Што е content marketing?

Традиционалните маркетери, уште од многу одамна ја користеле содржината како алатка за да ја раскажат приказната на еден бренд и со тоа да допрат до публиката.


Претставувајќи еден од најстарите типови на маркетинг, “content marketing” за прв пат е употребен во 1996, како фраза во речникот на маркетинг агенциите. Во време на дигитализацијата, еволуирајќи во нова форма, контент марекетинг станува мејнстрим метода.


Многу често, контент маркетингот е сфатен како содржина во форма на текст, и тоа е точно, но овој тип на маркетинг опфаќа многу повеќе од тоа. 


По дефиниција претставува целокупното создавање, објавување и споделување на содржина за да се допре до целната публика, се со цел да се осознае еден бренд и да се изгради неговата репутација.


Content marketing е неразделлив дел од преостанатите типови на маркетинг, без разлика дали зборуваме за social, email, SEO, display и video


Целта на користење content маркетинг како алатка е можноста со квалитетна и релевантна содржина да се привлечат потенцијални клиенти и истите да се едуцираат за услугите и производите што ги нуди брендот, а со тоа да се изгради врска во корисникот.

 

content marketing vo Galeksia

 

Видови на content маркетинг

Содржина на социјални медиуми


Социјалните мрежи со околу 3.8 билиони корисници на глобално ниво, најчесто го земаат приматот помеѓу каналите за дигитален маркетинг. Има многу платформи кои се користат активно за пласирање на овој тип на маркетинг, но најпознати се: Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram, Snapchat, Pinterest, и Reddit. 


Сите платформи нудат различни можности за content маркетинг. Најчесто тоа е содржина со фотографии. Исто така нудат опции за објава на веќе снимани видеа, видеа во живо, story, како и многу форми на текст. 


Секоја платформа има своја цел и своја публика, и корисниците не очекуваат да видат ист тип на содржина на сите социјални медиуми. Направете модификации за сите платформи на кои сакате на објавувате, немојте да ја користите идентичната објава секаде.


На неколку месеци, а некогаш и почесто, се прават промени во однос на изгледот на социјалните мрежи. Со тоа постојано се подобрува искуството на корисникот. За успешен content маркетинг мора секогаш да се биде во тек со промените и што тие значат за вашата маркетинг стратегија.


Пишување на блог постови


Кога имате свој блог, може да го искористите на многу начини за промоција на својот бренд. Најчесто содржината е едукативна и информативна, меѓутоа може да користите најразлична тематика за посуштински да се поврзете со публиката. 


Според целта што си ја имате поставено, може да изберете соодветна стратегија за водење на вашиот блог. Споделувате содржина од други блогови, имајте гостински блог постови од колеги во индустријата, пишувајте за вашиот процес на производство и многу повеќе.


Креирање на видео содржини


Една слика вреди илјада зборови, а замислете ако искористите видео содржина. 


Според испитувањата корисниците сакаат да гледаат интерактивни видеа со најразлична тематика. Пократките видео имаат подобар прием кај публиката затоа што го задржуваат вниманието кај гледачите. 


Многу компании се одлучуваат на хумористична содржина за нивниот видео контент маркетинг, создавајќи пријателски и поприроден однос со корисниците.


Без разлика дали ќе се определите за едукативни, промотивни или видеа со туторијали, запомтете дека низ целата содржина треба да го пратите истиот „тон на глас”.


Платена содржина


Платената содржина може да ви помогне да допрете до поголема публика, како и да изберете соодветен пристап за конкретната кампања. Затоа е многу важно каква содржина ќе има вашата реклама.  


Според вашата генерална маркетинг стратегија треба да одлучите дали повеќе ви одговара “topical” или “evergreen” кампања, т.е. дали треба да биде за нешто што е актуелно во моментов или на тема која нема да изгуби од вредност и би се повторувала на пример во исти период секоја година.

Некои од формите на content marketing што се најдобро прифатени кај корисниците се:

  • Интерактивни содржини како квизови, анкети и натпревари;
  • Содржини кои поттикнуваат емоции кај публиката, најчесто позитивни и хумористични;
  • Визуелна содржина како фотографии и видеа;
  • Содржина создадена од вашите корисници, како споделување на вашите објави, фотографии од вашите произвори, препораки и рецензии.



Доколку сакате да научите повеќе за content marketing, како да го применувате и како да изградите маркетинг стратегија со негова помош, приклучете се на Програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia и станете сертифициран професионалец. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче