Larry Kim – Еднорогот во светот на дигиталниот маркетинг

Продолжуваме со запознавање на Global Industry Advisory Council на Digital Marketing Institute. Доколку не стигнавте да го прочитате блог постот за Neil Patel, ѕирнете го тука.


Со помош на Global Industry Advisory Council на Интитутот за дигитален маркетинг, креирани се квалитетни програми кои ги рушат највисоките стандарди за квалитетна едукација во полето на дигиталниот маркетинг.


Galeksia овозможува квалитетна едукација преку сертифицирани предавачи и преку создавање повисоки стандарди и практики и во нашата држава.


Global Industry Advisory Council навистина се состои од лидери во светот на дигиталниот маркетинг, таков пример е и Larry Kim. Денес кратко ќе ви го преставиме овој член на Global Advisory Council.

 

digitalen marketer so svetska kariera

 

Larry Kim – Креаторот на Mobile Monkey


Larry Kim е познат по тоа што е основач на MobileMonkey. За својата креација вели дека увидел дека само преку чат-бот, клиентите ќе можат секогаш брзо и навремено да добиваат поддршка, а бизнисите полесно да комуницираат.


MobileMonkey е основана со цел да му даде можност на пазарот да се поврзе со клиенти користејќи го Facebook Messenger, најпопуларната апликација за мобилни разговори, што ја користат огромен број на луѓе секој ден.


MobileMonkey е лесна за употреба и e бесплатна платформа за градење чет-ботови за локален веб-разговор, СМС и Фејсбук маркетинг на Messenger, за чие користење не е потребно кодирање.


Лери Ким е основачот и извршниот директор на MobileMonkey. Оваа платформа останува најдобрата светска маркетинг платформа на Facebook Messenger. 


Тој е познат експерт за маркетинг не само преку чат-ботот, туку и со претпримеништво и основање на успешни компании. Преку споделувањена своето искуство, Лери се рангира меѓу топ 10-те најпопуларни автори на Медиум

WordStream – Првата инвестиција на Larry Kim

Лери е исто така основач и поранешен извршен директор на WordStream. Оваа компанија е водечки снабдувач на успешно креирање платени реклами и клучни зборови користени од над еден милион луѓе на светскиот пазар.


Компанијата има повеќе од 300 вработени и управува со милијарди долари потрошени реклами во име на десетици илјади клиенти.


WordStream беше продадена од Лери Ким за 150 милиони долари во јули 2018 година.

Придонесите во дигиталниот маркетинг


Лери верува во активно учество во дигиталната маркетинг заедница, токму затоа е избран да биде дел од Global Industry Advisory Council на DMI.


Секоја година, Larry Kim зборува на голем број на конференции низ целиот свет и активно го споделува своето стекнато знаење преку искуството низ годините.


Тој, исто така, ги споделува своите знаења и како автор на широко читани маркетинг публикации, вклучувајќи го и блогот на WordStream. Автор е и на блог постови за Moz и Buiness Insider.


Како експерт во областа на чат-бот маркетингот, PPC (Pay-per-click), AdWords, Facebook Ads и SEO, како и за претприемништво и start-ups, читање на неговата содржина секогаш носи позитивни резултати.

Името на Лери Ким секогаш ќе се поврзува со еднорозите

Што значи терминот еднорог за дигиталниот маркетинг? 


Лери вели дека магарињата можат да се најдат почесто, но еднорогот претставува уникатна реткост.


Кога станува збор за дигитални маркетинг кампањи, повеќето напори даваат мала награда. Сè што е во оваа област, е магаре.


Но, одвреме навреме наидувате на прекрасен еднорог.


Тогаш, Лери верува дека треба да го вложите целото свое време и енергија во тоа.


Еднорозите се активности со големо влијание што водат до добри резултати и профит.

Алатки за дигитални маркетери, препорaчани од Larry Kim


Кога станува збор за дигитален маркетинг, секогаш може да се најдат корисни алатки. Постојат огромен број на алатки за анализа, оптимизација, социјални медиуми итн.


Поради огромниот број на алатки, често може да не знаеме од каде да започнеме. Секоја година на мапата на алатки се појавуваат нови кои тврдат дека се подобри и покорисни од претходните.


Лери Ким предложува неколку и вели дека наместо да собирате илјадиници алатки, треба да се одлучите за неколку кои се најдобри и кои вашиот буџет може да си ги приушти. 


Неговиот избор ги дели алатките на повеќе категории за крајната цел да биде овозможување на конверзија и максимизирање на вредноста на клиентот. 


Многу од изборот на алатки бележат бесплатни или ниски цени. Секако, не значи дека ќе ви требаат сите алатки. Доволно е да ги изберете оние што ќе и помогнат на вашата компанија или бизнис да ги постигне своите најголеми цели.


Еве 20 од алатките кои ги препорачува:

  1. SimilarWeb
  2. Google Analytics
  3. Google AdWords Keyword Planner
  4. Google Trends
  5. Ubbersugest
  6. Screaming Frog
  7. Google Search Console
  8. WordStream
  9. Crazy Egg
  10. WordPress
  11. HubSpot
  12. Unbounce
  13. Hello Bar
  14. Visual Website Optimizer
  15. Shopify
  16. Trustpilot
  17. HootSuite
  18. Mailchimp
  19. Social Mention
  20. Mobile Monkey

Заклучок

Larry Kim е одличен пример за еден од еднорозите во полето на дигиталниот маркетинг. Неговите идеи и гледишта кон дигиталниот свет остануваат да бидат едни од водечките во инустријата. Токму затоа е дел од Globaly Advisory Council!


Неговата напорна работа, желбата за успех и ризикот при инвестирање во нови идеи и компании му овозможиле да стане еден од најдобрите претприемачи во светот на дигиталниот маркетинг. 


“Be a unicorn in a crowd of donkeys.” – Larry Kim


Еднорозите остануваат да бидат симбол што одекнува во заедницата за дигитален маркетинг.


Дознај повеќе за програмите на Galeksia.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче