Упорноста и дисциплината се клучот за успех – Марин Крстевски

Денес зборуваме со еден од најмладите, но и најуспешните студенти на Galeksia – Марин Крстевски. Со апсолутно никакво предзнаење во областа на дигиталниот маркетинг одлучи да се запише на CDMP програмата на Galeksia, и не само што стекна доволно вештини и знаење за да го добие глобално признатиот сертификат и да се вработи, тој отиде неколку скалила погоре и ни помалку ни повеќе на само 21 година отвори своја маркетинг агенција! Just wow! Навистина имавме огромни очекувања, но и покрај тоа успеа да ги надмине сите.

Како се стигнува воопшто од физиотерапевт во Marriot до сопственик на агенција за дигитален маркетинг, како се одлучил дека е време за трансформација, од каде се појавила желбата за изучување дигитален маркетинг, какви совети им дава на сите студенти што ја завршиле академијата и не знаат како да започнат кариера во областа, на ова и на уште многу други прашања, Марин ни дава одговори во ова интервју. Hurry up, тој има многу што да ти сподели! Прочитај подолу!😁

1. Марин, здраво! На само 21 година, веќе си сертифициран дигитален маркетер а за ултра кратко време и сопственик на digital marketing агенција! Wow! Било кои зборови ќе бидат недоволни за да ти честитаме и да ја опишеме воедно и нашата гордост.  За почеток, дали го очекуваше сето ова што ти се случува?😊

– Многу ви благодарам за убавите зборови. Не можам да кажам дека сето ова го очекував, туку однапред го визуализирав и поставував одредени цели за да стигнам тука каде што сум, но ова е само почеток.

2.Пред да се запишеш на програмата, работеше како физиотерапевт во Marriot. Од каде идејата и интересот баш за дигитален маркетинг, бидејќи сепак се работи за две сосема неповрзани области? 

– Уште во средношколските денови имав тенденција да започнам сопствен бизнис, но не знаев што точно. Во тоа време беше актуелен dropshipping-от, и одлучив да посетам курс за тоа. Меѓутоа, во самиот курс, најмногу внимание ми привлече модулот за маркетинг. Иако таму имаше само основни предавања околу маркетингот, јас одлучив да го надоградам своето знаење токму во оваа област. Почнав да истражувам во која академија да се запишам по завршување на средното образование, и така всушност дознав за Galeksia.

3.Што беше пресудно да се одлучиш конкретно за Galeksia?

-Самата програма што ја има Galeksia, всушност програмата на DMI, лично мене многу ми се допадна и ме заинтересира па така изборот беше прилично лесен. Можностите за развој во кариерата по завршување на академијата се навистина големи и тоа беше дополнителен мотив за мене. Се рабира покрај сето ова, ги прочитав и искуствата на претходните студенти кои што ми потврдија дека го направив вистинскиот избор.😊

4.Програмата на DMI предвидува изучување на десет модули како основи на дигиталниот маркетинг и студентите стекнуваат најразлични дигитални вештини. Која област тебе ти привлече најмногу внимание и зошто? 

– Навистина е тешко да издвојам еден, сите модули се олдични, но најмногу ми се допадна последниот – “Digital Marketing Strategy”. Едноставно Михаил има предобра енергија, духовит, со преголемо знаење и искуство, и навистина посвети максимум за да ни го пренесе знаењето.

5.Со огромна гордост потврдуваме дека ти си првиот наш студент кој не само што направи кариерна трансформација, туку веднаш по положување на финалниот испит и без никакво претходно искуство отвори сопствена агенција за дигитален маркетинг, и веќе работи со неколку клиенти. Speechless! Како стигна до Click Wise Innovations? Од идеја до реализација, please, не изоставај ниту еден детаљ, нѐ интересира буквално сѐ!😊

-Click Wise Innovations се појави како идеја уште пред една година, меѓутоа немав план како сето тоа да го реализирам. Често дома го гледав Iman Gadzhi, и од таму ми се појави првичната идеја за отворање на сопствена маркетинг агенција. Знаењето коешто Galeksia ми го пружи, го искористив за надоградување и усовршување на моите вештини, и веднаш по успешното завршување на академијата, почнав да влегувам во групи и здруженија поврзани со дигиталниот маркетинг. Па така, влегов во програмата на Алекса Јовановиќ. Тој има своја маркетинг агенција веќе 3-4 години, здружение “Get Clients Online” и програма во која те учи како да отвориш своја маркетинг агенција. Тука научив нешто повеќе околу видео едитинг, веб дизајн, appointment setting итн. и со примена на сите овие вештини, ја отворив конечно и својата маркетинг агенција 😁. 

6.Секој почеток е исклучително тежок, а со оглед на огромната конкуренција пробивањето на пазарот во оваа област е еден комплициран процес, кој си бара многу посветеност, труд и време. Како успеа да дојдеш до првиот клиент? И дали тоа беше моментот кога си рече I made it!? Или сѐ уште не ти се верува дека ова што се случува е реално?😊

– Јас ја имав таа среќа да уште во првиот месец од постоењето на Click Wise Innovations дојдам до моите првите два клиенти преку “networking и cold call”. Искрено не ми се веруваше дека за толку краток период ќе дојдам до мојот прв клиент, но бев упорен и дисциплиниран, и тоа претпоставувам дека е клучно за успех.

7.Кои се најголемите предности а кои најголемите потешкотии со кои се соочува еден (нов) сопственик на бизнис? Како се справуваш со нив? 

-Сѐ зависи од тоа за каков тип на бизнис станува збор. Генерално со маркетинг агенција, јас гледам само предности, а тоа се флексибилно работно време, подобра организираност, немаш притисок над глава, сам си организираш буквално сѐ. Како единствена потешкотија би го издвоил пронаоѓањето на клиенти. Сѐ е до mindset-от, треба да се прифати дека не секој месец ќе биде ист, дека е нрмално да се има ups and downs, но на крајот треба да се остане дициплиниран и резултатите ќе бидат неминовни.

8.Можеби најголемот предизвик за сите млади луѓе кои се во процесот на учење на нови вештини и стекнување нови знаења  е започнување на кариера во таа област. Ти си совршениот човек за tips на темава, би можел ли да одвоиш некои од најважните?

-Би ги идзвоил дисциплината, искреноста и посветеноста. Односно, бидете искрени сами со себе и со другите. Најпрвин одлучете со што би сакале да се бавите, односно какви вештини би сакале да стекнете. Откријте каква личност сте и врз основа на тоа пробајте да ја дефинирате вашата “идеална” професија. Тука ќе ви се олесни патот до тоа кои вештини и знаења би ви биле потребни за постигнување успех во вашата кариерна област. Бидете искрени со другите, односно не се срамете да кажете дека немате претходно искуство, но имате знаење. За мене тоа беше најголемиот проблем, односно ми беше срам да кажам дека немам претходно искуство. Затоа почнав искуството да го градам сам како “фриленсер”.

Бидете посветени на тоа што го работите или сте избрале да го учите дури и да немате видливи резултати на почетокот. Но, тоа не значи дека треба нешто со сила да работите, доколку не ви се допаѓа нештото, сменете го што побрзо. Вие сте креатор на вашиот живот и се зависи од вас, ништо нема да ви падне од небо, туку ќе треба да работите за да стекнете. И дисциплината е многу битна. Поставете си цели на дневно, неделно, месечно и годишно ниво. Така ќе бидете поорганизирани и подисцплинирани со што полесно ќе можете да мерите дали имате успех или треба нешто да се промени.😊  

9.Работите кај тебе се движат со брзина на светлината 😂. Ако те прашаме каде се гледаш за три, четири години веројатно е премногу, така што може да го скратиме тој период на една година. Што може да очекуваме од тебе, ако смееш да ни откриеш?

-Имам многу планови и цели, но нема да ги откријам сега туку ќе ги споделам кога веќе ќе се реализираат.

10.Како за крај, што би ги советувал сите оние кои сакаат да направат кариерна трансформација и да се запишат на програмата на Galeksia?

– Ги охрабрувам сите оние кои што се спремни да направат промена во кариерата да се запишат на програмата на Galeksia, и да инвестираат во своето знаење бидејќи на крајот од денот сѐ зависи токму од самите вас. А Galeksia е тука за да го олесни патот кој што самите ќе треба да го одите.

Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче