Бенефити од добивање сертификат во дигитален маркетинг

Бројот на работни места за дигитални маркетери расте. Па оттука и размислувањето за влегување во светот на дигиталниот маркетинг претставува одлична одлука!


За разлика од другите професии каде што треба да имате факултетска диплома за да започнете со вашата кариера, на дигиталниот маркетинг не му се потребни такви предуслови. Во ова поле, способностите на маркетерот се поважни од теоретското учење од четири години. Ова е поради тоа што универзитетските програми не ги содржат специфичните техники потребни за да се стане дигитален маркетер. 


Пред да се одлучите за квалификација во дигитален маркетинг, задолжително е да внимавате како ќе ги стекнете потребните вештини и експертиза. Преземањето на вистинската иницијатива и правилната почетна инвестиција ќе ви помогнат да имате сигурна работна позиција, со добра плата која што ќе ви овозможи одлична иднина.

Сертификат кој е легитимен

Има многу курсеви и сертификати што можете да ги добиете, но од каде знаете дали сертификацијата што ја нудат е легитимна?


Со пристапот до интернет, се појавија и многу онлајн курсеви кои нудат бесплатни сертификати. Ваквиот пристап не нуди реални примери, менторство и практична настава –  работи што се круцијални за добивање на релевантно знаење. 


Исто така, многу од курсевите не нудат подлабоко навлегување во проблематиката, суштината на дигиталниот маркетинг и стратегиите кои што е потребно да се развијат пред да се почне со било каква реклама.


Поставете си ги следните прашања за да утврдите дали сертификатот што ќе го добиете и квалификацијата која што ќе ја стекнете ќе бидат корисни за вашата кариера:


Дали ќе имате предавачи кои се професионалци во индустријата?


Ако луѓето што ќе ви предаваат не се способни да го прават тоа што го предаваат, тогаш трошите време и пари. Работодавците сакаат на нивните вработени да им се предаваат практични знаења од реалниот свет и секоја добра институција за маркетинг го почитува тоа. Па така, веродостоен курс или академија ќе ангажира врвни ментори со докажан квалитет во темата за која предаваат.


Дали Ви се нуди практично знаење?


Дали од оваа сертификација ќе можете да ги искористите вештините и знаењата што сте ги стекнале и потоа да ги примените во реалниот свет? Дали ќе ве научи на нови вештини кои се важни во светот на дигиталниот маркетинг? Ако одговорот на овие прашања е да, тогаш сте на вистинското место.


Дали сертификатот е светски признат?


За жал, не сите програми се признати подеднакво. Така што, пред да се запишете треба да се осигурате дека вашата инвестиција ќе ви донесе глобално признат сертификат и знаење кое што ќе ви ги отвори вратите за кариера во дигитален маркетинг.


Вредноста на квалификацијата за дигитален маркетинг е неопходна. Без разлика дали имате искуство во областа или сте почетник, треба да добиете применливо знаење и признaт сертификат. 


Програмата за Дигитален Маркетинг на Galeksia нуди дигитална маркетинг сертификација. Оваа програма ги содржи сите елементи од дигитален маркетинг на начин кој демонстрира како сите различни делови од ова поле функционираат заедно. 


Сертификатот не само што е акредитиран од Digital Marketing Institute, кој претставува најголемиот институт за дигитален маркетинг во светот и е пионер во сетирање на глобалните стандарди на обука за дигитален маркетинг, туку е и признат од светски гиганти како Google, Facebook, Microsoft и IBM.

Некои придобивки од добивање квалификација

Без разлика дали имате искуство или сте целосни почетници во полето на дигитален маркетинг, Вие имате огромна корист од ваков вид на сертифицирање. Еве неколку бенефити кои што ги добивате со станување на сертифициран дигитален маркетер:


Вработување или унапредување


Оние кои бараат работа и треба да започнат со својата кариера можат да стекнат сертификат за дигитален маркетинг.  Ова ќе ви овозможи да стекнете нов пакет на способности што ќе ви обезбедат работа која е одлично платена. 


Ако размислувате за себе-надоградување, квалификацијата во полето на дигитален маркетинг е одлична опција да го добиете унапредувањето кое што од секогаш сте го посакувале. Бизнисите сè уште сакаат кадар со добри вештини и способности, само што дел од нив треба да ги дигитализирате.


Можност за нова кариера


Технолошките промени може да предизвикаат исчезнување на некои работни позиции. Инвестирање во кариера која што може да ви помогне секогаш да бидете релевантен кандидат на пазарот е непроценливо. 


Секојдневно сме сведоци на т.н. career-switchers. Тоа се луѓе кои се решиле за промена на својата кариера. Ова може да се случи од различни причини, некои од нив можат да бидат и доста лични. Но, едно е сигурно – со добивање на сертификат во дигитален маркетинг “скокањето” во нова кариера која што ќе ве исполнува е загарантирано. 


Следење на трендови во маркетингот 


Сертифицирањето овозможува изучување на најнови техники кои се применуваат во светот на дигиталниот маркетинг.


Ваков вид на сертифицирање обезбедува да ги изучите само последните трендови од оваа индустрија, трендовите кои се релевантни и ќе ви овозможат да се издвоите. 


Професионален развој


Дигиталниот маркетинг не ве ограничува на еден специфичен профил за работа. Да се ​​направи избор зависи од личноста која треба да ја постави својата кариера во светот на дигиталниот маркетинг.


Овој свет нуди многу различни работни позиции и професионални техники кои ќе ве направат експерти. Направете го изборот што одговара на вашите досегашни вештини и достигнете го нивото на професионален развој што од секогаш сте го посакувале.


Развој на компанија


Претприемачите денес се фокусираат на брз раст на бизнисот и ги користат сите можни начини за подобрување на бизнис стратегијата.


Како квалификуван дигитален маркетер, ќе можете беспрекорно да ја промовирате вашата деловна активност и да си обезбедите дигитална трансформација која што ќе донесе зголемени приходи. 


За секоја фирма, промоциите и публицитетот на брендот се највлијателниот начин за постигнување успех. Дигиталниот маркетинг помага потрошувачите да станат свесни за брендот и ја таргетира вистинската публика. Исто така, вие или вашите вработени ќе можете да ги разберете потребите и барањата на клиентите. 


Многу истражувања покажуваат дека компаниите имаат дефицит кога станува збор за квалификуван кадар во одредени аспекти. Па, зошто да не го креирате самите?
Само со квалификувани вработени ќе можете да се осигурате дека содржината што ја креирате е доволно влијателна и му годи на вашиот бизнис.


Флексибилност, вмрежување и креативност


Овие три бенефити ја прават кариерата во дигитален маркетинг доста примамлива.


Работните временски услови во дигиталниот маркетинг знаат да бидат флексибилни. Комплетната задача се заснова на пристап до интернет. Затоа, работната локација често знае да не биде значителен фактор. Можете дури и да работите од вашиот дом.

 

Ова е идеална кариера за некој што размислува да работи како фриленсер (freelancer).

 

kariera kako freelancer for makedonija

Но, само затоа што можете да работите од дома во пижами, тоа не значи дека нема да стапите во контакт со други луѓе. Голем дел од дигиталниот маркетинг преставува старомодно вмрежување. 


И додека можете да направите дел од тоа и на интернет, сè уште постои елемент на вмрежување во живо. Ова е непроценливо за развој на вашата кариера и стекнување на потенцијални клиенти.


Вмрежувањето ве става во контакт со луѓе кои се поискусни од вас, луѓе кои не сакаат ништо повеќе од тоа да пренесат искуство и знаење. Нивните согледувања вредат и можеби токму нивните совети ќе ве мотивираат да го направите следниот чекор кога станува збор за вашата кариера.


Дигиталниот маркетинг има за цел да даде живот на заспаните блогови и веб-страници. За тоа е потребна креативност и логика. Пишувањето ефективна содржина и правењето стратегии бара многу имагинација и иновативни идеи.


Ова е динамична кариера и е одлична за оние кои сакаат да експериментираат со нови алатки и да се прилагодат на промените кои ги носи дигиталниот свет.


Па така, сертификат во дигитален маркетинг несомнено ќе ви овозможи да ја развиете вашата креативна страна и да наоѓате креативни идеи за реални проблеми.


Конкурентност на пазарот


Без разлика дали станува збор за индивуа или бизнис, квалификацијата во дигитален маркетинг ве издвојува од просекот. Тоа значи дека станувате подобри од конкуренцијата. 


Ако се работи за индивудуа, имањето на легитимен сертификат во ова поле значително ја подобрува веројатноста за вработување.

Ако се работи за компанија, сертификатите не само што се доказ за вашите способности, тие исто така го демонстрираат и ставот на вашиот бизнис за континуирано подобрување.


Инвестирањето во ваков вид на сертифицирање овозможува непречено растење на компанијата, рушење на конкуренцијата и креирање на квалификуван и професионален кадар.

Никогаш не престанувај да учиш

Дигиталниот маркетинг опфаќа повеќе вештини од кога било досега, тој е динамичен и флексибилен, токму тоа го прави фасцинантен и возбудлив како кариера.


Постојат огромни можности за дигиталните професионалци, и тоа во различни улоги и индустрии. Дигитализацијата продолжува со брзо темпо, работодавците на глобално ниво бараат квалификувани работници кои можат да ги пополнат работните места и да ја водат компанијата во дигиталниот свет.


Започнете ја вашата дигитална маркетинг кариерa и стекнете се со светски признат сертификат за дигитален маркетинг. 



Ако сте високо мотивирана индивидуа подготвена да започне возбудлива кариера, читањето на претходните бенефити ќе ве однесе во вистинската насока.


Излезете од вашата комфортна зона, унапредете го вашето знаење и станете дигитален маркетер.

Заклучок

Правилната едукација за дигиталниот маркетинг е од витално значење. 

 

„Аналогните медиуми“, како што се телевизијата, весниците и радиото, сè уште се живи, но тие веќе не се клучен фактор во животот на потрошувачите.


Интернетот стана мрежа преку која се споделуваат повеќето дневни активности, без разлика дали тоа се прави од компјутер, лаптоп или паметен телефон.


Ова е време на користење на социјални медиуми и интернет пребарувачи за било каква информација и/или прашање.


И Вие го најдовте овој блог пост пребарувајќи одредени информации на интернет. Зошто некој што сака да купи било што, најпрво не би се “исконсултирал” со интернетот?


Сертификат во дигитален маркетинг може да ви помогне да изградите победничка кариера и портфолио. Исто така, со докажувањето на дигиталното присуство на вашиот бизнис значително ги зголемувате вашите шанси за успех. 

 

Уписите се во тек! Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

Пријави се уште денес!

 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче