Серијалот на интервјуа со менторите од Galeksia продолжува со Ивана Јовановска.
Ивана е сертифициран DMI тренер и ментор за модулите Social Media Marketing и Email Marketing. Има работено за 7 различни индустрии во 10 држави.
Инспирацијата во работата ја пронаоѓа во динамичноста на оваа професија, а предавањето на практичното знаење на студентите и дава дополнителна мотивација.
Повеќе за Ивана прочитај од нашето интервју со неа.
1. Здраво Ивана, ти си ментор во Galeksia за модулите Social Media Marketing и Email Marketing, но твоја голема пасија се и Paid Advertising кампањите. Ќе можеш ли накратко да ни објасниш што се опфаќаат овие теми од дигиталниот маркетинг?
Модулите за Social Media Marketing и Email marketing од Certified Digital Marketing Professional програмата на Galeksia нудат сеопфатно знаење за овие делови од дигиталниот маркетинг.
Од базични знаења и основно запознавање со функцијата на Social Media и Email Marketing во рамките на дигиталниот маркетинг до запознавање со понапредни начини на користење на овие делови за унапредување на еден бизнис, како засебно така и во склоп со другите модули од дигиталниот маркетинг.
Social Media Marketing модулот опфаќа 5 клучни социјални платформи за дигитален маркетинг, Facebook, Instagram, Linkedin, Twitter и Snapchat.
Првите часови на овој модул опфаќаат објаснување на најдобри практики за креирање на професионални страни и профили на овие социјални платформи како и нивно водење, растење и одржување на таргет публика. Потоа следуваат процеси на креирање успешни кампањи, развивање на таргет публики и увиди во кампањи базирани на податоци, читање на резултати и начини на подобрување на истите.
Email Marketing модулот ги опфаќа, основите на истиот, тестирање и оптимизирање на email кампањи, креирање на ефективни email кампањи, дизајн на email, алатки и стратегии, автоматизација, како и читање на резултати со цел унапредување на истите.
Покрај следењето на програмата за овие два модули јас, како и сите тренери се обидуваме да дадеме нешто плус и да вклучиме се повеќе практични примери како и во предавањата, така и во домашните, квизовите и проектите.
2. Имаш големо искуство со работа во многу различни индустрии. Дали има различен начин на користење на платформите со кои работиш за различни индустрии?
Работата во повеќе индустрии ми овозможи да се инспирирам и да наоѓам нови начини на користење на платформи и алатки за унапредувањето на резултатите.
Не секогаш тоа што работи за една индустрија ќе функционира и кај другата. Затоа клучен дел пред започнувањето на креирање и егзекуција на било каква стратегија, без разлика дали е за социјални медиуми, email маркетинг или некој друг дел од дигиталниот маркетинг, секогаш треба да се направи in-depth истражување.
3. Да се предава и пренесува сопственото знаење, е предизвик сам за себе. Како се пронајде во оваа за тебе нова улога?
Морам да признаам дека на првите неколку предавања имав мала трема дали се ќе помине како што треба. Меѓутоа, после првите 2-3 предавања како и за мене така и за студентите тремата ја снема. Мене лично многу ме радува тоа што можам да го пренесам моето знаење и да помогнам на секој кој што сака да научи.
Најдобриот дел од предавањето, според мене, е кога има прашања и се развуваат дискусии на темата на која предавам, преку тоа се гледа заинтересираноста на студените и нивната желба за учење и развивање. Мило ми е што се пронајдов во оваа нова улога бидејќи со секој нов час сум се поинспирирана да го пренeсам своето знаење.
4. Какво е твоето досегашно искуството од предавањата онлајн? Според тебе, кои се продобивките за студентите со овој начин на предавања?
До сега се тече одлично. Најголемите придобивки од онлајн предавањето (покрај тоа што несе губи време во пат) се тоа што имаме студенти кои можат од било каде да го следат предавањето и најдобрата придобивка е снимањето на часовите.
Секој час се снима и по завршувањето на часот снимката и презентацијата се праќаат на студентите. На овој начин секој студент, без разлика дали присуствувал на часот или има нешто кое сака повторно да го чуе, може колку пати сака и кога сака да го изгледа часот.
5. Со студентите од првиот термин од март веќе ги завршивте модулите за Social Media Marketing и Email Marketing. За што до сега имаше поголема заинтересираност од студентите и што од овие модули најмногу ги привлече?
Дефинитивно 70% од студентите беа најмногу привлечени и заинтригирани за Social Media Marketing модулот, поконкретно за креирањето на кампањи. Делот на креирање на кампањи, за Social Media Marketing модулот и за Email Marketing модулот, разбудија најголем интерес кај студентите.
Приказот на практични примери и real-time креацијата на кампањи и читање на резултатите, со предлози за подобрување го потикнаа кај сите аналитичкото размислување искомбинирано со креативност за што да се направи следно.
6. Кажи ни нешто повеќе за тебе надвор од работното место и виртуелната училница. Како сакаш да го поминуваш слободното време?
Најголемиот дел од слободното време го поминувам во играње видео игри, дружење со пријателите и семејството и се разбира гледање на некој интересн филм или серија.
Дополнително нешто без кое не можам е музиката.
Без разлика дали слушам музика, пеам или танцувам, музиката е дефинитивно нешто кое најмногу може да ме опушти и расположи.
7. Што би бил твојот совет за сите што се двоумат дали да променат кариера во насока на дигиталниот маркетинг?
Сметам дека дигиталниот маркетинг е област која секојдневно се развива и нуди огромни шанси за секој кој се труди. Без разлика дали твојата пасија е SEO, Content Writing, Social Media или нешто друго, никогаш не е доцна да почнеш да учиш.
Програмата на Galeksia за CDMP е погодна за секој. Без разлика дали е некој кој има или некој кој нема искуство. Поради тоа, мојот совет за сите кои се заинтересирани за промена на кариера во насока на дигитален маркетинг е – GO FOR IT!
Уписите за програмата Certified Digital Marketing Professional се во тек. Запиши сe и стани дел од глобалното семејство на DMI кое брои повеќе од 170.000 члонови.
Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.