Збир на корисни дигитални ресурси

Денес одлучивме да направиме нешто поразлично до сега. Преку овој блог пост виртуелно ќе те „прошетаме“ низ платформата на DMI на која имаат membership пристап нашите студенти. Во време во кое сè е дигитално па дури и едукацијата, неопходен стана ваквиот онлајн пристап до секогаш нови и информативни содржини.


Платформата на DMI е место на кое се наоѓаат безброј информации достапни во секое време. Таа е збир на артикли, блог постови, алатки, совети, новости и сè што ќе ти падне на памет кога станува збор за digital marketing resources!


Продолжи да читаш за да дознаеш што сè се наоѓа на платформата и зошто им е омилена на сите што учат дигитален маркетинг со нас и до DMI!  




Запиши се!



Што претставува платформата на DMI?   



Со самото запишување на некоја од програмите на Galeksia, студентите добиваат ексклузивен пристап до една од најдобро „снабдените“ платформи кога станува збор за содржини од дигиталниот маркетинг во светот – платформата на Digital Marketing Institute. Секој студент креира профил на платформата и со тоа веднашму се достапни сите модули кои ќе ги изучува на програмата.



Наставата во Galeksia е организирана со интерактивни предавања од страна на нашите amazing ментори, но на платформата секој студент има пристап и до снимени предавања од страна на професионалци од DMI на англиски јазик, кои може да ги ислуша во секој момент. За секој модул следи и module transcript, study notes и неколку квизови со кои можеш да си го следиш напредокот и да се провериш колку си научил/а!



Но, DMI платформата не овозможува пристап само до регуларните предавања. Овозможува пристап до многу повеќе од тоа!



1. DMI Sprints



Секој член по завршувањето на CDMP програмата добива пристап до кратки „спринт“ курсеви кои се фокусирани на одреден аспект од дигиталниот маркетинг. И да, сите овие курсеви ги добиваш бесплатно! Одбери од курсевите за UX/CX, Analytics, GDPR, Content Marketing или Graphic Design for marketers и постојано надополнувај ги твоите вештини! 



Овие курсеви се дел од идејата на DMI за Continuous Professional Development што ја проширува и збогатува сертификацијата преку овозможување содржини за континуиран развој.



2. Community forum



150.000 членови. Does this number speak enough to you? Можеш да си дел од едно    огромно онлајн community кое брои 150k дигитални маркетери ширум светот! Добивај директни совети од поранешни студенти, новости во дигиталниот маркетинг, нови алатки и содржини кои ќе те направат целосно изграден дигитален маркетер. 



3. Practice exams and skills tests



Напорно учиш и се подготвуваш за испитот, но сакаш да ги провериш знаењата пред финалниот тест? Don’t worry, покрај подготвителните тестови кои ги подготвуваат менторите во Galeksia, можеш и сам/а да се тестираш на DMI платформата!



4. Бесплатни toolkits, templates, webinars, eBooks, podcasts, micro-lessons!



Here comes the fun part! Ви кажавме дека платформава е една од „поснабдените“ кога станува збор за дигитални ресурси! Целта на DMI и на Galeksia е да изгради комплетни дигитални маркетери кои ќе се стекнат со светски признаен сертификат, но и контиуирано ќе ги надоградуваат знаењата. Ваквите бесплатни содржини се начин на кој ние се грижиме за вас, преку креирање еден непресушен извор на ресурси од кој само треба да сакате да земате! 



Да видиме неколку примери како изгледа пристапот до некои од овие содржини!





Понудата на toolkits и templates е огромна! Студентите ги користат овие содржини при извршување на домашните задачи како и при работата на реален проект за некој од нашите learning partners. Избери template за buyer persona, digital marketing strategy, content and channel matrix and get ready to rock the digital marketing world!





Практични ebooks соодветни за секојдневна употреба. Темите за кои се зборува се од најразличен карактер, од кариерни совети, насоки за подобро искористување на онлајн присуството кај бизнисите, како да изведеш SEO анализа, до како да водиш eCommerce бизнис, како да ги подобриш вештините за пишување и мноогу други корисни материјали.





Вебинарите се супер прилика директно и во живо да слушнеш мислења и совети од светски експерти. DMI се стреми секогаш да вклучува содржини кои се во тренд и би те подготвиле за сите промени во дигиталниот свет. 



5. Surprises, surprises, surprises! 



DMI секогаш се тука да те изненадат со ексклузивни новости како нивен член. Она што е најново за месец јуни е што сите наши алумни и моментални членови на групите на Galeksia, покрај дополнителните бенефиции, добија бесплатен пристап до 3 кратки курсеви, кои можат да ги завршат и да се стекнат со глобално признати сертификати. 





Ги прашавме студентите, како ја употребуваат DMI платформата и што би издвоиле како нејзина наголема предност?

„На платформата на DMI ми се допаѓаат вебинарите, затоа што се на многу интересни теми, добар им е изборот на предавачи, постои можнот за поставување на прашања, а и на краот на вебинарот те наградуваат со сертификат за присуство. 🙂 Темплејтите, а и е-книгите исто така им се супер корисни.“ – Билјана



„Да имаш можност да си ги провериш знаењата пред полагањето е ептен корисно. Друг омилен момент ми се подкастите. Препрактични! Возиш велосипед? Слушај подкаст! Сакаш продуктивно да си го поминеш слободното време? Слушај подкаст! “ – Ива







Платформата на DMI е дефинитивно супер извор за дигитални ресурси за секој кој сака континуирано да се надоградува. Дигиталниот свет пребрзо се менува и за да останеш во игра, мора постојано да вложуваш во себе. Тоа што сите потребни ресурси ти се достапни на едно место е олеснителна околност да не треба да „луташ“ во потрага по информации.



Нашите студенти веќе ги користат сите бенефити кои ги нуди платформата и со тоа се усовршуваат како дигитални маркетери! Придружи им се и ти и започни ја својата дигитална трансформација.



Наредната група почнува во септември. Зачувај си место денес!



Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче