Позитивна трансформација со квалитетна едукација

Неколку работи во нашите животи се драматично променети во текот на кризата со COVID-19. Од седење дома, финансиски непогоди и неизвесност за тоа дали ќе може успешно да се прилагодиме на промените, па се до наоѓање начини како продуктивно да го поминеме времето дома. 


Глобално, сите се обидуваат да се справат со брзата ескалација околу ширењето на вирусот. Влади, поединци и бизниси се борат да најдат начини да ги намалат штетите и да ја зголемат продуктивноста.


Вонредната ситуација доведе до потреба да се стекнеме со вештини кои ќе ни овозможат да ја прилагодиме својата работа и да ја извршуваме од дома.


Професијата во Дигитален Маркетинг овозможува знаење и флексибилност кои што ќе ви помогнат да останете во игра.


Како компанија, размислувавме за тоа какви активности да преземеме, како да бидеме корисни и да им помогнеме на сите кои што се заинтересирани за светот на Дигиталниот Маркетинг. 


Бидејќи се докажа дека вештините поврзани со Дигитален Маркетинг можат секојдневно да се применуваат од сите поединци, тимови, од компании во различни индустрии, како и од луѓето кои сакаат да напредуваат или да најдат работа, ние како компанија се одлучивме на чекор кој што ќе и помогне на заедницата и на сите оние кои сакаат да ја променат или унапредат својата кариера.


Нашата цел е да им дадеме подобра можност на сите да го направат вистинскиот чекор, затоа нашата early bird понуда нуди 40% намалување од редовната цена на програмата за Certified Digital Marketing Professional. 


Како одговорна компанија, сакаме да го охрабриме и олесниме учеството во дигиталниот свет на сите кои што се подготвени за напредок.

 

stani digitalen marketer


Со Galeksia се зголемува квалитетот на едукација во полето на Дигитален Маркетинг во нашата земја.


Исто така, се надеваме дека со нашите сертифицирани програми ќе го поттикнеме професионалниот развој на индивидуалци и компании како целина. 


Свесни сме дека во време кога целата економија се наоѓа на стаклени нозе, инвестирање во квалитетно образование е уште потешко. Се надеваме дека со нашето намалување на цената за програмата Certified Digital Marketing Professional ќе ви помогнeме на сите да ја направите вистинската одлука кога станува збор за квалитетна едукација.


Доколку активно барате работа, сакате да напредувате во компанијата во која што работите, или пак сте сопственик на фирма, не се двоумете да инвестирате во онашто ќе ви овозможи да бидете присутни во дигиталниот свет и да ја направите потребната дигитална трансформација. 

Во цената се вклучени:

  • Сите часови за програмата кои што непречено ќе се спроведуваат онлајн додека трае вонредната состојбa;

  • Сите потребни материјали за непречено совладување на материјалот;

  • Комуникација со менторите и нивна достапност во секое време;
  • Пристап до платформата на Digital Marketing Institute каде што ќе можете да најдете дополнителни алатки, вебинари, кратки курсеви и да комуницирате со над 57.000 професионалци од светот на Дигиталниот Маркетинг кои учеле од програма креирана од светски експерти;
  • Ваучер за полагање на Pearson VUE сертификат кој е признат секаде во светот. 


Многу едукативни центри и бизниси низ светот прифатија да профитираат од пандемијата. Ова е и повеќе од погрешно. Нашето намалување во однос на постојниот модел на цена е сведен на максимум. Ова го правиме со цел да им помогнеме на компаниите и индивидуалците кои нема да дозволат вакви ситуации да ги стават нивните кариери и целокупна иднина на пауза.


Сите ние треба да бидеме проактивни додека трае ова предизвикувачко време, затоа ги воведовме и бесплатните вебинари за кои што вие самите ја одредувате темата и поставувате прашања за она што ве засега. Доколку не сте запознаени, можете да дознаете повеќе за вебинарите на нашите социјални медиуми.


Ние сме посветени на обезбедување постојана поддршка и ќе продолжиме да се обидуваме да го направиме она што веруваме дека е правилно. 


Нашата надеж е дека со ова, не само што ќе ја направиме нашата програма подостапна, туку и ќе помогнеме да поставиме пример, кој се надеваме дека ќе го следат повеќе бизниси. Сега е време да размислувате на долгорочен план. Одлучете се за програма која што нуди беспрекорен квалитет и стекнете знаење што ќе ви овозможи кариера за која што отсекогаш сте сонувале. 


Вие избирате дали ќе ја искористите оваа криза како можност да се стекнете со нови вештини и непречено да напредувате на професионален план. 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче