Во последните неколку години, онлајн учењето станува се повеќе популарно. Ова е поради тоа што повеќе универзитети, бизниси и студенти ги препознаваат придобивките што ги носи онлајн учењето. Се очекува до крајот на 2020 година, електронското учење да достигне приход од над 37 милијарди долари.
Ваквиот тренд им помага на вработените да го одржуваат својот професионален развој и се смета дека во иднина онлајн учењето ќе биде главниот начин преку кој студентите ќе учат, а вработените ќе се обучуваат за своите работни места. Ова ќе биде начинот преку кој луѓето ќе присуствуваат на обуки и курсеви за да ги подобрат своите знаења и вештини кои што се актуелни во денешниот брз и деловен свет.
Ако целиот свој живот сте го поминале посетувајќи часови лице-в-лице, нормално е да бидете загрижени дали онлајн учењето ќе ви овозможи се што ви е потребно. Дали да се одлучите да посетувате онлајн курс?
Прочитајте ги предностите кои ги нуди онлајн учењето и направете ја вистинската одлука кога станува збор за вашиот професионален напредок.
Напредок во кариерата
Онлајн учењето ви дава поголема флексибилност. Можете полесно да работите и да го приспособите вашиот распоред за работа и учење. Доколку аплицирате за курс кој што ќе ви овозможи онлајн комуникација во живо, ќе можете да комуницирате со вашиот ментор и соученици исто како да сте приутни во живо. Исто така, ваквото учење овозможува креирање на дополнителни сесии, онлајн групи и дискусии.
Онлајн учењето е идеален начин за да ги надоградите вашите вештини, да научите нешто ново и да си овозможите напредок на професионален план. Во денешниот свет управуван од технологијата, секојдневно има нови технолошки трендови, а ваквото учење ќе ви овозможи подобро да настапите во тековните улоги со цел вашата компанија или компанијата во која работите да остане конкурентна на пазарот.
Инвестирањето во вакви онлајн курсеви е паметен потег во време на несигурна економија и им овозможува на луѓето да развијат нови вештини, како и да станат подобри од конкуренцијата и да си обезбедат подобра работна позиција.
Флексибилнст, достапност и избор
Кога ќе се одлучите за онлајн учење, вие самите го креирате просторот и околината од која што ќе ги следите предавањата. Без разлика дали тоа е вашата работна соба, или пак моментално се наоѓате во вашата викендица на село, онлајн учењето ви овозможува флексибилност и достапност со неколку клика на вашиот електронски уред.
Да се започне со онлајн учење исто така значи дека не мора да патувате за да стигнете на час, што значи помалку време поминато во автобус и повеќе време посветено на учење од удобноста на вашиот дом.
Кога се одлучуваме за онлајн учење, се одлучуваме да учиме за она што навистина нè интересира и ни нуди можност за напредок во кариерата. Ваквото учење нуди огромен избор на теми и курсеви кои се за вас релеванти и со кои можете да се фокусирате на она во што сакате да се усовршите.
Самодисциплина и одговорност
Учењето од дома, преку конектирање на интернет ќе ви помогне да усовршите и некои од вашите меки вештини. Ќе развиете подобри вештини за управување со времето, ќе можете да зборувате пред другите соговорници без притоа да сте анксиозни, ќе успеете да се само-мотивирате и ќе можете да се истакнете на работното место и пошироко.
Онлајн учење со програмите на Galeksia
Постојат неколку проблеми со традиционалниот систем на образование. Нема да ги набројуваме, но ќе напоменеме дека не е ни чудно што милиони студенти од целиот свет се одлучуваат за онлајн програми и за онлајн учење. Онлајн учењето е една од најголемите револуции на современото образование.Тоа направи огромна промена во системот и отвори големи можности за секој што сака да научи нешто повеќе.
Одбивноста кон ваквиот пристап на учење настанува кога луѓето ќe сфатат дека сертификатите што ги добиваат се обични листови хартија кои не преставуваат „вистински“ дипломи.
Ова не е случај со програмите на Galeksia. Со нашите програми можете да научете дигитален маркетинг и да се стекнете со глобално признат Pearson VUE сертификат. Овој сертификат е признаен од светски гиганти како Google, Facebook, Microsoft и IBM!
Galeksia е единствената сертифицирана програма за дигитален маркетинг на нашата територија, акредитирана од Digital Marketing Institute, кој е најголемиот институт за дигитален маркетинг во светот. DMI е пионер во поставување на глобалните стандарди за едукативни програми за дигитален маркетинг.
Достапни материјали на DMI платформата
Во текот на онлајн учењето, материјалите се лесно достапни со неколку клика. Исто така лесно се споделуваат и нови информации и трендови согласно со курсот кој што ќе се одлучите да го следите. Наместо да се печатат или купуваат скапи учебници, онлајн учењето овозможува материјал и информации кои се тековни и се на дофат од секој кој што ќе се одлучи на онлајн учење.
Со аплицирање на некоја од програмите на Galeksia добивате и пристап на Digital Marketing Institute платформата која вклучува бесплатни курсеви, вебинари, алатки и најнови вести во дигиталниот маркетинг. На оваа платформа ќе имате пристап до различни дискусии, ќе можете да се информирате и да поставувате прашања и да се поврзете со повеќе од 57.000 експерти во полето на дигиталниот маркетинг кои што ги посетувале овие програми и се стекнале со знаење и искуство.
Онлајн учењето е корисно за сите кои што се вклучени
Предностите поврзани со учењето онлајн се огромни. Бизнисите сè повеќе бараат релевантни онлајн обуки за вработените; луѓето со мали деца, или оние кои бараат работа, можеби нема да можат да одат на час наутро, но секако ќе имаат неколку часови попладне за да посветат на програма која што ќе им овозможи кариерен напредок.
Исто така, онлајн учењето е одлично за работодавците чијшто број вработени е распространет низ повеќе географски области. Со онлајн учење, корисниците можат да ги уживаат сите бенефити: да имаат пристап до материјали за обука, да гледаат предавања во живо или снимени, да комуницираат со ментори и други учесници, каде и да се наоѓаат.
Од гледна точка на бизнисите, заштедата на трошоците на овој метод е очигледна. Компаниите избегнуваат да плаќаат значителни трошоци за патување, сместување и канцелариски простор посветен на обука, заедно со опрема неопходна за да се приспособат на овие активности, и оставаат своите вработени да бидат обучени од професионалци и од програма која што ќе го донесе потребното знаење на вработените.
Нашите студенти веќе ги користат сите бенефити кои ги нуди платформата и со тоа се усовршуваат како дигитални маркетери! Придружи им се и ти и започни ја својата дигитална трансформација. Зачувај си место денес!