Бесплатни вебинари: Продолжи да се едуцираш со Galeksia

Бидејќи сакаме секој продуктивно да го користи времето поминато дома, неодамна решивме да почнеме со серија на бесплатни вебинари преку кои ќе можете да научите нешто ново или да го надоградите вашето знаење.


И покрај тоа што постојат многу вебинари и овој формат станува доста популарен, решивме начинот на кој што ние ќе ги спроведуваме овие бесплатни предавања да биде малку поразличен.


При креираање на нашите бесплатни вебинари, важно ни беше да се вклучи и публиката. Па така, пред секој вебинар креиравме мини прашалници со кои ви дадовме шанса да се вклучите и токму вие да гласате за темата за која би сакале да слушнете и научите нешто повеќе.


Темите беа креирани со цел да се обезбеди и практично знаење поврзано со дигиталниот маркетинг. Секоја тема требаше да донесе вредност и знаење соодветно со барањата и искуството кое заинтересираните го имаат. 


Ова помогна да:

  • Креираме успешни вебнари за кои има голем број на заинтересирани;
  • Публиката да добие одговор на прашања кои се значајни за нив;
  • Публиката да се стекне со знаење и вештини и да добие одредени tips and tricks на секоја тема, соодветно.


Главниот фокус со бесплатните вебинари беше да ѝ дадеме знаење на публиката и затоа создадовме навистина сеопфатни вебинари со презентации, кои опфаќаа широк спектар од зададената тема.


Бидејќи знаеме дека секогаш постои разлика помеѓу регистрираните и присутните на вебинарот,  испраќаме снимка за секој кој се регистрирал и би бил дополнително заинтересиран да го погледне вебинарот.


Сепак, за креирање на успешни вебинари, потребно е многу работа,  искуство, планирање и подготовка. Нашите досегашни вебинари ги водеше Теодора Филовска, еквивалент на професионалец кога станува збор за дигиталниот маркетинг. 


Таа е основач и сертифициран DMI тренер на Galeksia. Теодора има реализирано над 60 консалтинг проекти и има учествувано на повеќе од 30 настани како ментор и говорник. Избрана e за еден од најуспешните претприемачи во Европа за 2019 година од страна на U.S. State Department и World Chicago.


Овие вебинари беа вистинска можност за учење за вас и одлично искуство за нас, како организатори. Тоа го истакна она што веќе го мислевме, интернетот може да биде одличен начин за пренесување на квалитетно знаење и стекнување на нови вештини.

 

stani digitalen marketer

 

Месец на бесплатни вебинари во Galeksia

Еден од многуте предизвици со кои се среќаваме во пракса е како паметно да ја оптимизираме и насочиме нашата дигитална стратегија кога се соочуваме со глобална криза. Затоа, на 14ти април се одржа нашиот прв бесплатен вебинар со наслов: How to Get the most of Digital Marketing during challenging times.


На повеќе од 100 присутни, Теодора им сподели практични примери и суштинско знаење поврзано со темата.

Присутните можеа да научат:

  • Како правилно да го прилагодат својот бизнис модел;
  • Како правилно да одредат буџет;
  • Кои канали можат да им донесат најмногу ROI;
  • Tips and tricks за полесно прилагодување на нивната дигитална стратегија;
  • Како да креираат релевантна содржина за вакви случувања;
  • Како да си овозможат полесна комуникација и достапност за своите клиенти.


За вебинарот на 28ми април, дадовме избор од два наслови за гласање, поврзани со социјалните медиуми. Па така, вториот вебинар беше на темата: The importance of having a Social Media Calendar for your business and how to create an effective one.

Присутните можеа да научат:

  • Зошто е важно да се креира добар Social Media Content Calendar;
  • Како правилно се креира Social Media Content Calendar;
  • Што да вклучат во својот Content Calendar;
  • Tips and tricks за креирање на Content Calendar кој ќе ги содржи сите нивни бизнис приоритети.


Нашиот трет вебинар беше малку поразличен. Регистрираните имаа одлична можност да видат како изгледа глобалната платформа на Digital Marketing Institute.


Платформата на Digital Marketing Institute брои илјадници членови од целиот свет. Со запишувањето на Galeksia, учесниците добиваат ексклузивна можност да бидат дел од оваа заедница и да добијат пристап до професионални, бесплатни материјали за учење кои даваат дополнителна вредност на програмата.


Со овој sneak-peak се обидовме да ги доближиме светските стандарди до заинтересираните и да им одговориме на сите прашања поврзани со програмата на Galeksia.

Нови идеи и повратни информации

Од нашиот прв вебинар произлезе идејата, како посредници да им помогнеме на компании и поединци да направат меѓусебна соработка. Најмногу за сите кои работат како freelancers или се претставници на компании кои имаат потреба од нови вработени.


За одредени луѓе, со нашата иницијатива, шансите за зголемување на контакти и ново вработување, односно пронаоѓање на нови вработени се зголемија.


Досега, повратните информации се одлични и очигледно на луѓето им беше потребно ова “освежување” кога станува збор за споделување на знаење од областа на дигиталниот маркетинг. 


Ние сме презадоволни што имавме можност да ги подучиме оние што веќе се дел од светот на дигиталниот маркетинг но и да им помогнеме и на оние кои што се почетници.


Огромна благодарност до сите кои присуствуваа, а особено оние од вас кои одвоија дополнително време да споделат дел од искуството и со останатите.

Завршни зборови

Galeksia нуди нов, повисок стандард во едукацијата за дигитален маркетинг во нашата земја, а по првите три вебинари сме уште повеќе мотивирани да го споделиме нашето знаење со сите вас.


И на наредните вебинари нашите предавачи ќе ви споделат бесценети практични примери и знаење кое што ќе можете и вие да го примените.


Ние ќе продолжиме посветено да работиме за да ви помогнеме да ги остварите вашите цели на професионален план.



Дознајте повеќе за програмите на Galeksia.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче