Зошто декември е идеален месец за кариерен пресврт?

Многу луѓе веќе знаат дека не се пронаоѓаат во својата моментална работа позиција, или пак сметаат дека ја надминале. Можеби е време да си ги разјасниш сите твои двоумења околу започнување на нова, возбудлива кариера. Токму месец декември е одличен месец да го направиш тоа!


Направи pros и cons на твоите моментални работни задачи и твојата моментална кариерна ситуација и одлучи се да се надградиш на професионален план. 


Твоите одлуки во месец декември можат да бидат отскочниот чекор кој ќе ти овзможи кариерно да напредуваш во новата 2021 година.


Доколку  размислуваш за кариера во дигитален маркетинг, време е да размислиш и за овие прашања: Зошто го сакам ова? Зошто мислам дека со оваа нова кариера професионално ќе напредувам? Кои можат да бидат лошите страни или ризиците?


Понекогаш, поминувајќи низ овие едноставни прашања, сфаќаш дека треба да го превземеш чекорот кон кариерата која што одсекогаш си ја посакувал.


Времето некогаш како да лета, претходната новогодишната ноќ како да беше вчера, а веќе се ближи новата. Таа вечер ја дочека 2020 година со многу амбициозни цели. Твојот план можеби беше едноставен, но не многу од тоа што го имаше на ум се оствари.


Затоа, не двоуми се да инвестираш во обука која што ќе ти овозможи брзо да се искачиш на кариерната скала. Време е да ја смениш играта, а следењето на овие неколку едноставни чекори може да ти помогне да го направиш планот за твојот кариерен пресврт во годината која што доаѓа.

Скокни во 2021-ва како шампион!

Чекор 1 – Самоевалуација


Направи самоевалуација на изминатите 11 месеци. Признај си ги сите достигнати цели, но и пречки со кои што се соочи.


Сега е време да поставиш мерливи цели за наредните шест месеци. Што сакаш да постигнеш? Дали твојата цел е реална? Кои други аспекти од твојот живот треба да ги факторираш? 


Како да дојдеш до вистинската едукација за да изградиш кариера и да се стекнеш со релевантно знаење од дигиталната маркетинг индустрија?


Доколку последново прашање те заинтригира, продолжи кон вториот чекор.


Чекор 2 – Направи го првиот чекор и информирај се!


Кога си побилску до утврдување на твојата цел, твојата мисија станува се појасна!


А за да откриеш од каде да започнеш се што треба е да закажеш состанок еден на еден со некој од тимот на Galeksia, да му ги поставиш сите прашања кои што те засегаат и потенцијални проблеми кои сметаш дека ти стојат на патот до твојата кариера како дигитален маркетер.


Контактирај не и дознај кои се можностите за финансирање. Избери ја твојата дестинација, ние ќе го испланираме твоето патување и ќе ти помогнеме да ја лансираш твојата кариера во сферата на дигиталниот маркетинг!

Чекор 3 – Време е да го активираш твојот план!


Одлучи се дека во 2021ва ќе бидеш фокусиран. Запиши се на некоја од програмите на Galeksia до крајот на годината и напреви го последниот чекор за успех во 2020.


Потоа, во новата година, подготви се да нурнеш длабоко во светот на дигиталниот маркетинг и да им дозволиш на нашите ментори да те едуцираат за успех!


Освен што ќе учиш од програма креирана од светски дигитални маркетери, ќе имаш можност да се поврзеш со студенти кои исто така се на пат да постигнуваат големи победи на професионален план!


Ќе најдеш инспирација во сите нови вештини што ќе ги совладуваш и ќе се стекнеш со сертификат кој што ќе те стави во центарот на вниманието!

Оствари го твојот кариерен сон!

Она што го добиваш како студент на програмата на Galeksia е:

  • Учење од програма креирана од IBM, Google, Coca-Cola, Facebook, LinkedIn;
  • Бесплатни работни материјали и дополнителни кратки, бесплатни курсеви;
  • Пристап до ментори кои ќе ти помогнат да ги совладаш вештините;
  • Ваучер за полагање на Pearson VUE сертификат;
  • Пристап до глобалната платформа на Digital Marketing Institute;
  • Работа на реални проекти за нашите Learning Partners;
  • Можност за вработување или пракса кај нашите Learning Partners по завршувањето на обуката.


Не одолговлекувај повеќе и направи го вистинскиот чекор за кариерен пресврт!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче