Клучни алатки во дигиталниот маркетинг #1

Во светот на дигиталниот маркетинг постојат несомнено многу алатки кои му помагаат на секој дигитален маркетер во успешното извршување на работните задачи. Со овие алатки и нивно секојдневно употребување, полесно и поефективно се остваруваат поставените цели во дигиталната стратегија.


Дали станува збор за комуникација со целната публика или комуникација со тимот, креирање на самата содржина со која се претставува брендот или мерење на постигнатите резултати, постојат алатки за сè. Твое е да одбереш кои најмногу ќе ти користат.


Меѓутоа, секогаш фокусот треба да биде на твоите клиенти.Треба да разбереш што тие сакаат да видат, што се нивните барања и како да одговориш на нивните потреби, а овие дигитални маркетинг алатки значително ќе ти помогнат во тоа.

Kреирај ги твоите дизајни со Canva 

Од алатките неопходни за секој добар маркетер, ја издвојуваме Canva. Оваа алатка ќе ти помогне во процесот на креирање на дизајни за објавите на социјалните медиуми или за останатите кампањи.


Преку лесната за користење drag-and-drop платформа и огромниот избор на templates, форми, фонтови и слики, лесно можеш да ја реализираш ја твојата идеја. Со Canva креирај го дизајнот на одредено лого, слика, инфографик, презентација, thumbnail и сè друго што ти е потребно на тебе или твојот тим.


Доколку не сакаш да користиш некој од понудените templates, секако дека може да го креираш твојот дизајн from scratch.

Grammarly е твојот writing assistant

Tвојот бесплатен асистент за пишување на содржина, спасот на сите content writers. Со Grammarly повеќе не мора да се грижиш за граматичките или правописни грешки, секако ако пишуваш на англиски. Исто така, можеш да провериш дали текстот е јасен, прецизен и каков е тонот на кој е напишан.


Grammarly има и екстензија која можеш да ја додадеш на твојот Google Chrome browser, можеш директно да го прикачиш твојот документ со напишан текст, или пак директно да пишуваш во самата алатка.


Со црвено ќе бидат обележани сите потенцијални грешки и предлози кои треба да се променат, а со оваа алатка се олеснува самиот процес на proofreading. Исто така, една од опциите на Grammarly e да провери дали текстот е плагијат.

E-mail стратегија со Mailchimp

Кога станува збор за е-маил маркетинг, апсолутниот фаворит е Mailchimp.Оваа алатка има бесплатна и платена верзија, во зависност од потребите и големината на е-маил листата со контакти на твојот бизнис.


Mailchimp нуди безброј опции, каде можеш да креираш автоматизирани мејлови како welcome или abandoned card, различни кампањи, да ја сегментираш твојата листа на subscribers, како и да креираш landing страни.


Дополнително, оваа алатка нуди и детална анализа на испратените мејлови, како дел од твојата маркетинг стратегија и детали за твојата емаил публика, преку кои можеш да ја оптимизираш стратегијата и да ги направиш промените за да ги подобриш резултатите.

SEO анализа со Screaming Frog

Во делот на SEO, од голема помош за сите дигитални маркетери е оваа алатка и опциите кои ги нуди. Наречена е SEO Spider затоа што прави crawl на сите страници на веб страната која сакаш да ја провериш и ги наоѓа потенцијалните проблеми.


Со Screaming Frog можеш да направиш анализа за тоа како перформираат страниците, како и анализа на сите наслови, meta descriptions и да пронајдеш broken links (404s).


За сите SEO професионалци, оваа алатка помага при зголемувањето и подобрувањето на органскиот traffic како и во решавањето на техничките проблеми кои влијаат врз искуството на корисниците на веб страната.

Следи ги корисниците на веб страната со Hotjar

Од алатките кои се неопходни за сите во светот на дигиталниот маркетинг, денешната листа ја завршуваме со Hotjar.


Со оваа алатка можеш да видиш како корисниците се однесуваат на веб-страната. Hotjar преку интерактивна heatmap ги следи сите кликови и акции кои се превземаат на веб страната, односно каде и колку најмногу корисниците кликнуваат.


Со следење на начинот на кој корисниците ја користат страната, колку време тие поминуваат на неа и какво е неговото целокупно искуство, се добиваат многу корисни податоци.


Со овие податоци, тимот кои работи дигитален маркетинг ќе може да воочи каде треба да се направат промени и идните активности да ги насочи според овие анализи, со крајна цел – подобрување на корисничкото искуство.

Заклучок

Ова е првиот дел од нашите предлози за корисни алатки, кои се многу на број и навистина ја олеснуваат работата на дигиталните маркетери. Со овие алатки, подобро се запознава таргет публиката на самиот бизнис и кое е нејзиното однесување, а со тоа се дава насока и за целата дигитална стратегија.


Во програмата на Galeksia за Certified Digital Marketing Professional, студентите имаат можност да се запознаат со дел од овие алатки и да ги применат во нивните практични задачи. Низ предавањата, студентите исто така имаат можност да следат и walkthrough на дел од алатките претставени од самите ментори.


Употребата на овие алатки во комбинација со знаењето и вештините на еден дигитален маркетер, е клучот на успехот на една дигиталната стратегија.


Со Galeksia, имаш можност да станеш професионалец во полето на дигиталниот маркетинг, а покрај знаењето што ќе го добиеш, ќе се стекнеш и со светски признатиот Pearson VUE сертификат. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче