2020 година беше тест за повеќето бизниси и работни позиции како и за нивната можност за прилагодување. Годината што измина принудно го смени бизнис светот и многу работи доживеаа дигитална трансформација.
Веќе сме во новата 2021-ва година, со која што ќе се соочиме со нов тест: каков пост-пандемиски свет ќе изградат бизнисите и што е она што нè очекува?
За ова прашање, разговаравме со менторите на Galeksia кои ги споделија своите мислења и идеи. Прочитај што тие мислат дека ќе ја дефинира годината што претстои, каде е местото на дигиталниот маркетинг во иднина и што е она што можеш да го очекуваш business-wise.
2020 ни покажа што значи да имаш познавање од дигиталниот свет и зошто е тоа многу важно
Сара Стојковска – ментор за модулот Google Analytics
Пребрзиот раст и развој на технологијата, помогна на многу startup компании, како и на многу индивидуалци. Голем замав зема и freelance кариерата, односно индивидуалната („хонорарната“) кариера. Со самиот развој на овој вид на работа, побарувачката за учење на нови дигитални вештини зема уште поголем замав. Статистиките покажуваат дека малите курсеви и големите академии за дигитален маркетинг се предводници во обуките и пренесувањето на знаење.
Изминатава година, 70% од бизнисите чиј модел се сведуваше само на офлајн присутност, го пренасочија моделот во онлајн. Околу 50% по завршивањето на надограбата во светот на дигитализацијата отворија свои мали бизниси. 2020 ни покажа што значи да имаш познавање од дигиталниот свет и зошто е тоа многу важно, а слободно можам да кажам „зошто зависиме од тоа“ како поединци, а потоа професионалци и бизниси.
2020 нè научи сè што сме имале пропуштено во изминатите 10-15 години од рапидното развивање на технологијата. Најважно, 2020 ни покажа дека ова е само почеток.
Каква е блиската, а каква е далечната иднина за дигиталниот свет?
Не треба да напоменувам дека сме опкружени со технологија, самите ние знаеме дека во едно домаќинство има во просек 3 лаптопи и 4 телефони но, како ги користиме? Дали го користиме нивниот потенцијал максимално?
Наредниот период 2021-ва и 2022-ра година, треба да го искористиме мудро и да го посветиме на изучување на дигитални вештини.
Во однос на дигиталниот маркетинг и потребата од квалитетно знаење и сертифицирање за оваа наука, ќе ја поделам во три категории:
1. индивидуалци – кои немаат предзнаење;
2. професионалци – кои имаат предзнаење и искуство и
3. компании – во развој или стабилни компании со целосни маркетинг сектори.
Зошто е потребен за индивидуалци кои немаат предзнаење?
Дигиталниот маркетинг како наука и правец, не ти дава само техничка подготвеност или само теоретстка подготвеност за таа област. Дигиталниот маркетинг е тесно поврзан со бизнис и претприемништво. Дигиталниот маректинг за мене е најголемата инспирација за создавање на еден бизнис.
Дигиталниот маркетинг е поткрепа за добивање правец во професионалниот свет, односно ако учите дигитален маркетинг не значи дека со тоа ќе се занимавате, ама сигурно значи дека ќе создадете нешто свое и ќе знаете како тоа да го пласирате.
Зошто е потребна сертификацијата на професионалците кои имаат искуство во овој свет?
Акредитирана сертификација е нешто што ве двои од останатите. Да, ова е клише, меѓутоа размислете вака:
„Веќе сите завршуваат курсеви, се надоградуваат на академии за дигитален маркетинг; Што е тоа што мене ме издвојува од нив за да можам да конкурирам на пазарот на труд?“
– Светски признат сертификат, креиран и поддржан од највисоките тела во дигиталниот маркетинг, меѓу кои се AMA (American Marketing Association) и Pearson VUE како сертифационо тело кое издава сертификати повалидни од некои факултетски дипломи.
Зошто е потребен на малите и големи компании?
Ајде прво зошто на помалите? – За да се пласирате правилно на пазарот, во оваа голема конкуренција, дефинитивно треба да имате добра подлога и стратегија, како би се издвоиле или во најмала рака би го фалите вистинскиот ниш за вас. Сертифицирање во областа на дикитален маркетинг, значи да си во тек со светските трендови. Ако се сертифицира барем еден член од маркетинг тимот ветува светла иднина на целиот тим и бизнис.
Зошто на големите компании? – Големите компании располагаат со големи буџети, повеќе видови на продукти и услуги, како и големи маркетинг тимови. Тие тимови имаат 1 до 3-ца менаџери кои е пожелно да имаат познавање во секоја област од дигиталниот маркетинг. Сертифицирани маркетинг менаџери, значи правилно и навремено стратешко поставување и буџетирање.
Зошто Google Analytics?
Вашиот бизнис не завршува со конверзија на вашиот вебсајт – вашиот бизнис е многу повеќе од тоа. Целата анализа и поставеност на метриките, нивното читање и интерпретирање можат да го доведат бизнисот над максималната профитна точка.
На овие броеви се базира идејата, стратегијата и предвидувањето на трендовите за вашата публика. Едно од подобрите нешта што можат да му се случат на вашиот онлајн бизнис/вебстрана е Google Analytics!
Не постои сомнеж дека дигиталните професии имаат и ќе имаат раст
Теодор Јосифовски – ментор за модулите SEO, PPC with Google Ads, Google Display & Video Ads, Website Optimization
Ако треба да кажам што носи иднината, секако дека не знам. Овој бран на work from home малку ја забрза дигиталната трансформација на светот. Излегоа многу нови можности за заработка преку онлајн бизнис или преку дигитален маркетинг.
Ми се чини дека веќе секој има по некоја идеја. Во вакви времиња убаво е да се има сертификат, а уште поубаво е да се има знаење.
Professiona Diploma in Digital Marketing – програмата од DMI која ја има преземено Galeksia, нуди пред се добар вовед во различни видови на дигитален маркетинг. Погодна е за поедници кои сакаат да пробаат, за статапи кои сакаат да се пробијат сами, а и за компании кои сакаат да го максимизираат нивниот потенцијал во дигиталниот свет.
Не постои сомнеж дека дигиталниве професии имаат и ќе имаат раст, така што ако имате некоја дигитална идеја – инвестирајте во знаење за да ја реализирате правилно.
Дигиталните вештини се дефинитивно a must have ако сакате да креирате и развиете успешен стартап
Теодора Филовска – ментор за модулот Introduction to Digital Marketing
Изминатата година забележавме огромен раст во дигитализацијата на компаниите. Со тоа, побарувачката на дигиталните вештини се зголеми брзо и енормно. Во оваа и идните години, сигурна сум дека се повеќе ќе расте побарувачката, а особено во делот на дигитален маркетинг, бидејќи имаме се повеќе компании кои ја разбираат потребата за дигитализација на нивните бизниси, а со тоа и поставување и реализирање на дигитални маркетинг активности.
Ако направиме анализа на најуспешните стартапи од минатите неколку години, ќе забележиме дека најголем дел од нив го имаат развиено својот бизнис токму он-лајн, без разлика дали ги искористиле дигиталните канали за промоција, продажба или креирање на заедница. Дигиталните вештини се дефинитивно a must have ако сакате да креирате и развиете успешен стартап.
Он-лајн комуникацијата и продажбата не е новитет. Но она што е ново е брзината со која голем број на луѓе од целиот свет се прилагодија на он-лајн начинот на комуникација. Сите алатки кои се користат за реализација на личните и професионалните цели, ни покажаа уште еднаш дека дигиталниот свет се менува и расте со брзина на светлината, а во него можат да успеат само оние кои континуирано ќе го надградуваат своето знаење.
Јас го предавам модулот Основи на дигитален маркетинг од програмата за Professional Diploma in Digital Marketing. Она што најмногу го сакам кај овој модул е што ми дозволува да им прикажам на слушателите колку позитивна разлика може да направи дигиталниот маркетинг пред сè како занимање, а потоа и за развојот на компаниите.
На нашите програми учествуваат и почетници, но и сопственици на компании или луѓе кои веќе работат во полето на дигитален маркетинг. Прекрасно е кога можеме да развиеме дискусија во која и самите учесници споделуваат колку позитивно влијание донеле дигиталните активности за нивниот бизнис, а секако и за личниот развој.
Најдобрата инвестиција која може да ја направи секоj, не само во 2021-ва туку и било кога за својот личен развој, е да инвестира во своето знаење.
Интернационалната едукација придружена со глобално призната сертификација на широко ги отвора вратите на секоја индивидуа, компанија или тим. Свесни сме дека голем дел компании пропаднаа поради неможноста да одговорат на брзите дигитални промени, што значи дека на пазарот се потребни и компании но и индивидуалци кои се подготвени да им помогнат на овие компании да се дигитализираат.
Дел од нашите партнери со кои соработуваме веќе ја донесоа правилната одлука за едукација на нивните вработени. Драго ми е да го споделам успешниот проект со Божиновски Часовници и Накит на кој учествуваа вработените од компанијата, но исто така и други учесници на нашата програма. Имавме и сеуште имаме одлична соработка која верувам ќе продолжи и во периодот што следи.
Мината година за прв пат кај нас претставивме интернационална, светски призната програма за дигитален маркетинг, која им овозможува на учесниците/студентите да се стекнат не само со знаење, туку и со практични вештини за дигиталниот маркетинг, а притоа да се стекнат и со глобално признат сертификат. Сè што треба е волја и желба за учење, а програмата на Digital Marketing Institute и ние како ментори ќе се погрижиме за сите кандидати да се стекнат со вештини кои веднаш ќе може да ги употребат.
Оваа година ќе биде дефинитивно година на уште поголеми промени во бизнис окружувањето. Се повеќе индивидуалци и компании ќе ја сфатат потребата од дигитални вештини и позиционирање на пазарот за дигитален маркетинг, а со тоа верувам дека ќе настане еден глобален пораст на квалитетот и нивото на кое функционира дигиталниот свет.
Во 2021-ва очекувам поголема подготвеност на врвното раководство на секоја компанија во однос на вештините и знаењата за дигитален маркетинг
Михаил Китановски – ментор за модулот Digital Marketing Strategy
2021 ќе биде интересна и би рекол, предизвикувачка година од апсект на побарувачката на дигитален маркетинг. Секоја компанија или поединец ќе мора да го унапреди знаењето и вештините за дигитален маркеинг бидејќи ‘’новото нормално’’ полека се претвора во ‘’дигитална оnline сегашност’’ и речиси сите иновации/стартапи започнуваат со дигитален маркетинг.
Трендовите се поврзани со, според мене, два клучни иновативни правци:
- Using Data to Drive Individualized Insights;
- Business Emotions Online and Their Influence on Community Life
Фактички, имплементација на маркетинг стратегија претставува имплементација на дигитална маркетинг стратегија. Мое мислење е дека барем еден вработен од секоја компанија треба да има сертифициран професионален дигитален маркетер – не поради сертификатот или дипломата, туку поради генералните предиспозиции и знаења за маркетингшките ориентации на компанијата во која е вработен.
Инвестицијата за барем еден (или повеќе) вработени како сертифицирани дигитални маркетери ќе биде вратена во многу краток рок, согласно од обимот на продажбата, но и од и брзината на пласирање на вистинската информација на интернет, рекурзивно.
Младите луѓе сè повеќе ја гледаат иднината во дигитален маркетинг и многу често сонуваат да бидат ‘’забележани’’ на интернет преку своите дела, како на пример: содржини, слики, анимации, кодови, па дури и кампањи. Со една реченица, сакаат својата желба за успех да ја остварат преку дигитален маркетинг, која реално им е на дофат – само е потребно учење и инвестиција во себе.
Во 2021-ва очекувам поголема подготвеност на врвното раководство на секоја компанија во однос на вештините и знаењата за дигитален маркетинг. Затоа ги охрабрувам сите заинтересирани активно да работат на своето знаење од сферата на дигитален маркетинг и да запишат барем една сертифицирана програма во Galeksia.
Дигитализацијата оди само напред, за да можеш да си во чекор мораш да се стекнеш со дигитални вештини кои ќе ти помогнат во тоа
Ивана Јовановска – ментор за модулите Social Media Marketing, E-mail Marketing
Мислам дека во изминативе години се повеќе порасна потребата и побарувачката за дигиталните вештини. Со ситуацијата која се случуваше периодов уште повеќе се виде моќта на дигитализацијата.
Секојдневно има се повеќе и повеќе нови иновации и стартапи. Клучниот дел е да има уникатност, да се процени потребата за тоа што се нуди и секако да се искористат сите потребни дигитални вештини. Во денешно време ако не си присутен на интернет е скоро исто како да не постоиш.
Модулите кои ги предавам се Social Media Mаrketing и Email Marketing. Како и трендовите општо во дигиталниот маркетинг, така и во овие модули трендовите се менуваат на дневно ниво. Клучното нешто кое мора да се задржи и е тренд кој не умира е да се користи двонасочна комуникација, насока кон луѓето кон кои се обраќате, користење на авотматизации за унапредување на процесите..
Дигитализацијата оди само напред, за да можеш да си во чекор мораш да се стекнеш со дигитални вештини кои ќе ти помогнат во тоа.
Како што веќе кажав, ако не си на интернет, не постоиш. Мислам дека особено минатиов период сè повеќе се виде потребата за квалитетен кадар кој се разбира и поседува дигитални вештини. Инвестирањето во вработените во насока на обука на ова поле е една од најпаметните одлуки која може да се донесе, без разлика да ли се работи за мал бизнис или голем.
Со поголемата побарувачка за дигитални вештини, пазарот е презаситен од курсеви и понуди за обучување на дигитални вештини. Клучниот дел е да се одбере вистинската која навистина ќе те насочи и ќе ти помогне да успееш во светот на дигиталниот маркетинг, а тоа е без сомнение Galeksia.
Дигиталниот маркетинг во наредните 5 години ќе стане дел од основите во дигитализацијата. Ако го погледнеме брзиот развој на настаните, може да заклучиме дека дигиталниот маркетинг ќе биде основа и ќе стане дури и задолжителна наука, која ќе бара основни познавања за користење на социјални медиуми дури и за приватни цели.
Стани и ти сертифициран дигитален маркетер. Уписите на Galeksia се во тек.