Стекни се со светски признат сертификат преку програмите на Galeksia

Доколку целиш кон станување дигитален маркетер, сигурно до сега си се запрашал/а кој е најдобриот курс кој треба да го избереш.

Процесот на одлучување налага истражување во кое ќе бидат земени предвид неколку параметри. Бидејќи денес постојат безброј опции понудени онлајн, потрагата по најдобрата програма која ќе те обучи може да стане комплицирана задача.


За да ти го поедноставиме патот, ти подготвивме неколку јасни насоки кои треба да ги разгледаш пред да се одлучиш за една програма. Додатно, во овој текст ќе можеш да најдеш корисни информации поврзани со светски признатиот сертификат кој го добиваш преку програмите што Galeksia ги нуди. 


Од исклучителна важност е да избереш програма кој ќе ти понуди глобално призната сертификација. Освен способноста вешто да ги исполнуваш задачите, со имањето на легитимен доказ за исполнување на програма за учење, ќе ти бидат отворени вратите кај идните работодавци без потешкотии при процесот на докажување.

Зошто е важно да се стекнеш со светски признат сертификат?

Благодарение на широко распространетата интернет конекција, денес се соочуваме со масовна преплавеност од информации. Оттука, кога се во прашање курсевите достапни онлајн, тешко можеме да заклучиме кој курс е подобар од останатите. Додатно, постојат голем број на бесплатно достапни видеа, кои можат во неколку минути да ни ја доловат поентата зад одреден концепт, без дополнително навлегување во суштината.


Поради ова, многумина сметаат дека поседувањето писмен документ за успешно завршена обука е неважно. Вистината е дека кога се работи за фриленс работа на проекти, единствено важно е знаењето, како и искуството зад себе, меѓутоа, валидацијата на обете е од помош за секоја голема компанија.

Единствениот начин ова знаење да се афирмира е преку документ за успешно завршени сертифицирани обуки. На овој начин, по завршувањето на курсот, твоето портфолио ќе биде побогато со доказ дека знаењата што си ги стекнал/а може да бидат искористени правилно.


Додатно, сите сериозни и поголеми светски компании се трудат да ги изберат кандидатите кои се обучени според глобалните стандарди. Ова значи дека со глобално признат сертификат, шансите да си еден од најдобрите апликанти стануваат огромни. 

Со глобално признат сертификат до работа во најдобрите светски компании

До сега, разјаснивме еден мошне важен дел, кога е во прашање важноста зад посетувањето курс кој е високо акредитиран. Меѓутоа, она што е сѐ уште нејасно е одговорот на прашањето: Што значи интернационално признат сертификат во полето на дигиталниот маркетинг?

Она што ја прави програмата на Galeksia поразлична од останатите е концептот зад тренинзите, како и методот преку кој тие се извршуваат.

Фокусирајќи се на модулите изработени од DMI, во текот на овој курс можеш да учиш од светски лидери во различни гранки на дигиталниот маркетинг.

Поради тоа што се работи за програма која е подложна на промена и е постојано ажурирана, преку овој начин на унифицирано учење нема да искусиш никакви потешкотии кога е во прашање учењето за најновите трендови и пракси во светот на дигиталниот маркетинг.


Оттука, ризикот кој го споменавме претходно, кога е во прашање процесот на самоучење преку различни туторијали достапни онлајн, е комплетно елиминиран. Со следење на програма која е изградена од најдобрите, а притоа подлежи на постојана промена, пратејќи ги тековните трендови, нема да искусиш никаков проблем по завршувањето на обуката. 

Придобивките од станувањето сертифициран дигитален маркетер

Сите успешни сопственици на компании кои работат во полето на дигиталниот маркетинг се запознаени со динамиката на развој на трендовите во овој свет. Токму овој рапиден развој налага континуиран процес на учење кој нема да запре веднаш откако е направен тимот со индивидуалци кои имаат најдобро портфолио.

Речиси сите успешни компании работат кон развивање на вештините на секој работник во тимот, а најдобриот начин да се изврши овој процес е преку колективно следење на соодветната програма.


Токму затоа, светски познатите компании како Microsoft, eBay и CocaCola, се решиле за унифициран курс, изработен од најдобрите во тоа поле. Преку неговото следење, вработените ќе бидат фокусирани на промените, ќе се запознаат со нив пред да дојдат, со цел да можат автономно и самоуверено да го изнудат новото решение, штом е вистинското време за промена на стратегијата. 


Бидејќи станува збор за индивидуална обука кога е во прашање начинот на учење и реализација, секој од вработените ќе може успешно да ги следи етапите во програмата, а потоа и да придонесе за доброто на тимот.

Заклучок

Доколку сакаш да станеш сертифициран дигитален маркетер, важно е да избереш програма која ќе ти понуди глобално признат сертификат.

Следејќи го овој пат, ќе можеш да пристапиш кон пазарот на трудот со пошироко отворени врати. Преку оваа валидација, ќе можеш многу побрзо да се искачиш до успехот, со оглед на фактот што процесот на самоучење преку онлајн видеа налага будност во континуитет.

Додатно, со цел да ги докажеш своите практични вештини, без овој сертификат, голем број од компаниите не би можеле да ти понудат работа без претходно да посетуваш обука.


Програмите кои ги нуди Galeksia се направени според унифицирани стандарди и постојано се менуваат во зависност од трендовите и развојот кој паралелно се случува во светот на дигиталниот маркетинг. Оттука, начинот на учење е многу подобар од сите останати обуки кои не подлежат на промена и подобрување.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче