Kако модулот Strategy & Planning ќе ти помогне во твојата кариера?

Програмата за Strategy & Planning на Galeksia ќе им помогне на сите менаџери подобро да ги планираат своите обврски.


При креирањето на вашиот дигитален маркетинг, вештините поврзани со Strategy and Planning се оние кои ќе ви помогнат да направите одлична стратегија и да го испланирате она што ќе ви донесе успешни кампањи и профит. 


Успешна кампања во светот на дигиталниот маркетинг има оној што користи најсоодветни канали за да постигне максимално влијание – ова е нешто што ќе го научите на програмата за Strategy & Planning. 


Ќе можете да ги препознаете најсоодветните канали за специфични кампањи и клиенти и ќе научите како соодветно да го менаџирате буџетот за да ги усогласите сите ваши планови и решенија.

Што всушност претставува Strategy and Planning?

Официјално дефинирање на стратегија и планирање претставува процес на интегрирање на дигиталните маркетинг активности со план, аналитики, одредување буџет и стратегии кои функционираат за на крај да се заврши со успешни кампањи.


Неформално, стратегијата и планирањето го овозможуваат добриот тек на дигиталниот маркетинг.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Добијте шанса за глобално призната, специјализирана Digital Strategy and Planning сертификација! 

При изучување на оваа програма ќе се стекнете со експертско знаење во дигиталниот свет и ќе добиете шанса да полагате за Pearson VUE сертификат.


Ваквиот сертификат го докажува квалитетот кои го овозможуваат програмите на Galeksia, креирани од Digital Marketing Institute, во соработка со експерти во светот на дигиталниот маркетинг вклучувајќи го и Neil Patel.


Со стекнување на сертификат во оваа програма, ќе бидете конкурентни не само на нашиот пазар, туку и во светот. Зошто?


Бидејќи ќе знаете да креирате моќни и динамични дигитални стратегии. Планирањето и соодветната стратегија се основата на сè што е поврзано со успехот во светот на дигиталниот маркетинг. 

Што ќе научите на оваа програма?

Оваа програма ќе ви даде целосно знаење за креирање на маркетинг стратегии и процес на планирање кои ќе можете да ги вклучите во сите ваши дигитални маркетинг активности.


Ќе научите да го смените пристапот при планирањето на стратегијата и активностите и да пронајдете иновативни начини кои ќе им помогнат на вашите кампањи. Ќе дознаете ако да постигнете растечки успех кој што ќе трае. 


Исто така, ќе дознаете како да ја идентификувате вистинската целна публика и како ефективно да ја доставите вашата порака до нив. Само со правилно таргетирање и планирање, вашата кампања ќе стигне до вистинските луѓе.


Планирањето вклучува поставување специфични цели, ќе научите да препознаете различни видови на акциони планови и ќе ги дознаете светските принципи кои ќе ве донесат до успехот.


Ќе се запознаете со основните рамки и разбирања за тоа како водечките алатки за аналитики се користат за бизнис цели. Ќе научите како да ги анализирате податоците и да го следите вашиот дигитален маркетинг план. Така ќе можете да направите прилагодувања кои што ќе бидат во согласност со вашата стратегија.  


Како менаџер во полето на дигитален маркетинг, треба да бидете експерт за секој елемент на кампањата, од оптимизација до анализа – ова можете да го постигнете само со добра стратегија и планирање. Изучувањето на оваа програма ќе ви го олесни планирањето на обврските и ќе го направи вашиот дигитален маркетинг успешен.


Она што е најважно е да учите од тоа што ви го открива вашата анализа и да ја разберете вашата публика. На пример, следете какви објавувања добиваат најмногу коментари и допаѓања, наспроти постовите што луѓето не ги сакаат. Потоа, ќе можете да го оптимизирате начинот на кој објавувате за на крај да го максимизирате тоа што функционира најдобро.

Заклучок 

Од откривањето на местото на вашиот бизнис на пазарот и разбирањето на неговата публика, до учење на најдобрите алатки за спроведување на специфичен план и анализа, ќе можете да ги опфатите сите страни од стратегијата и процесот на планирање при раководење со дигитален маркетинг.


Дознајте повеќе за оваа програма!


Уписите се во тек. Искористете ја early-bird понудата и стекнете се со знаење и светски признат сертификат кој ќе ве издвои од конкуренцијата.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче