Дигитален маркетинг за мали бизниси

Многу често, кога еден претприемач го почнува својот мал бизнис, како кај нас така и во светот, ги занемарува можностите и придобивките што ги нуди дигиталниот маркетинг. Традиционалните методи, како печатени промотивни материјали и билборди, со причина се помалку се користат, тие не гарантираат дека ќе допрат до групата на корисници кон која вие целите.


Можеби сметате дека затоа што вашиот бизнис е мал, ќе им треба време на луѓето за да го запознаат. Тука сте во право, но дали само квалитетен производ или услуга ќе биде доволно за да создадете група лојални потрошувачи?

Бенефити од дигиталниот маркетинг

Живееме во време кога сите постојано сме активни онлајн. Пред колку минути последен пат го користевте вашиот мобилен? Не заборавајте дека истото го прават и вашите потенцијални клиенти.


Со можностите што ги нуди дигиталниот маркетинг, може да допрете до специфична група на луѓе, а во исто време и да заштедите. Пребарувачите и социјалните мрежи нудат голем број на алатки, кои се моќно оружје во онлајн рекламирањето. Одредени платформи што ќе ви требаат имаат мали годишни претплати, додека кај други по ваш избор се плаќаат само одредени објави.


Другите бенефити од онлајн маркетинг вклучуваат:

  • Добивате огромна публика пред која може да презентирате што нудите и што ве прави посебни и подобри;
  • Успехот од рекламирањето е мерлив, може да се анализира и споредува;
  • Имате можност за директна интеракција со голем број потрошувачи, меѓу кои се вашите потенцијални клиенти;
  • Откривате што точно бараат потрошувачите, имајќи можност да се развивате во таа насока;
  • Иако сте мал бизнис, со онлајн рекламирање сте дел од глобалниот пазар;
  • Со помал буџет покривате поголем аудиториум, споредбено со методите на традиционалниот маркетинг;
  • На клиентите можете лично да им се претставите, создавајќи посебна врска и со тоа лојалност кон брендот;
  • Можете да ги следите реакциите веднаш по објавувањето и во текот на целата реклама, а по завршувањето да ги анализирате црпејќи информации за наредни кампањи.

Зошто сè уште не сте се одлучиле за дигитален маркетинг?

Одговорот на ова прашање е различен кога станува збор за различни профили на сопственици на мали бизниси, но заклучокот сепак се сведува на истото. 


Некои од нив мислат дека немаат доволно време или буџет за да се конкурентни онлајн. Други, дека сè уште учат како да го водат својот нов бизнис и можат да се носат само со одреден број на предизвици истовремено. Многу од нив повеќе преферираат процесот за пласман на производот или услугата да оди побавно, користејќи само еден или два типа на рекламирање, претпоставувајќи дека бизнисот ќе еволуира и порасне со текот на времето. Според некои, најдобра стратегија е да чекаат на потрошувачите. Бидејќи имаат мал бизнис претпоставуваат дека ќе имаат и мал број клиенти.


Овој пристап навистина не е ефективен. Немате никаква гаранција дека ќе привлечете корисници само затоа што постоите. Доколку тоа се случи, не можете да бидете сигурни дека нивниот број ќе биде доволен за бизнисот да биде профитабилен.

 

Вашите корисници се онлајн

Дали сè уште ја одбегнувате можноста за онлајн маркетинг сметајќи дека не знаете доволно за истата? Или можеби оставате да помине повеќе време за постепено да ги откриете начините на кои би сакале да сте присутни онлајн?


Проблемот со овој пристап е што вашите клиенти и потенцијални клиенти се веќе онлајн. Сега. Денес. Секојдневно некој бара производ или услуга каква што вие нудите, меѓутоа ако вашиот бизнис не може да се најде онлајн, ќе излезе бизнисот на некои од вашите конкуренти.


Едноставно тоа е начинот на кој сега се функционира. Гледаме оцени и коментари од претходни корисници. Ако нешто не можеме да го најдеме онлајн, веднаш претпоставуваме дека не е легитимно. 


Веќе е добро познато дека ако не си онлајн е исто како да не постоиш. За да се изгради бренд од еден мал бизнис, онлајн присуството е задолжително. Дигиталниот печат што се остава мора да биде што поголем, попривлечен и вреден за паметење.

Вашите конкуренти исто така се онлајн

Другите бизниси од вашиот домен на работа не се само конкурнти, тие треба да бидат и некој од кого може да се научи. Патувањето до успехот, на кое сакате да го водите вашиот бизнис, е патека која некој веќе ја има почнато. Што направиле правилно? Што вие би промениле? Какви свежи идеи носите со вас како претприемач жеден за повеќе? 


Вашите директни конкуренти веќе оствариле онлајн присуство. Кои платформи ги користат? Што објавуваат? Дали се тоа воглавно фотографии и видеа, можеби графикони, дали имаат и свој блог, едукативна содржина?  


Оставете свој белег во дигиталниот свет и приклучете се на глобалниот натпревар!

Ако потенцијалните клиенти истражуваат и можат да ја најдат веб страната на вашите конкуренти, но не и вашата, вие сте дисквалификувани уште пред да почне натпреварот. Потрошувачите не можат да ве изберат, ако не знаат дека постоите. Ова се однесува и во случај да имате одлична веб страна и јасна порака.

Бидете секогаш лесно достапни за корисниците

Освен вашата веб-страница со ефектен изглед и оптимизиран дизајн за сите екрани, познавањето на SEO (оптимизација на пребарувачи) е идеален начин да допрете до што е можно поголем број на луѓе, кои ќе внесат клучни зборови за вашиот бизнис. 


Одлучувачки момент за потенцијалните клиенти е да ве најдат први, без разлика дали поставуваат одредено прашање или бараат на конкретна локација.


Со прегледување на веб страните на вашиот бизнис и оној на вашите конкуренти, корисниците може да споредат сè. Услови, цени, достапност, коментари, оценки од други клиенти, како и бројот на информации споделени со нив, сето ова може да биде пресудно за носење на конечната одлука. 


Вие ја избирате сликата што ја ставате онлајн, изберете ја најдобрата верзија.

Клиентите сами ќе почнат да доаѓаат кај вас

Со помош на алатките кои дигиталниот маркетинг ви ги нуди, може да бидете секогаш достапни и на дофат на рака од своите клиенти. Нека вашиот бизнис биде првото и единствено нешто што тие го избираат. Сите сакаме удобност и стабилност.


Добриот збор далеку се слуша, а добрата услуга уште подалеку.


Со ефективна онлајн присутност, вашиот бизнис ќе биде секогаш отворен и на клиентите ќе им бидете достапни во секој дел од денот.


Сите потрошувачи, постојани и потенцијални, ќе можат да ви испратат е-mail и да постават прашање. Да купуваат онлајн, да добиваат одговори во текот на купувањето, како и постојано да бидат информирани за нови производи и промоции. 


Оние кои не можат да дојдат кај вас, сепак ќе можат да бидат поврзани со вас и вие со нив.

Изградете бренд од доверба

Дигиталниот маркетинг ви дава можности кои некогаш беа непостоечки. Можете целосно да ја запознаете публиката пред која ја пласирате услугата или производот. Извршете анкета, пишете им лично, посебно внимание посветете на коментарите што ги оставаат и научете од нив во која насока да го развивате вашиот бренд. 


На овој начин може да создадете подлабока врска со своите потрошувачи. Бидете повеќе од бизнис, бидете претприемач од доверба. Сепак на крајот на денот, сите повеќе сакаме да купуваме и да бидеме таму каде што веќе сме биле и каде што се чуствуваме ценето.


Споредбено со другите опции за пласирање на маркетинг, како што се телевизиски и радио реклами, онлајн рекламирањето чини значително помалку, а во исто време имате поголема и одбрана публика. 


Промовирањето на вашиот мал бизнис со помош на алатките на дигиталниот маркетинг, со сигурност ќе ви даде многу подобри шанси за деловен успех.


Со програмата на Galeksia, ќе научите да ги користите сите можности што ви ги нуди дигиталниот маркетинг и многу повеќе. Бидете успешен претприемач и донесете го вашиот мал бизнис до врвот. Приклучете им се на илијадниците професионалци од целиот свет кои го завршиле курсот за Certified Digital Marketing Professional. 

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче