Продажба на Instagram: Што треба да знаеш?

Влијанието на социјалните медиуми во секој аспект од нашето секојдневие е евидентно. Со експанзијата на интернетот, секој бизнис сака да ги насочи своите цели кон продавање преку интернет. Најлесен начин да се почне е токму преку Инстаграм, дури и ако немате веб страна.


Според истражувањата, во 2017-та година имало околу 4 милијарди корисници на интернет. Од нив околу 3 милијарди користат социјални медиуми, а 1 милијарда имаат свој акаунт на Инстаграм.


Инстаграм е платформа која првично беше креирана како платформа за споделување на фотографии, но со нејзиниот раст токму ова споделување на визуелна содржина ја направи една од најпопуларните социјални медуми. 


Создадена е така што луѓето брзо и лесно можат да гледаат и споделуваат фотографии од својот мобилен уред. Поради ова бројот на корсници секојдневно се зголемува, што ја прави добра платформа за пласирање на некој производ или услуга.


Доколку сакате да дознаете повеќе за тоа дали и како можете да ги искористите придобивките на Инстаграм за пласирање на вашите продукти или услуги прочитајте го останатиот дел од овој блог текст.  

Продавање на Instagram

Доколу вашиот бизнис продава материјални производи, Инстаграм може да биде еден од најефикасните алатки при маркетирање и продажба на производите.


Постојат неколку клучни причини за тоа, но најглавните причини се лесниот приказ на производите, комуникацијата со клиенти и потенцијални киенти. 


Инстаграм е одлична платофрма за секој бизнис, дури и ако се работи за некој тип на услуга и потрошувачите нема да можат директно да купуваат преку платформата.


Ако производот може да се нарача и испрати до клиентот, Инстаграм е една од најефикасните алатки преку која можете да го направите тоа. Посебно поради тоа што бизнисите фокусирани на продажба на производи имаат клучна предност на Instagram наспроти оние што нудат услуги.

Правилно таргетирање на публика

Различни социјални медиуми имаат поголем број на корисници од различни возрасни групи. Ова треба да го земете во предвид доколку планирате да продавате преку Инстаграм платформата.


На пример, возрасната група на луѓе која што е позната како Baby Boomers се наоѓа првенствено на Facebook.


Од друга страна, помладите возрасни групи како Millennials и Gen Z повеќе користат Инстаграм. 


Најголемиот процент од луѓето кои што редовно користат Инстаграм се на возраст од 18 до 35 години, односно 65% од корисниците на оваа платформа спаѓаат во оваа возрасна категорија.

Изградете бренд и бидете препознатливи

Доколку сакате да ја зголемите продажбата, добра инвестиција би била инвестицијата во квалитетни и професионални фотографии од вашите производи.


Со самото тоа што спомнавме дека Инстаграм е визуелна платформа, нормално дека мнозинството на корисници позитивно би реагирале кон естестски убава или впечатлива фотографија.


Некои од најуспешните бизниси на Инстаграм го достигнаа својот успех преку создравање на привлечни слики кои што го задржуваат вниманието на корисниците.


Преку оваа платформа имате можност да ги покажете вашите производи од секој агол и навистина да ги објасните предностите при нивното користење. 


Треба да се земе предвид користење само на одредени бои и фонт кој што ќе биде препознатлив и карактеристичен за вашиот бренд.


Исто така, добро би било да почнете и со креирање на видеа од продуктите или да ги охрабрите вашите клиенти да креираат содржина, доколку се задоволни од вашите производи. Преку видеата, потенцијалните клиенти ќе имаат можност да видат како навистина одреден производ функционира. 

 

digitalen marketer so svetska kariera

 

Креирање на содржина

Иако Инстаграм е визулена платформа, тоа не значи дека не треба да имате соодветна стратегија кога станува збор за креирање на релевантна содржина.


Дали ќе користите специфични хаштагови за вашиот бренд? 


Една работа за која треба да бидете свесни е неодамнешниот потег на Инстаграм со кој луѓето имаат можност да следат хаштагови. Ова значи дека со одредени хаштагови, имате поголема можност да стекнете органски следбеници, но може да имате и поголема конкуренција.


Дали да вклучите инфлуенсери?


Дали партнерство или колаборација со инфлуенсери е добар потег за вашиот бизнис и производите што ги нудите?
Има многу луѓе на Инстаграм чии постови се доста видливи, што би го направиле вашиот бренд видлив и би ви донело нови следбеници.


Дали да се одлучите за различни натпревари и акции на вашиот бизнис профил?


Има многу начини на кои поразлично и креативно можете да направите вашиот бренд да се истакнува.


На кој начин ќе го направите ова, која стратегија и планирање треба да го вклучите можете да дознаете на програмата за Certified DMI Specialist – Strategy and Planning. Правилното планирање и вистинската маркетинг стратегија можат да направат чуда за да ги заинтересираат луѓето за вашиот бизнис.

Користење на потенцијалот на Instagram

Многу од бизнисите кои се присутни на Инстаграм, не го користат целокупниот потенцијал на оваа социјална мрежа.


Освен традиционалниот начин на прикажување на вашите производи на feed, добро би било да креирате и понуди на производи преку опцијата Instagram Stories.


Ова е добра практика, бидејќи доколку некои од вашите потенцијални клиенти не го видат вашиот пост, можеби при листање на Stories ќе се заинтересираат за производот. 


Со правилен дигитален маркетинг, Instagram Stories може да биде одличен за продажба на производи. Доколку сакате да научите многу повеќе, програмата на Galeksia за Certified DMI Specialist – Social Media Marketing може да ви помогне успешно да владеете со Инстаграм и останатите социјални медиуми.

Креирање на бизнис профил

Креирање на бинис профил на Инстаграм претставува еден вид на интерактивна, модерна визит-картичка.


Овој вид на профил обезбедува подобро маркетинг искуство за вас како сопственик, но и полесно им помагана клиентите да стапат во контакт со вашиот бизнис.


Во споредба со личниот профил на Инстаграм, ваквиот тип на бизнис профил нуди голем број на бесплатни функции кој обичниот корисник ги нема.


Можете да додадете категорија во која спаѓа вашиот бизнис, деловна адреса, веб страница, телефонски број но и да имате пристап до аналитика преку Instagram Insights.


Преку Instagram Insights можете да дознаете повеќе за луѓето кои го следат вашиот бизнис профил и поуспешно да ги реализирате вашите бизнис цели.  


Исто така, ако веќе имате Facebook профил, со овој тип на бизнис-профил ќе можете да ги синхронизирате вашите страници. Ова значи дека ќе биде полесно да ги користите сите достапни функции, да го зголемите вашето присутво на социјалните медиуми и да станете препознатливи како бренд. 

Платени реклами

Никогаш не го заборавајте влијанието кое го имаат платените реклами. При креирање на бизнис профил, сè уште ќе треба да ги натерате луѓето да обрнат внимание, односно да го посетуваат вашиот профил.


Добрите фотографии, таргетираната публика и одредениот буџет за рекламирање на самиот Instagram целокупно преставуваат добитна комбинација која ќе ви донесе позитивни резултати. 


Со насочување на одредени промоции на избрана демографија, можете да ја направи вашата инвестиција во платеното рекламирање и повеќе од исплатлива. Ова само ќе ги надоврзи вашите напори за развој на органско ширење на вашиот бренд на социјалните медиуми.

Заклучок

Доколку се одлучите за креирање на бизнис профил на Инстаграм, треба да направите соодетна стратегија која што ќе ви овозможи непречено продавање и профит.


Секогаш погрижете се да ги презентирате вашите производи во најдобро светло, креирајте интересна содржина согласно со вашата таргет публика и не заборавајте на моќта на платените реклами. 


Научете како да ги искористите предностите на дигиталниот маркетинг и придобивките што ги нудат социјалните медиуми со учење на некоја од програмите на Galeksia.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче