Neil Patel, еден од креаторите на програмата во Galeksia

Запознајте се со Global Industry Advisory Council на Digital Marketing Institute. Овие глобални лидери во светот на дигиталниот маркетинг со чија помош се керирани програмите кои ги предаваат нашите сертифицирани ментори во Galeksia, се иницијатива на DMI.


Промовирање на извонредност во дигиталниот маркетинг и дигиталната продажба, зајакнување на професијата преку создавање на највисоки стандарди, увид и најдобри практики на глобално ниво. Ова го добивате со изучување на програмите на Galeksia.


Кога велиме лидери во светот на дигиталниот маркетинг, станува збор за експерти во областа и луѓе кои што се познати низ целиот свет поради тоа што го работат. 


Ако сте слушнале за дигитален маркетинг, PPC (Pay Per Click), или SEO (Search Engine Optimization), тогаш сигурно сте слушнале и за Нил Пател (Neil Patel). Денес кратко ќе ви го преставиме овој член на Global Industry Advisory Council.

 

digitalen marketer so svetska kariera

 

Претприемач и дигитален маркетер


Нил Пател е 35 годишен претприемач и дигитален маркетер кој е роден во Лондон, Велика Британија. Познат е по тоа што е основач на Crazy Egg, Kissmetrics и неколку други успешни компании вклучувајќи ја и алатката Ubbersuggest. 


Neil Patel е израснат во семејство од средна класа, а неговиот успех се должи на неговата огромна желба за знаење и успех. 
Па, како Нил постигнал толку толку многу за многу кратко време?


Нил започнал да учи дигитален маркетинг на 16 години, односно во 2001 година. Тогаш ја создал својата прва веб-страница и почнал да се интересира за дигиталниот маркетинг кога требало да стапи во контакт со неколу маркетинг фирми за да му помогнат во подобрување на резултатите на веб-страницата.


За само 4 години успева да ја создаде својата прва компанија.

Креирана во 2005, Crazy Egg е апликација која обезбедува алатки за следење на вашите клиенти и ви помага да ги разберете нивните интереси за да можете да го зголемите профитот од вашата веб-страница.


Потоа, во 2008 го креира Kissmetrics кој овозможува анализи кои ќе ви помогнат да ги разберете и подобрите метриките кои го водат вашиот онлајн бизнис. Преку Kissmetrics можете да следите што прават вашите клиенти и потенцијални клиенти на вашата веб страна.


Нил Пател е исто така ко-основач на Hello Bar, услуга за веб-страници која ви овозможува да креирате оригинални пораки за вашите посетители. Ова е одлична алатка за привлекување на вашите клиенти.


Во 2017 Нил Пател ја превзема алатката Ubersuggest за $120.000 и ја прави глобално позната алатка за оптимизација и генерирање на нови идеи за клучни зборови. 


Тој ги проширил функциите на оваа алатка која што до 2020 година беше бесплатна. Од годинава, бесплатните фукнции на алатката се ограничени и за да се добијат комлетните услуги, треба да се плати. Сепак, според тоа што го нуди бесплатно, оваа алатка останува една од најкористените во светот на дигиталниот маркетинг.

Креирање на содржина

Со повеќе од една деценија успех во полето на дигиталниот маркетинг, Нил доживува огромен успех со својот блог каде што го споделува стекнатото знаење со целиот свет. 


Доколку сте се интересирале за дигитален маркетинг, сигурно сте прочитале барем една од неговите статии или сте слушнале како зборува на некое од неговите видеа.


Многу луѓе се зачудени од тоа колку редовно се објавува релевантна содржина на блогот на Нил. Овој блог има приближно 2,3 милиони посетители секој месец.


Секако, Нил има уреднички тим кој му помага, како и рационализиран процес на креирање содржини. Неговиот блог е успешен поради содржината која ја нуди, но и начинот на кој истата е сервирана. Мислења се секогаш едноставни и јасни, а клуч на неговиот успех е и користењето на content calendar.


Нил е претприемач што не покажува знаци на забавување во скоро време. Всушност, тој неодамна започна со снимање на сесии во живо на Фејсбук, што секако резултираше со уште поголема популарност на неговите содржини и зголемен број на посети на неговиот блог.


Неговиот список на клиенти е исто така неверојатно импресивен. Нил Пател може да се пофали дека соработува со брендови како Amazon, eBay, Google, Salesforce, General Motors и NBC. Тој, исто така, има водено презентации за персоналот во поголемите компании, вклучувајќи го и Facebook.


Neil Patel не престанува со креирање на неверојатна содржина, тој е еден од домаќините на подкаст наречен Marketing School. Заедно со Eric Sui опфаќаат најразлични теми за дигитален маркетинг, а имат повеќе од еден милион слушатели месечно. 


Во 2016 година, Нил станува ко-автор на книгата Hustle: The Power to Charge Your Life with Money, Meaning, and Momentum која станува бестселер.


“Создадете содржина која учи.” – Нил Пател

Заклучок

Нил Пател е одличен пример за професионален дигитален маркетер, тој ја сфаќа својата работа сериозно, брзо се прилагодува на промени и продолжува да биде водач на мислата во индустријата. Токму затоа е дел од Global Industry Advisory Council!


Иако при градење на неговата кариера се сретнал со огромен број на пречки, неговата решителност, напорна работа и став му овозможиле да стане еден од најдобрите претприемачи во светот на дигиталниот маркетинг. 


Единствено нешто полошо од тоа да пробате нешто и да не успеете, е воопшто да не пробувате ништо.


Дознајте повеќе за програмите на Galeksia.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче