Tom Kendall – Head of Digital Marketing, IBM Еurope

Промовирање на извонредност во дигиталниот маркетинг и дигиталната продажба, зајакнување на професијата преку создавање на највисоки стандарди кога станува збор за дигитален маркетинг, увид и најдобри практики на глобално ниво. Ова е тоа што Galeksia го нуди.


Програмите на Galeksia се креирани од светски експерти во индустријата.


До сега те запознавме со Neil Patel, Larry Kim и Mia Mora, а денес ќе те запознаеме со Tom Kendall, раководител на секторот за дигитален маркетинг на IBM во Европа.


Соработката на Институтот за Дигитален Макркетинг, со Global Industry Advisory Council овозможува креирање на програми со едукатори и шампиони од индустирјата кои навремено ги следат сегашните и ги креираат идните трендови.

IBM е глобална компанија за технологија и иновации

IBM е најголемиот технолошки и консултантски работодавач во светот, со повеќе од 400.000 вработени кои служат клиенти во 170 земји.


Во IBM, работата е повеќе од работа. Вработените градат, дизајнираат, креираат, се консултираат. Размислуваат заедно за клиентите, соработуваат. Прават нешто подобро и испробуваат работи кои ние можеби ги сметаме за невозможни.


Оваа фирма се води со најновата ера на технологија и ги решава некои од најпредизвикувачките проблеми во светот.


Подемот на дигиталните технологии и даде уште поголем замав на ИТ-индустријатата која што нуди нови и возбудливи начини за размислување и за интеракција со технологијата. Бидејќи потрошувачите стануваат се поконцизни во нивните очекувања, се промени и начинот на кој тие комуницираат со компаниите и начинот на кој купуваат од нив.


Во IBM, името на Tom Kendall се поисоветува со одлична продажба и неверојатно социјално и дигитално ангажирање


Дел од работата на Том е да има влијание и да обезбеди присуство на интернет. 


По приклучувањето на маркетинг тимот на IBM, Tom Kendall бил лидер на многу проекти во комбинација со различни тимови.Тој во моментов е лидер за дигитален маркетинг, обезбедувајќи стратешко водство за сите дигитални понуди.


Неговите соработници за него велат дека е индивидуа, колега, лидер и пријател на кој секогаш ќе му се восхитуваат. Tом има богато знаење и искуство што му овозможуваат да ја комуницира својата деловна експертиза со леснотија и подготвеност, додека одржува одлична комуникација со сите членови на неговите тимови.


Она што можеш да го научиш од Том е планирањето. Том е планер со богато дигитално искуство. Неговото време поминато планирајќи ги работите кои треба да ги заврши, во комбинација со одличното техничко разбирање на дигиталните платформи, е она што го прави одличен во својата работа!

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing


IBM има луѓе кои со посветеност и страст ја работат својата работа. Луѓе како Том, кој ќе продолжи да помага во обликувањето и трансформацијата на дигиталниот маркетинг.


Идеите на Global Industry Advisory Council секогаш ги вклучуваат луѓето во преден план и градењето доверба кај клиентите е важно за секој тим и дигитален лидер.


Едно е сигурно, треба да ја искористиш оваа шанса која ја вкрстува твојата можност за напредок во кариерата преку учење од програма создадена од лидери кои што се дел од овој Global Industry Advisory Council.


Покрај тоа, IBM, како компанија ги вклучува програмите кои се нудат на Galeksia и за своите вработени
.


Тие велат дека сите нивни вработени треба да имаат основни вештнини за дигитален маркетинг, квалитетна обука и на крајот, глобално призната дигитална сертификација која ќе ги опреми со алатките и техниките потребни за да ги постигнат своите цели.


Според IBM, сертификацијата е клучна за ангажирање на персоналот, бидејќи ги подобрува вештините, им овозможува на вработените да се здобијат со професионална квалификација и ги направи подготвени за дигиталниот свет.


Покрај тоа, знаењето им овозможува да се надоградуваат, да учат нови вештини и успешно да ја градат својата кариера.


Следи ги чекорите на најуспешните луѓе и компании кои влаедат со дигиталниот свет. Одбери некоја од програмите на Galeksia и биди чекор поблиску до твојата работа од соништата!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче