Промена на кариера: Зошто е добро да си дигитален маркетер?

Многу луѓе секојдневно се одлучуваат за промена на кариерата. Некои веќе не се пронаоѓаат во улогата која што ја извршуваат или пак работните задачи им стануваат здодевни, други се поамбициозни и сакаат да се осврнат кон по профитабилна кариера. Едно е сигурно, промената на кариера и запливување во водите на дигиталниот маркетинг може да биде она за што одсекогаш сте сонувале.


Доколку горенаведените зборови донекаде ја опишуваат вашата ситуација, не грижите се, секако не сте сами. Луѓето бараат промена на кариерата во различни фази од животот и се соочуваат со многу дилеми. Ако сте меѓу оние безброј луѓе на кои им е потребна промена на кариерата, дигиталниот маркетинг е најдобриот избор.


Со толку широк спектар на нови можности што се достапни, дигиталните маркетери можат да си дозволат да бидат пребирливи кога станува збор за компаниите за кои би сакале да работат. Ве охрабруваме да ги искористите сите предности кои ги нуди професијата како дигитален маркетер. 


Поради големата побарувачка за дигитални маркетинг вештини и фактот што ова знаење можете да го примените во кој било сектор, ја прави кариерата во дигитален маркетинг одличен избор за сите кои што сакаат да направат промена. Значи, доколку изберете да станете дигитален маркетер се што ќе ви треба е добра програма која што ќе ви даде знаење и ќе ви помогне да направите “скок” во ова поле. 

Зошто дигиталниот маркетинг е најдобриот избор?

Дигиталниот маркетинг е најбрзорастечката индустрија и овој тренд се очекува да продолжи неколку години по 2022 година.


Понатаму, е-трговијата допрва го зема својот замав и ќе продолжи да расте, со што работата за дигитални маркетери исто така ќе расте. Всушност, скоро секој сектор ќе отвори работни мести за професионални дигитални маркетери, како што се: туризам и угостителство, логистика, финансиски услуги, осигурителни услуги, софтверски компании итн. Постојат повеќе индикатори кои јасно го истакнуваат фактот дека дигиталната маркетинг индустрија, генерално, ќе биде сведок на невиден бум во текот на следните години.


Бидејќи дигитализацијата продолжува низ сите индустрии, компаниите ширум светот, од мали бизниси – до огромни корпорации, ќе продолжат да бараат дигитални професионалци со релевантно искуство.


Со програмите на Galeksia ќе откриете што нуди дигиталниот маркетинг, ќе имате можност за учење нови и зацврстување на вашите стари вештини. Бидете во чекор со новите случувања и трендови и прифатете го континуираното учење како начин да дојдете до работа и нови вештини што се непроценливи за секој бизнис.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Потреба за нови вештини

Разбирливо, промена на кариерата обично бара од вас да научите сосема нов пакет на вештини. Според какви било стандарди, ова не е лесна задача. Стекнувањето нови вештини во полето на дигитален маркетинг со програмите на Galeksia ќе ви овозможи да стигнете до кариерата која што одсекогаш сте ја посакувале.


Galeksia е единствената сертифицирана академија за дигитален маркетинг на нашата територија, акредитирана од Digital Marketing Institute. Toa е најголемиот институт за дигитален маркетинг во светот и пионер во поставување на глобалните стандарди за едукативни програми за дигитален маркетинг.


Со Galeksia се зголемува квалитетот на едукација во полето на дигитален маркетинг во нашата земја. Овие програми се креирани од светски експерти како што се Neil Patel, Larry Kim, Mia Mora, Amy Brooks и останати големи имиња во индустријата за дигитален маркетинг.


По завршувањето на програмата, секој учесник полага за Pearson VUE сертификат. Ова е акредитиран сертификат кој претставува глобален стандард за полагање по завршената професионална програма.  Pearson VUE се најголемото и најбезбедното признаено сертифицирано тело за компјутерско тестирање. Овој сертификат го докажува интегртетот и квалитетот кои го овозможуваат програмите на Galeksia.


Со стекнување на квалитетно знаење и вештини преку програмите на Galeksia, ќе можете да конкурирате не само во домашни компании, туку и во светски гиганти како Google, Facebook, Microsoft, и IBM.


Како учесник на некоја од програмите, добивате пристап до платформата на Digital Marketing Institute, на која членуваат експерти во сферата на дигиталниот маркетинг и повеќе од 60.000 учесници кои што се стекнале со сертификат преку програмaта на Digital Marketing Institute. Исто така, на платформата овозможува пристап до дополнителни алатки, вебинари, кратки курсеви, видеа, е-книги, презентации и блог текстови. 


Со избирање на кариера како дигитален маркетер, ќе можете лесно да посетувате некоја од нашите програми додека работите со полно работно време во целосно неповрзано поле. Ова ќе ви овозможи да се стекнете со потребните вештини додека да ја направите транзицијата кон дигитален маркетинг.

Најдете ја областа која ви одговора

Не ви требаат претходни посебни квалификации за промена на кариерата во дигитален маркетинг.  Без оглед на професијата, секој има страст, хоби или омилено поминување на слободното време. Доколку се одлучите за кариера во дигитален маркетинг, без оглед на вашето претходно искуство, можете да ги посетувате програмите на Galeksia за дигитален маркетинг и да поченете да го работите тоа што одсекогаш сте посакувале. 


Има толку многу области во кои што можете да се специјализирате ако се одлучите за кариера во дигитален маркетинг.  Она што ја прави професијата како дигитален маркетер толку примамлива е што секој може да си ја најде сопствената патека во оваа област. 


Професијата како дигитален маркетер нуди можност да ја искажете вашата креативност, да владеете со разновиден спектар на алатки, да ги развиете вашите аналитчки способности. Дигиталниот маркетинг овозможува комбинација на креативност и технички вештини кои што ќе придонесат да креирате ефективни рекламни кампањи, да правите успешни стратегии и да разберете како да стигнете до одредена целна публика преку различни платформи  и содржината која што ќе ја креирате.


Секој бизнис денес се фокусира на градење на веб-страница и свој отпечаток во дигиталниот свет. Дигиталниот маркетинг е креативно поле кое што овозможува изградба на авторитет помеѓу конкуренцијата на било кој бизнис. 


Ако штотуку започнувате, и ви треба специфично искуство, по завршување на некоја од програмите на Galeksia, ќе имате предност при вработување или пракса во компаниите со кои соработуваме. Потоа, ќе можете да ги вклучите овие искуства и во вашето портфолио и да продолжите со градење на вашата кариера како дигитален маркетер. 


Дигиталниот маркетинг е динамичен, секогаш се менува и се развива и за таа цел, ќе мора да бидете во чекор со она што се случува на ова поле. Ова ќе ви овозможи непрекинато да ги раазвивате, одржувате и надградувате вашите лични вештини. Исто така, ќе можете и успешно  да развивате конкурентни маркетинг стратегии додека работите со различни клиенти.

Издвоите се на LinkedIn

Оваа платформа е одлична за мрежно поврзување доколку барате работа при промена на кариерата. Има повеќе начини кои што ќе ви овозможат да се издвоите на оваа популарна платформа.


При наведување на вашите квалификации, ќе имате можност да го искористите глобално признатиот Pearson VUE сертификат кој ќе ви овозможи да се истакнете со вашето знаење, не само на домашниот туку и на светскиот пазар. Работа како freelancer и не звучи така лошо, зарем не?  Ќе можете со самодоверба да испратете порака до работната позиција за која сте заинтересирани наведувајќи што сте научиле. 


Секојдневно гледаме работни места кои што се поврзани со дигиталниот свет. Можеби е време да го најдете она што е соодветно за вас. Првиот чекор кој ќе ве однесе до вистинската промена на кариера е добивање на соодветна обука.  Важно е дека имате солидна проценка на вашите јаки страни, интереси и на вашите т.н. soft skills со цел да се одлучите за програма што одговара на вашата моментална состојба.


Како што кажавме, дигиталните вештини за маркетинг се во сериозна побарувачка и брендовите ставаат поголем фокус на дигиталниот маркетинг од кога било досега. Флексибилната работа, зголемената плата и поголемиот избор на кариера се само некои од придобивките што професионалните дигитални маркетери ќе можат да ги очекуваат со кариера во ова поле.

Заклучок

Со кариера како дигитален маркетер и со знаење за дигитален маркетинг ќе можете да уживате добри работни услови, секојдневно да ги развивате вештините кои ги поседувате и да имате можност за конкурентна плата.


Започнете ја вашата дигитална маркетинг кариера денес и одлучете се за некоја од програмите на Galeksia. 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче