Дигитална трансформација на твојот бизнис

“It is not the strongest of the species that survives, nor the most intelligent that survives. It is the one that is the most adaptable to change.” – Charles Darwin

 

Ние сме тука за да ти помогнеме во процесот на адаптација и реализирање на твоите деловни цели!

 

Заштити го твојот бизнис од непредвидени околности!

Што е дигитална трансформација

Кога размислуваш за дигиталната трансформација, имај на ум дека е поврзана и се однесува на луѓето, а не на технолошката моќ.

 

Нашата програма е креирана од светски експерти, со цел да ти помогне да изградиш интерен тим кој континуирано ќе работи на креативни решенија за раст.

 

На територијата на нашата земја, многу малку компании знаат да го искористат вистинскиот потенцијал на дигиталниот маркетинг. Искористи го ова во твоја полза и стани лидер на промените!

Зошто ти треба дигитална трансформација?

58%
од компаниите не можат да најдат доволно стручен и подготвен кадар за дигитален маркетинг.
70%
од големите компании се изјасниле дека нивните дигитални маркетери се добри во одредени маркетинг сегменти, но неподготвени во други.
23%
од целиот кадар за маркетинг и продажба ја има способноста да ги донесе резултатите поставени од бизнисот.
19%
од организациите во Европа овозможуваат основен дигитален тренинг на нивните вработени.
ЗАПОЧНИ ЈА ТВОЈАТА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ДЕНЕС

Ние ќе ти помогнеме да направиш дигитална трансформација

Galeksia има за цел да им помогне на бизнисите да ја максимизираат продажбата и заработката и да направат дигитална трансформација. Сертифицираните едукативни програми на Galeksia ќе ти овозможат да бидеш спремен за трансформација на дигиталното присуство на твојот бизнис со фокусирање на стратегијата, културата, и на самите вработени во твојата компанија.

 

Да се најде маркетер со потребните вештини е исклучително тешко, особено во нашата држава. Но, со нашата програма ќе создадеш професионални маркетери од твојот веќе постоечки тим.

Запиши ги твоите вработени на сертифицирана програма за дигитален маркетинг

Со сертифицираните програми за дигитален маркетинг овозможени од Galeksia, а поддржани од Digital Marketing Institute, твоите вработени ќе станат професионалци во дигиталната индустрија. Ќе се стекнат со релевантно знаење од програми креирани од лидерите во индустријата на дигиталниот маркетинг, и практично ќе ги научат клучните вештини потребни за заедно да ја направите дигиталната трансформација во компанијата.