Дознај како да аплицираш за ваучер до 30.000 ден. за дигитални вештини и да се стекнеш со светски признат сертификат!
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?
- Сите државјани на Република Северна Македонија
- Сите што се на возраст од 18- 29 години
- Сите што имаат завршено најмалку средно образование
ВРЕДНОСТА НА ВАУЧЕРОТ
Вредноста на ваучерот за обука покрива 50% од вкупниот износ на обуката која ќе ја одбереш кај Давателот на обука, но не повеќе 30.000 денари.
Тоа значи дека треба да бидеш спремен да доплатиш за обуката.
ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА ВАУЧЕРОТ?
- едно лице може да добие еден ваучер
- еден ваучер се користи целосно само за една обука
- ваучерот може да го искористи само лицето на чие име гласи ваучерот
- ваучерите можат да се искористат во период од 15 август 2020 година до 15 декември 2020, кај давателот на обуки за дигитални вештини (односно во овој период да ја започнат обуката).
КАКО ДО ВАУЧЕР ЗА ОБУКА?
1. Треба да бидеш регистриран во базата на даночни обврзници – физички лица на Управата за јавни приходи (препорака веднаш)
2. Треба да се регистрираш на Националниот портал за електронски услуги Uslugi.gov.mk со употреба на истото корисничко име и лозинка со кои си веќе регистриран во УЈП (препорака веднаш)
3. Поднесуваш барање за ваучер преку Uslugi.gov.mk, каде ја наведуваш избраната обука за дигитални вештини. Кон барањето приложуваш доказ за завршено најмалку средно образование, односно скенирано во pdf формат: диплома за завршено средно образование, уверение за положени испити, диплома за завршено високо образование. (од 18 јули до 1 август)
4. Министерството за образование и наука на РСМ го доставува ваучерот електронски до твојот кориснички профил на Uslugi.gov.mk. (5 дена после доставеното барање за ваучер)
ДОКОЛКУ ИМАШ РЕГИСТРИРАН ПРОФИЛ НА E-PDD.UJP.GOV.MK
Младите лица кои се регистрирани во базата на даночни обврзници-физички лица на Управата за јавни приходи можат да се регистрираат на Националниот портал за електронски услуги Uslugi.gov.mk со употреба на истото корисничко име и лозинка со кои се регистрирани во УЈП.
Проверката на идентитетот на младото лице при регистрација на Uslugi.gov.mk се врши преку базата на даночни обврзници-физички лица на Управата за јавни приходи, која веќе има извршено проверка и потврда на поврзаноста на физичкото лице со корисничкото име и лозинка.
По потврдувањето на идентитетот на младото лице на овој начин, лицето добива автоматски генерирана потврда во електронска форма. По извршената проверка на идентитетот на младото лице, за истото се создава кориснички профил на Порталот.
ДОКОЛКУ НЕМАШ РЕГИСТРИРАН ПРОФИЛ НА E-PDD.UJP.GOV.MK
Препорачуваме овој профил да го креираш порано и уште сега, за да бидеш спремен да аплицираш за ваучер веднаш штом ќе се објави Листата на обуки.
Младите лица потребно е да се регистрираат во базата на даночни обврзници-физички лица на Управата за јавни приходи.
Регистрацијата се врши на следниот начин:
1. Се пополнува образецот на барањето за регистрација на нов корисник, достапен на следниот линк: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/register.seam НАЧИН НА РЕГИСТРАЦИЈА НА USLUGI.GOV.MK Стр. 3 | 4
2. Пополнетото барање за регистрација ќе биде доставено на електронската адреса наведена во самиот образец, по што истото ќе треба да се испечати и да се поднесе во даночна канцеларија на УЈП, лично или преку полномошник.
3. По доставата на барањето во даночната канцеларија на УЈП, Управата го евидентира младото лице во базата на даночни обврзници-физички лица.
4. Откако младото лице ќе го заврши процесот на регистрација во УЈП на овој начин, може да креира свој кориснички профил на Uslugi.gov.mk со употреба на истото корисничко име и лозинка со кои се регистрирани во УЈП. (види ја претходната точка – За млади лица кои се регистрирани во базата на даночни обврзницифизички лица на Управата за јавни приходи)
ДОКОЛКУ НЕМАШ МОЖНОСТ ДА СЕ РЕГИСТРИРАШ НА USLUGI.GOV.MK ОД ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ
Доколку не е возможна регистрација на Uslugi.gov.mk, на еден од двата начини од претходните точки наведени погоре (пример: заради самоизолација, технички или системски проблеми), младото лице може да биде регистрирано на Uslugi.gov.mk на следниот начин:
1. Младото лице испраќа барање во форма на електронска порака на наменската електронска адреса [email protected], со која управува Министерството за информатичко општество и администрација. Кон пораката задолжително треба да приложи скенирана лична карта или патна исправа и телефонски број за контакт.
2. Доколку барањето е комплетно, Министерството за информатичко општество и администрација спроведува постапка за автентикација на податоците на начин што му се јавува на младото лице на телефонскиот број за контакт со цел да ги потврди податоците од прилозите на електронската порака.
3. Откако ќе ја спроведе автентикацијата, Министерството за информатичко општество и администрација дава дополнителни насоки за физичка идентификација и регистрација на кориснички профил на Порталот, по што тоа може да поднесе барање за ваучер.
4. Со испраќањето на барањето во форма на електронска порака на наменската електронска адреса [email protected] се смета дека младото лице на Министерството за информатичко општество и администрација му дало согласност за обработка на неговите лични податоци.
5. Доколку кон пораката младото лице нема приложено скенирана лична карта или патна исправа и телефонски број за контакт, ќе се смета дека неговото барање не е комплетно. За некомплетните барање Министерството за информатичко општество и администрација нема да ја спроведе постапката за автентикација на податоците, односно нема спроведе чекори кон регистрација на кориснички профил на Порталот.
6. Собраните податоци на наменската електронска адреса [email protected] ќе бидат целосно избришани најдоцна до 31.01.2021 година, согласно Законот за заштита на личните податоци.
Учи од програма одобрена од Google, Facebook, Coca-Cola, LinkedIn, Twitter и IBM други гиганти. Приклучи се на мрежата од 70.000 професионалци од целиот свет
ОСТАНИ ВО ИГРА со обуките на Galeksia:
- Целосна Академија за дигитален маркетинг;
- Специјализирана обука за социјални медиуми;
- Специјализирана обука за Google Ads и SEO;
- Специјализирана обука за дигитална маркетинг стратегија и планирање.
Пополни ја оваа пред-регистрација и ние ќе контактираме со тебе со цел да помогнеме во процесот на апликација. Секој корисник на ваучер ќе добие и бесплатна „Обука за пишување CV и процес на интервју за работа“.
Контакт: +389 70 927 756
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.