Маркетинг на LinkedIn: Кои се можностите?

Без оглед на тоа какви се твоите вештини и колку си добар во тоа што го правиш, доколку сакаш да останеш во игра и да изградиш голема кариера, постојат неколку додатни работи што мора да ги направиш. 


Живеејќи во дигитална ера, имаме безброј предности кои можеме да ги искористиме во ова поле. Па оттука, еден начин да допреме до потенцијалните работодавци, а воедно и да изградиме приказна зад нашето име и вештината што ја нудиме, е токму мрежата LinkedIn.


Доколку често размислуваш кои се начините да ги презентираш твоите вештини, во продолжение ти нудиме неколку совети што ќе ти помогнат да изградиш добар LinkedIn профил за тебе и за компанијата од која си дел.

Додатно, ќе ти укажеме зошто е важно да следиш сопствена дигитална маркетинг стратегија на оваа платформа, давајќи ти неколку совети што ќе ти помогнат да стартуваш со предност. 

Придобивките од Linkedin маркетинг

И покрај воведното излагање, можеби се прашуваш: зошто би креирал план за дигитален маркетинг преку оваа платформа? Доколку е така, не си сам/а!


Голем број на млади луѓе имаат потешкотии да ја разберат идејата зад креирањето профил кој ќе допре до повеќето професионалци, како и идни работодавци. 


Доколку барем еднаш си се логирал/а на оваа мрежа, веројатно ти се познати опциите што се понудени. Меѓутоа, доколку вистински знаеш како да ги користиш и го правиш тоа умешно, нема да се соочиш со никаква потешкотија при потрагата по работа во иднина.


Додатно, споделувајќи ги вистинските содржини и следејќи ги вистинските луѓе, градиш авторитет во бизнис светот и таквиот подвиг е од огромна важност во денешниот дигитален свет.

LinkedIn маркетинг како дигитален маркетер или компанија

Анализирајќи ги можностите, најпрво, постојат повеќе призми низ кои придобивката од оваа мрежа може да се разгледува.

Доколку си дигитален маркетер кој сака да работи на својата професионална надоградба, постојано учејќи за новитетите во светот, ова е вистинската мрежа за тебе. Додатно, ќе имаш увид во измените кои се случуваат кај водечките компании на пазарот, како и оние кои работат локално.

Да останеш запознаен со нивната работа е од исклучителна важност, бидејќи следејќи ги промените ќе имаш да понудиш многу повеќе од твоите добри вештини како дигитален маркетер.


Во денешниот свет, сите успешни компании имаат свој LinkedIn профил кој го користат за промоција, како и за остварување комуникација со потенцијалните бизнис партнери.


Благодарение на понудените опции, платформата нуди можност за креирање на цела дигитална маркетинг стратегија што ќе допре до потребната демографија.

Вклучително, имајќи група на корисници кои се успешни во вештината која ја нудат, LinkedIn е одлично место за сите регрутери кои трагаат по проширување на тимот.

LinkedIn маркетинг за твојот бизнис

Како што веќе споменавме, LinkedIn е идеалната платоформа кога е во прашање градење стратегија што води до успешен маркетинг за компании. Затоа, во продолжение ќе ти укажеме на неколку трикови со кои можеш да креираш успешен маркетинг за твојот бизнис преку оваа платформа.

  • Споделувај објави со визуелни содржини


Она што најдобро успева на оваа платформа се видеата кои статистички се петпати повеќе проследени од останатите содржини. Исто така, видеата се приоритизирани согласно алгоритмот на LinkedIn, што е дополнителна причина зошто мора да останеш креативен/a и да дозволиш да бидеш виден/a.


Според статистиките, објавите кои содржат фотографија добиваат 98% повеќе коментари од оние со блокови текст. Исто така, колажите што содржат неколку фотографии успеваат кај профилите на компаниите. 


Меѓутоа, пред да објавиш одредена слика, мораш да внимаваш на дизајнот, бидејќи креирањето на креативна содржина ќе ти помогне да освоиш поголема публика. Додатно, можеш да користиш документи или презентации, согласно идејата зад твојата објава и целта што сакаш да ја постигнеш. 

  • Оптимизирај ги твоите објави


Кога објавуваш содржини од страницата на твојата компанија, мораш да внимаваш на сите елементи, вклучувајќи ја адаптацијата кон алгоритмот на самата платформа. Истиот ги рангира објавите врз база на неколку критериуми, вклучувајќи ги личните конекции и складноста во интересите.

Со други зборови, целта на вака структурираниот алгоритам е корисниците да добијат содржини кои потенцијално ќе им се допаднат, или пак ќе ги стават во искушение да дознаат повеќе за содржините кои ги објавуваш.

Со оглед на ова, треба да внимаваш на публиката која ја додаваш, а воедно и можеш да ги известуваш останатите вработени откако ќе креираш нова објава. На овој начин заедно можете да ја зголемите публиката на вашата платформа, а воедно и да креирате простор за уште поголем таргет.

  • Користи алатки кои ќе ти помогнат во процесот


Според она што до сега ти го презентиравме, можеш да воочиш дека преку оваа платформа, добиваш цела нова димензија во дигиталниот маркетинг. Имено, имаш пристап до демографијата која ти е потребна, а воедно и изразува волја и желба да дознае повеќе за она што компанијата го прави. 


Меѓутоа ова не значи дека твојата стратегија како дигитален маркетер треба да биде водена од конформизам. Со цел да креираш содржини кои ќе бидат силни на квалитет, а притоа нема да отстапат од технички важните елементи, мораш да користиш алатки што ќе ти помогнат долж процесот. Оттаму, Canva, Hootsuite, SlideShare и LinkedIn Groups се само мал дел од опциите кои ти се нудат, а се од особена важност.

  • Секогаш внимавај на квалитетот на објавите


Можеби овој совет е последен во оваа низа, меѓутоа, ова мора да го имаш предвид пред да објавиш било што на страницата на твојата компанија.

Особено е важно да се сочува приказната како бренд, како и квалитетот на содржините кои се објавени, со цел да се зачува кредибилитетот на самата компанија.

Секогаш е добро да се објавуваат креативни и автентични содржини, меѓутоа истите мора да останат во доменот на визијата што компанијата ја има.

Заклучок

Како платформа со најголема професионална мрежа во светот, LinkedIn социјалната бизнис платформа ќе ти помогне да се промовираш себеси, да оствариш комуникација со останатите колеги во полето, како и да си во постојан тек со промените кои се случуваат во бизнис светот.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче