови.

Платформата на DMI

Кога ќе се одлучиш за некоја од нашите програми, ќе го добиеш овој ексклузивен пристап до myDMI, иновативната платформа за членство на Digital Marketing Institute


Оваа просперитетна платформа е богат ресурс на постојано ажурирана содржина на дигитален маркетинг и вклучува:


Премиум содржина


Тука спаѓаат стотици блог постови, е-книги, пакети со алатки, разни templates кои можете да ги користите при работа, pеални примери и Case Studies, подкасти и многу повеќе.


Курсеви


Со пристапот до платформата, го отклучуваш и твојот пристап до бесплатни курсеви како што се: CX Essentials, Graphic Design Essentials, Analytics и многу повеќе.

Short courses on the DMI platform



Заедница


Разговор, интеракција, работа и поврзување со глобална заедница на дигитални маркетери преку форумот кој е достапен на DMI платформата.


Континуиран професионален развој


По полагањето за твојот официјален сертификат кој што ќе ти биде глобално признат, ќе можеш да користиш и дополнителни ресурси и курсеви за да заработуваш CPD кредити (Continual Professional Developement) кои што ќе бидат доказ за твоето знаење и следење на се што е ново во светот на дигиталниот маркетинг. 

Континуиран професионален развој


Вебинари


Ќе можеш да се запознаеш и да учиш од врвни индустриски лидери секој месец преку огромно популарните интерактивни вебинари во живо. 


Ќе можеш да следиш вебинари кои ти се важни, да поставуваш прашања и да добиваш конкретни одговори кои ќе ти помогнат во усовршувањето и градењето на кариера како пофесионален дигитален маркетер.

Заклучок

Институтот за Дигитален Маркетинг има 100.000+ членови и алумни низ целиот свет. Освен што ќе научиш дигитален маркетинг, со запишување на Galeksia, ќе имаш можност и да се приклучиш на мрежата на илјадници членови и дипломирани студенти со иста страст кон оваа фасцинантна, модерна дисциплина.


Galeksia има за цел да го подобри стандардот за едукација во нашата земја, кога станува збор за дигитален маркетинг.

Токму ти можеш да бидеш идниот дигитален маркетер кој што ќе ги искорсти сите овие бенефити, ќе се приклучи на оваа глобална заедница и ќе ја изгради својата кариера од соништата.


Уписите се во тек. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче