Љубчо е еден од студентите кои со нетрпение го чекавме и конечно го дочекавме за интервју 😄, и тоа како Head of marketing на Email Industries! Вљубеник во сѐ што претставува дигитален маркетинг, крајно ангажиран, посветен, секогаш во трка со времето па и себеси да постигне нешто плус. Со право е еден од учесниците на Galeksia, кој имал значаен кариерен раст по завршувањето на нашата програма за дигитален маркетинг.
Како започнала неговата историја со дигиталниот маркетинг, од каде одлуката да го усоврши знаењето и да се запише во Galeksia па се до новата работна позиција како огромен чекор напред во кариерата, Љубчо ни дава одговори (прилично опширно😂) на сите овие прашања во следните неколку пасуси. А неговата приказна е многу повеќе од овој краток вовед, затоа не пропуштај и прочитај подолу!
Љубчо, здраво! Најпрво честитки, за CDMP дипломата и за новото работно место! 😀 Ти си студент од октомвриската група на Galeksia но и дефинитивно една од нашите најуспешни приказни. Имаме безброј пофалби на твоја сметка, но ајде како ти би се дефинирал себеси накратко?
– Здраво! Благодарам многу за честитките и убавите зборови! 😀 Навистина е чест да се биде дел од Galeksia и да се слушнат вакви пофалби.
Ако треба да се дефинирам накратко, би рекол дека сум неуморен и посветен дигитален маркетинг професионалец кој ужива во предизвиците и стратегиите што носат резултати. Секогаш барам нови можности за учење и развој, додека истовремено се трудам да ги споделам стекнатите знаења со другите.
Знаеме дека веќе одамна ја градиш кариерата во оваа област, но нѐ интересира како започна всушност твојата приказна со маркетингот? Од каде се роди љубовта за оваа професија? 😊
– Мојата приказна со маркетингот започна од љубопитност за тоа како бизнисите ги привлекуваат клиентите, како се гради комуникација која предизвикува реакција, стратегиите зад брендовите и како тие ги креираат своите приказни.
Да бидам искрен не се сеќавам на мојот прв контакт со маркетингот, но знам брзо сфатив дека ова е динамична област што постојано се менува. Тоа што ми се допаѓа е што маркетингот е микс од креативност и анализа, две работи што совршено ми одговараат и кои ги комбинирам со техничките вештини од моето образование, како софтверски инженер. Оттаму се роди и љубовта за оваа професија — од можноста да создадам нешто што ќе направи вистинска разлика за бизнисите и нивните клиенти. 😊
Неодамна направи уште еден level up во кариерата, и сега веќе зборуваме со Head of Marketing во Email Industries. Good job! 😁 Можеш ли да ни опишеш кои се твоите обврски сега, како изгледа еден твој работен ден и што е различно од претходно?
Фала ти уште еднаш! 😁 Да, ова беше голем чекор напред и возбудлива промена во кариерата.
Како Head of Marketing во Email Industries, моите обврски се значително поопсежни. Сега сум одговорен за целиот маркетинг план и тим, што вклучува планирање и спроведување на маркетинг стратегии, менаџирање на платени кампањи, content, SEO, lead generation, честа комуникација со останатите тимови и секако повеќе стратешко размислување за исполнување на бизнис целите. Еден од главните фокуси е да се осигураме дека Email Industries станува лидер во индустријата за email deliverability и list hygiene, а истовремено да градиме и силна содржина за да привлечеме нови клиенти.
Мојот работен ден сега е поразличен и не секој ден е ист, но вклучува многу повеќе стратегиско планирање и координација меѓу различни оддели и тимови. Се разгледуваат тековните проекти, се фокусирам на развој на нови иницијативи, како кампањи, подобрување на веб-сајтот, и анализа на метрики за да го следиме напредокот.
Разликата од претходно е што сега сум во позиција каде што морам да носам брзи одлуки и да се осигурам дека сите делови од маркетинг машината работат координирано. Исто така, имам поголема одговорност кон долгорочната визија и раст на компанијата, што бара да ги балансирам тековните проекти со пошироките цели на бизнисот. Сето ова ми дава нова перспектива и многу повеќе можности за раст!
Ти веќе имаше искуство во дигиталниот маркетинг пред да почнеш со едукацијата кај нас, но и покрај тоа, се одлучи да се запишеш на програмата на Galeksia. Како човек со искуство во областа зошто ја одбра токму Galeksia за надградување на твоето знаење? 😊
Точно е дека веќе имав искуство во дигиталниот маркетинг пред да се запишам на програмата на Galeksia, но секогаш верувам дека има простор за надградување и подобрување на знаењата, особено во толку динамична индустрија како дигиталниот маркетинг.
Она што ме привлече кај Galeksia беше комбинацијата на практичната примена на знаењето и релевантните теми што ги покрива програмата.
Многу други курсеви во областа се теоретски, но тука видов дека се става акцент на реални примери, на тоа како да ги примениш алатките и стратегиите веднаш. Дополнително, фактот што програмата е сертифицирана и призната на глобално ниво (особено преку CDMP дипломата) ми даде сигурност дека ќе добијам структуриран и целосен преглед на дигиталниот маркетинг, а истовремено ќе го зацврстам веќе постоечкото знаење.
Искрено, сакав да бидам дел од заедница која не само што ќе ми помогне да научам нови вештини, туку и ќе ме инспирира и предизвика да размислувам на поинаков начин. Galeksia ги исполни тие очекувања! 😊
Неизбежното прашање, кој ти беше омилен модул и омилен ментор во текот на академијата, и зошто? 🙂
Хммм, тешко прашање, иако го очекував. Секој модул во академијата си имаше свои вредности и беше посебен на свој начин, така што не можам да одвојам некој конкретно. Најбитно е да се присуствува на секој од нив, затоа што не може да знаеме сѐ, но може да се пронајдеме барем во дел.
Што се однесува до менторите, уште потешко да одвоиш некој. Сите беа извонредни и секој беше своја приказна за себе. Секој од нив имаше уникатен пристап и придонесува во групата и со своето знаење и пристап како личност.
Со твоето богато портофолио им беше од исклучителна помош на твоите колеги студенти на академијата. Дали можеби ти се гледаш како ментор во иднина, те привлекува ли и таа дејност?
Навистина ми беше задоволство да им помагам на моите колеги студенти, и искрено, идејата да бидам ментор во иднина ми е доста привлечна.
Секогаш уживам во споделувањето на знаењето и искуствата, а фактот што можам да придонесам кон развојот на некој друг, ми носи големо задоволство.
Менторството е нешто што дефинитивно би го разгледал како следен чекор во мојата кариера, бидејќи верувам дека учењето е двонасочен процес – и менторот може многу да научи од своите студенти.
Дигиталниот маркетинг, особено во ерата на АI е една област која постојано е подложна на промени. Кои лични особини се според тебе неопходни за успех во оваа индустрија?
Апсолутно, дигиталниот маркетинг, особено со воведувањето на AI, се менува многу брзо, нема да не замени, баш напротив доколку паметно го користиме можеме повеќе да напредуваме. Но, сепак, за да бидеш успешен во оваа област, мислам дека неколку лични особини се клучни:
Флексибилност и адаптибилност – Промените се константа во дигиталниот маркетинг, па затоа е важно да бидеш подготвен брзо да се приспособиш на нови алатки, трендови и стратегии.
Љубопитност и постојано учење – Со технологијата што постојано се развива, мора да си љубопитен и да имаш желба постојано да учиш и да се усовршуваш.
Креативност и иновативност – Маркетингот бара постојано размислување и приспособување. Креативноста е она што го разликува еден бренд од друг и го прави да се истакне.
Аналитичко размислување – Во ерата на big data, способноста да ги анализираш резултатите и да донесуваш информирани одлуки е од суштинско значење.
Трпеливост и упорност – Резултатите во дигиталниот маркетинг не доаѓаат преку ноќ. Трпеливоста и упорноста се клучни за долгорочен успех, бидејќи многу стратегии бараат време за да покажат резултати.
Со овие особини, мислам дека секој што има страст за оваа област може да се справи со предизвиците и да постигне успех во дигиталниот маркетинг.
Од професионален аспект, каде се гледаш за две години од овој момент? Имаш некоја неостварена желба или можеби зацртана цел до каде сакаш да стигнеш?
За две години од сега, се гледам како уште подлабоко инволвиран во стратегиското водство на маркетинг тимови, можеби дури и во улога на CMO (Chief Marketing Officer) или водечка позиција во поголем глобален проект.
Сакам да бидам во позиција каде што моето влијание ќе биде директно поврзано со растот и успехот на компанијата, додека истовремено би продолжил да учам нови работи и да ги применувам во пракса.
Што се однесува до неостварени желби, секогаш имам амбиции за нешто повеќе. Една од моите зацртани цели е развој на сопствен проект или стартап кој би комбинирал технологии како AI и дигитален маркетинг за да им помогне на компаниите да ги подобрат своите маркетинг стратегии. Тоа што навистина ме води е желбата да креирам нешто уникатно и значајно, што би оставило трага во индустријата.
Твојата професија ретко го дозволува луксузот да се тргнеш од екраните а и живееме во време во кое навистина е тешко да се оствари тоа. Дали ти успева тебе? Како ги полниш ти батериите во слободно време? 😊
Точно е дека професијата не дозволува многу време за оддалечување од екраните, но доколку поставиш добар распоред и дисциплина, посветувајќи се на себе, секако дека ќе најдеш начин да го приоритетизираш сопственото здравје. Но, она што навистина ми помага да ги наполнам батериите е времето поминато во природа.
Во слободно време најмногу уживам во фотографијата – тоа е начин на кој можам да се изразам креативно и да ја доловам убавината на секојдневните моменти. Follow me на инста 😂😉
Исто така, читам книги, возев точак, но ми го украдоа, треба да си купам нов, секое патување е добредојдено, но најитересниот дел ми е кога со девојка ми ќе работиме на некој заеднички проект како во моментов (дозволете да се изрекламирам) 3D Wall Art, кој може да го проверите на foru.lab.
За крај, што би им препорачал на сите оние кои сакаат да се запишат на програмата на Galeksia и да го усовршат своето знаење?
Би им препорачал без двоумење да се запишат!
Програмата на Galeksia е идеална за секој што сака да се усоврши во дигиталниот маркетинг, без разлика дали е почетник или веќе има искуство.
Она што ја прави уникатна е практичната примена на знаењето, релевантните и актуелни теми, како и менторите кои несебично го споделуваат своето искуство. Ќе добиете цврсти знаења и вештини кои веднаш можете да ги примените во реални ситуации.
Ако сте подготвени да учите, да се надградувате и да се предизвикувате себеси, Galeksia е вистинскиот избор!
—
Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!