Учи онлајн со Galeksia и стани сертифициран дигитален маркетер

Учењето онлајн е една од најголемите придобивки кои доаѓаат со широко распространетата интернет конекција во денешницата.

Со можноста да учиш од било која локација, без да губиш време низ градскиот метеж, денес можеш да ги усовршуваш своите работни вештини без потреба од додатно време адаптирајќи го својот распоред.

Воедно, имајќи пристап до повеќе информации, можеш да учиш од светски познати експерти, наспроти локалните понуди кои се фокусирани на ментори од нашата држава. 


Меѓутоа, доколку сакаш да станеш сертифициран дигитален маркетер, постојат неколку работи кои треба да ги имаш предвид.

Во продолжение на овој текст ќе ти помогнеме да научиш повеќе околку деталите што се важни на патот до станување сертифициран дигитален маркетер.

Додатно, ќе ти приложиме повеќе информации за програмите достапни на Galeksia, со чија помош можеш да учиш од најпознатите имиња во светот на дигиталниот маркетинг денес.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Како да направам добар избор од понудените сертифицирани програми?

Најпрво, исклучително е важно да избереш поле во кое добро се снаоѓаш. Ниту една од програмите кои се понудени не поставува услов во поглед на претходно стекнато знаење. Меѓутоа, избирајќи нешто што ти е тебе блиско и во што сметаш дека си добар/а ќе ти помогне успешно да ја завршиш обуката, а потоа и да градиш кариера во самото поле. 


Следејќи ја оваа шема, ќе имаш можност да учиш многу повеќе со оглед на тоа дека мотивацијата ќе ти биде подобрена. Меѓутоа, доколку сметаш дека и покрај овие насоки не можеш да се одлучиш која програма би ти соодветствувала, можеш да нè исконтактираш за додатни насоки.

Совети за успешно онлајн учење

Со оглед на новонастанатата пандемија, целиот свет мораше да се приспособи на алтернативните начини за учење. Оттаму, сите наидовме на некои пречки и предности кои доаѓаат со дигитализацијата на целиот систем за учење.

Иако претходно онлајн наставата ни се чинеше како исклучително лесна и едноставна, постојат неколку аспекти кои мора да бидат запазени, со цел знаењето стекнато да следи одредени критериуми за квалитет. Па така, во продолжение, ќе ти понудиме неколку совети кои би ти помогнале успешно да си ги завршуваш обврските за време на онлајн предавањата.

  • Направи план: умешноста добро да ги искординираш обврските, а воедно и да се држиш до самиот план, значи дека половина од работата ти е завршена.

    Бидејќи самата онлајн настава налага од тебе да умееш добро да следиш рутина, најважно е да се приспособуваш на работните навики кои и претходно си ги имал/а и да можеш прецизно да го организираш денот.

  • Држи се до одредена рутина: заедно со претходниот совет, умешноста да креираш рутина неизмерно би ти помогнала во процесот на учење.

    Многумина од нас се соочуваат со потешкотии кога плановите за иднината ни се оставени на индивидуални одлуки и лична мотивација.

    Меѓутоа, доколку планот што ќе го направиш е базиран на одвојување неколку часа во денот за своето лично унапредување, не земајќи ги предвид онлајн часовите, за кратко време ќе се стекнеш со многу знаења кои ќе ти бидат од корист.

  • Остани фокусиран/а: динамиката на следење онлајн предавања е поинаква од онаа што се случува со физичко присуство на група. Но тоа не значи дека е невозможно да оддржиш фокус.

    Најдобро е да внимаваш и да си секогаш одморен/а пред самите предавања, а воедно и да оставаш простор за кратки паузи за време на предавањата.

    Со добра распределба на времето и паузи кои се доволни за да те одморат, но не и да ти го украдат фокусот целосно, учењето ќе ти биде едноставно и исполнувачко.

Учи онлајн со Galeksia

Прашањето Како да станеш дигитален маркетер? нема едноставен одговор. Меѓутоа, сите добри професионалци во ова поле би се сложиле дека почетокот е особено важен. Оттаму, следејќи онлајн настава можеш да градиш одлична основа за успех благодарение на неколкуте сертифицирани програми кои Galeksia ги нуди. 


По завршувањето на онлајн обуката, ќе се стекнеш со сертификат издаден од Институтот за Дигитален Маркетинг, кој ќе ти понуди многу опции за работа во Македонија, но и ширум светот.


Доколку си често фациниран/а од начините преку кои користејќи ги социјалните мрежи може да се допре до специфична демографија, стекнување на знаење поврзано со социјални медиуми е она на што треба да се фокусираш!

Преку предавањата ќе научиш како да ги користиш најпознатите платформи со цел да рекламираш одреден бренд или услуга, стекнувајќи моќ да влијаеш користејќи ги мрежите кои ни се достапни денес.


Ако планирањето и тактизирањето се твоите посилни страни, не треба да се двоумиш околу изборот што ќе го направиш. Запознавајќи се со сите важни алатки, по завршувањето на програмата на Galeksia ќе можеш успешно да се посветиш на креирање стратегии, дигитални комуникации, аналитики, маркетинг автоматизација и формулирање на буџет.

Доколку веќе си студент во некоја сродна дисциплина, овој модул за Digital Marketing Strategy ќе ти помогне да ги продлабочиш веќе стекнатите знаења, адаптирани на начин преку кој умешно ќе можеш да ги користиш на пазарот на трудот.


За оние со способност аналитички да пристапуваат при решавање на еден проблем, а воедно и да нудат одговор кој ќе биде креативен и ќе отстапи од веќе понудените алтернативи, SEO би бил совршениот модул.

Запознавајќи се со начините преку кои еден вебсајт се оптимизира и начинот на поставување реклами, ќе можеш суштински да навлезеш во деталите и да научиш кои се клучните делови на добро оптимизираната содржина. 

Заклучок

Како што веќе споменавме, бенефитот од следење на настава преку интернет е огромен. Со други зборови, предноста која доаѓа со можноста да следиш настава од виртуелна училница е огромна, доколку успееш да останеш мотивиран/а и посветен/а.

Преку понудените курсеви ќе можеш да учиш од најдобрите предавачи во светот и умешно да го претвориш знаењето во добро завршена работа како дел од голем број успешни компании ширум светот.

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче