Што се Google Ads и како да креираш успешна YouTube кампања?

Маркетинг индустријата доживеа многу големи и значителни промени на светско ниво во последните години и Google Ads игра важна улога во трансформацијата. Претходно позната како Google AdWords, Google Ads се ребрендира и e платформа со PPC(pay-per-click) рекламирање која им овозможува на сопствениците на мали и големи бизниси и дигиталните маркетери да ги промовираат своите продукти и услуги онлајн. Видео рекламите се исто така дел од оваа платформа со која се овозможува да се креираат и video ads кои се прикажуваат на YouTube.


Што всушност претставуваат Google Ads?

Не секој пат при пребарувањето на одреден продукт или услуга, почетните три резултати на Google се резултат на добра оптимизација, туку многу веројатно е тоа да е Google Ads кампања. Преку Google Ads, компаниите плаќаат за да им се прикаже реклама на корисниците кои пребаруваат за релевантни зборови на Google Search и Maps. Откако ќе се сетира кампањата, одредуваме буџет кој сакаме да го потрошиме на рекламирањето, и креираме таргет-публика на која ќе се прикажуваат рекламите локално или глобално.




Со паметно користење на Google Ads можеме да испратиме порака до посакуваната публика и да постигнеме позитивни резултати. Кратко објаснето, PPC претставува форма на платено рекламирање каде што плаќаш одредена сума секој пат кога некој ќе кликне на твојата реклама. Многу важно да споменеме овде е дека сите резултати што ги добиваме од рекламите се мерливи метрики во кои имаме директен увид додека кампањата е во тек.  




Запиши се!



Дали треба да користиш PPC за твојот бизнис?



Рекламирањето на Google Ads е одлична алатка за промоција на твојот бизнис и претставува ефективен начин да допреш до твојата таргет публика. За да одлучиш дали PPC рекламирањето е за тебе првично треба да одлучиш дали можеш финансиски да си го дозволиш. Дали имаш доволно буџет за платени реклами или треба да се фокусираш на органски reach? Со добра стратегија и организација можеш да почнеш да ги рекламираш своите услуги/производи на Google Ads и со помал буџет. PPC е ефективна алатка ако сакаш да привлечеш публика која активно пребарува за зборови поврзани со твојот бизнис.Ако научиш како правилно и ефективно да креираш реклами, Google Ads ќе ти стане најпрофитабилна алатка за развој на твојот бизнис. 



Научи како да креираш успешни видео кампањи на модулот Google Ads with PPC.



Google Ads за видео содржина



За да си го развиеш бизнисот и постигнеш позитивни резултати, мораш постојано да размислуваш за начини како да ги прикажеш продуктот/услугата што ја нудиш на што повеќе корисници, со што помал буџет. Видео содржината е одличен пример за ресурс со голем потенцијал, кој можеш да го искористиш за оваа намена.



Со помош на YouTube рекламите можеш да допреш до голем број луѓе додека буквално гледаат видеа на YouTube. YouTube рекламите ги користат податоците од Google за да ја прати пораката до вистинските луѓе во вистинскиот момент. Тоа всушност е и твојата цел, зар не? 🙂



Најкористените YouTube видео реклами се TruеView кои постојат во различни формати.



In-Stream: Самото име ни кажува, In-Stream рекламата се прикажува додека трае YouTube видеото. Сопственикот на видеото мора прво да се согласи да се пуштаат реклами на неговото видео, а за тоа добива паричен надоместок. Рекламите се прикажуваат на почеток, на средина или на крај од видеото и гледачите имаат опција да ги исклучат (skip) по 5 секунди и да продолжат со гледање на видеото. За разлика од другите форми на PPC содржина, овие реклами не ти наплаќаат сè додека корисникиот не изгледа 30 секунди или повеќе од видеото. За видеа кои се пократки од 30 секунди се наплаќа ако видеото се гледа до крај.



Non-Skippable In-Stream Ads: Ова се рекламите на YouTube на кои не можеме да кликнеме skip и верувам дека ни се најмалку омилени на многумина од нас. Должината на овие видео реклами може да трае од 15 до 20 секунди. Се појавуваат на видеа кои се подолги од 10 минути пред почетокот на видеото што го гледаш, на средината или по завршувањето. Бидејќи корисниците не можат да го исклучат видеото, многу е важно да вклучиме CTA за да го искористиме вниманието на корисникот кон рекламата за да кликне на истата.



Video Discovery Ads: Овие реклами се прикажуваат на почетната страница на YouTube, на страницата со резултати од пребарувањето како и од десната страна во понудени видеа на YouTube. На пример ако пребаруваш на тема ‘How to change a flat tire?’ во понудените резултати може да ти се појави реклама со видео инструкции како да си ја смениш гумата на колата.



Совети за креирање на успешни Google Ads видео реклами



Креирај содржина за паметење



Вложи труд и биди креативен/на кога ќе дизајнираш реклама. Корисниците не исклучуваат забавна и интерактивна, но истовремено и информативна содржина. Напротив, ќе ја изгледаат од почеток до крај. Паметно истражи ја публиката и креирај видео кое ќе им задржи внимание. Клучот до успешна реклама е корисниците да заборават дека всушност гледаат реклама! Најди начин да изработиш реклама преку која ќе комуницираш со публиката и истовремено ќе ги едуцираш или ќе им помогнеш да си најдат одговор на проблемот поради кој пребаруваат.



Reviews, reviews, reviews



Сите креираме мислење за еден продукт/ услуга врз база на реалните искуства на корисниците преку рецензиите онлајн. 9 од 10 корисници ги читаат рецензиите за одреден продукт пред да го купат. Луѓето комуницираат и сакаат да споделат кога нешто ќе ги воодушеви, но и кога ќе ги разочара. Ова можеш да го искористиш и преку видео реклама да ги прикажеш мислењата на твоите потрошувачи.



Кратко и јасно!



Овој совет има посебна важност за рекламите кои се пуштаат во средина на други видеа. Со видео рекламата го прекинуваш видеото што некој со намера го пуштил да го гледа и му го одземаш вниманието. Затоа мора да си директен, краток и фин кога ќе му ја испратиш пораката преку рекламата. Доколу успееш да креираш ваква содржина шансите дека корисникот ќе ја изгледа целосно рекламата се многу големи. Должината на видеото треба да се движи од 12 до 20 секунди.



Запознај ја публиката



Од клучна важност за успешна видео кампања е да разбереш што всушност сака твојата таргет-публика. Пребарај и истражи кои реклами на YouTube перформираат добро во твојата индустрија и каков вид на видео содржина ги забавува корисниците. Секако дека можеш и директно да ги прашаш твоите корисници преку анкета или poll на социјалните мрежи. Резултатите кои ќе ги добиеш можат да те изненадат и многу да ти помогнат.



Учи од грешките



Сега откако добро ја имаш истражено публиката и имаш креирано повеќе кампањи, искористи ги резултатите и метриките од нив и модифицирај ги идните реклами. Нема потреба секогаш да креираш целосно нова содржина, напротив искористи ги претходните, види што перформира добро, а што не, инспирирај се од нив и создај содржина која ќе им го задржи вниманието и ќе им остане на ум.



Пријави се уште денес!



Доколку ова те убеди да вклучиш Google Ads за видео содржина во твојата маркетинг стратегија, погледни ја програмата на Galeksia, во која се вклучени модулите за PPC и Display and Video advertising. Од нив можеш да научиш како да креираш, менаџираш, анализираш и оптимизираш успешни кампањи кои ќе ти носат нови корисници и конверзии.



Запиши се уште денес на програмата во Galeksia, унапреди си го знаењето и вложи во развојот на твојот бизнис!



Уписите се во тек! Најновата група започнува во ноември. Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче