Благодарение на нејзината упорност, креативност и посветеност, Ана е веќе дигитален маркетер со светски признат сертификат.
Не запирајќи да работи на себе и на своите цели, таа веднаш започна со практикантска работа на која го докажа својот квалитет и сега е веќе и официјално е вработена како дигитален маркетер.
За менторите и за колегите од групата има само пофални зборови – мотивација, поддршка и достапност. Тоа нѐ прави особено горди, бидејќи потврдуваме дека the team work makes the dream work!
1. Ти имаш завршено германски јазик и книжевност, па не бевме изненадени дека токму во оваа земја би сакала да ја продолжиш и својата кариера. Во самиот процес одлучи да се преквалификуваш во областа на дигиталниот маркетинг, зошто токму оваа индустија?
Како сметаш дека тоа ќе ти помогне долгорочно во кариерата?
Подолго време размислував за комплетно кариерно пренасочување. Следствено, се запишав на постдипломски студии во Германија во областа на Media Studies, каде што имав релативно голем избор на различни предмети и слобода сама да го креирам својот профил.
Во текот на студиите во најголем дел одбирав предмети од областа на дигитален маркетинг, по што брзо заклучив дека овој е кариерниот пат, по кој сакам да се движам понатаму.
2. Кај нас среќаваме доста едукативни центри кои нудат обуки за дигитален маркетинг. Кој момент беше клучен за тебе, па реши довербата да ја дадеш на тимот на Galeksia?
Според мене, секоја голема одлука треба да е производ на подетално истражување и информирање. За таа цел, посветив повеќе време во истражување на различни академии и курсеви. Иако најмлада меѓу конкурентите (во момент кога јас се запишав), Galeksia триумфираше и ја избрав токму неа заради голем број фактори.
Ќе ги наведам за мене клучните: програма креирана од врвни професионалци, млади но преуспешни ментори со релевантно искуство во дигиталниот маркетинг, интернационално признат сертификат, пристап до платформа која нуди дополнителен едукативен материјал.
3. Најпрво работеше како практикант во Intertec во одделот за дигитален маркетинг. Сега, по положувањето на испитот си и официјално вработена како дигитален маркетер. Честитки! 🙌
Како програмата и предавањата на Galeksia те подготвија за новиот предизвик?
Секое кариерно пренасочување е тешко, затоа што се почнува од нула, а со тоа секое претходно работно искуство станува ирелевантно.
Самиот факт што се запишав на програмата на Galeksia ми даде boost и ме охрабри да аплицирам за пракса. Програмата е доста обемна, разработува 10 модули а со тоа и 10 различни области од дигиталниот маркетинг.
Секој модул го предава ментор, којшто има најголемо искуство конкретно во таа област, па оттука имавме одлични предавања, менторите споделуваа совети и лични искуства и секогаш беа (и уште се) достапни и на располагање на студентите.
Неспорно е дека е неопходен влог на енергија, труд и време, но на долг рок се исплати максимално. Знаењата коишто ги стекнав ми овозможија побрзо и поуспешно да се етаблирам како дигитален маркетер, а со тоа и да аплицирам за прва пракса и прво работно место во оваа бранша.
4. Во кој аспект од дигиталниот маркетинг се пронајде најмногу и што е она на кое што работиш во моментот?
Како што спомнав и претходно, на програмата на Галексија се учат 10 модули, па на овој начин имав можност подетално да се позанимавам со секој од нив.
Моментално работам со social media marketing, content marketing и lead generation. Бидејќи сè уште не сум цврсто одлучена со кој дел од дигитален маркетинг ултимативно сакам да се занимавам, наредниот месец почнувам со втора пракса фокусирана на SEO.
5. Во што наоѓаш инспирација за нови идеи, а во што мотивација за континуирано надоградување?
Мотивација периодов ми беа сите ментори и колеги студенти во Galeksia коишто дури и во недела беа спремни за двочасовни продуктивни состаноци, размена на знаења, и вложување во себе и во кариерниот развој.
6. Студентите на Galeksia работат и на реални проекти, а ти беше дел од проектот за „Bozinovski – Watches & Jewelry“. Какво е твоето искуство со овој проект?
Одлична идеја е стекнатото знаење да се примени во реални проекти. Преку проектот за „Bozinovski – Watches & Jewelry“ имав чувство како да работам за маркетинг агенција и можност од почеток до крај да го проследам процесот на соработка, организација, креирање кампањи и креативни решенија за потребите на клиентот.
Ми помогна да согледам што сè е неопходно за да се лансира продукт, идеја или услуга на пазарот.
7. За крај, што би им препорачала на сите креативни умови кои се двоумат за кариера во дигиталниот маркетинг?
Секој што се двоуми, а не е индиферентен, значи е заинтересиран за кариера во дигитален маркетинг. Факт е дека бројот на работни места во оваа индустрија брзо расте и побарувачката е огромна, но од овој факт ве дели едно гуглање.
Затоа, би споделила совет од лично искуство. За сите коишто се двоумат и не се сигурни дали ќе се исплати, дали ќе се успешни, дали ќе се пронајдат во овој кариерен пат, единствен совет е: One way to find out, пробај!
Уписите за програмата Certified Digital Marketing Professional се во тек!