Olivia Kearney – CMO Microsoft, Ireland

Доколку сакаш да се занимаваш со дигитален маркетинг, на патот до успехот постојат многу пречки кои се минливи со напорна работа и учење.


Меѓутоа, поради достапноста на еден куп информации онлајн, многумина се загубени во потрагата по правилен начин на стекнување со знаење.


Со цел да ги развиеш своите вештини како дигитален маркетер, мораш да учиш од најдобрите. Поволноста да учиш од ментор со богата професионална биографија е огромна и таквата одлука ќе ти помогне да стартуваш со предност пред останатите.


Токму затоа, Galeksia ти нуди можност да се пријавиш на понудените обуки во областа на дигиталниот маркетинг и да учиш од најдобрите во ова поле.


Сите едукативни програми на Galeksia се сертифицирани од Digital Marketing Institute. За нивното креирање се задолжени лидери во светскиот дигитален маркетинг и следејќи ги, имаш можност да учиш од најдобрите професионалци кои ги дефинираат трендовите во светот.

Избери програма што ќе ги усоврши твоите вештини

Со цел да ти помогнеме во твојот професионален развој и кариерен напредок, како и дополнително да те мотивираме кон патот према успехот, во продолжение ќе можеш да прочиташ повеќе за начинот на кој работи оваа компанија.


Дополнително, следејќи го кариерниот напредок на Olivia Kearney, како дел од Global Industry Advisory Council, ќе разбереш зошто е важно да се посветиш на учење според програма креирана од најдобрите во полето на дигиталниот маркетинг.


Microsoft е една од водечките компании кои вложуваат во дигитална продажба и умешно го спојуваат физичкиот свет во компактна и достапна платформа онлајн.


Овој спој ни е од голема помош во многу аспекти од секојдневниот живот, со исклучителна важност за компаниите кога станува збор за маркетинг и продажба. Кога е во прашање маркетинг стратегијата на Microsoft, главниот амбасадор на ова поле е Olivia Kearney, назначена како раководно лице на одделот за маркетинг во Ирска. 

Учи дигитален маркетинг од најдобрите компании

Доколку се занимаваш со дигитален маркетинг, веројатно си запознаен/а со динамиката долж која бизнис светот денес еволуира. Дигиталните трансформации се одвиваат постојано, во полна брзина и со голем замаф. Со цел да се остане истраен и секогаш во тек со овие промени, стратегиите за маркетинг и продажба мора да соодвествуваат на измените кои пристигнуваат на новиот дигитален пазар. 


Microsoft е една од многуте компании кои континуирано усвојуваат нови технологии и имплементираат нови стратегии со цел им ги приближат информациите на своите потрошувачи.


Силно верувајќи во моќта на дигиталната продажба, тимот на Microsoft смета дека овој начин на тргување е есенцијална сила кај денешните B2B маркетинг стратегии.

Веројатно е дека секој од нас е многу добро запознаен со оваа компанија, а воедно и со нивните производи и услуги достапни на пазарот. Како реномиран бренд кој опстојува на врвот неколку декади, Microsoft е корпорација која развива, креира, лиценцира, поддржува и продава компјутерски софтвери, компјутери и слични производи и услуги.


Денес, речиси и нема човек кој не е запознаен и не го користи нивниот оперативен систем, како и пакетот со канцелариски алатки достапни на истиот.

За идеален професионален развој, учи од програмите на Galeksia

Развивајќи ги дигиталните маркетинг стратегии во Ирска, Olivia Kearney е амбасадор на брендот, раководејќи со група од 2.000 луѓе распределени во шест бизнис сектори. Заедно со својот тим, таа е задолжена за имиџот на брендот од економска перспектива, како и оддржувањето на реномето и важноста кај различните публики на пазарот.

Според неа, во денешната бизнис клима, конкуренцијата е безмилосна. За вистински да умееме да се адаптираме, мораме да креираме успешна и динамична стратегија имплементирана во физичкиот и дигиталниот свет.


Со цел да се обезбеди иден успех, голем број од прогресивните компании како Microsoft, се фокусираат кон освојување на пазарот, бирајќи пристап кој ќе им даде нови алатки и можност за нови начини на допирање до потенцијалните потрошувачи.


Како дел од компанија која е гигант на пазарот и со декади дефинира што значи да се остане во постојан развој, Olivia Kearney е дел од тим во кој нема простор за грешка во креирањето маркетинг планови. Оттука, таа е искусен професионалец во ова поле, умеејќи вешто да се справува со одговорноста која работните денови ѝ ја носат.

Важноста од следење на обука за нови вештини и подобра работна позиција

Доколку сакаме да останеме професионалци во одредено поле, важно е постојано да ги надоградуваме нашите вештини и да останеме во тек со промените кои се случуваат. Токму затоа, компаниите кои се лидери во своето поле, ја имаат усвоено оваа практика и ја применуваат кога е во прашање континуираното обучување на своите вработени.


Microsoft e компанија која ги користи обуките на DMI со цел да пренесе нови знаења во својот тим.


Со оваа стратегија, секој раководител се грижи за иднината на компанијата од која е дел, а вработените добиваат шанса да се стекнат со нови знаења и подобра работна позиција.


Оттука, добивајќи сертификат по завршувањето на курсот, добиваш валидација од совет кој е исклучително ценет на пазарот на трудот.


Стекнувајќи се со уникатни вештини, имаш можност за унапредување на својата кариера и истите се ценети од голем број на работодавци ширум светот. 

Заклучок

Единствениот начин да станеш професионалец во областа на дигиталниот маркетинг е процесот на учење од лица кои се стекнале со богата професионална биографија и работат на високи позици во ова поле.


Galeksia ти нуди можност да учиш од програма креирана од голем број на лидери кои се дел од Global Advisory Council, вклучувајќи ја и Olivia Kearney – раководителката на одделот за маркетинг во Microsoft со седиште во Ирска. 

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче