Што сè можеш да работиш како дигитален маркетер?

Секој од нас барем еднаш доживеал мал момент на двоумење за изборот на професија.

 

Индустријата на глобално ниво се менува толку брзо, па не е ни чудно да се менуваат нашите погледи за кариера. Со развојот на технологијата во последните години значително се зголеми и бројот на нови дигитални и ИТ професии, со што се зголеми и бројот на луѓе кои менуваат кариера. Доколку и ти си еден од тие што имаат желба да започнат ново поглавје на професионален план, guess what? Никогаш не е доцна за нова кариера!

 

Дигиталниот маркетинг е сè уште една од најиновативните и брзорастечки индустрии која нуди широк спектар на професии за секој со интерес на ова поле. Во 2021 година, LinkedIn го стави на листата на топ 10 in-demand професии на глобално ниво. Иако сè уште ја очекуваме топ листата за 2022, сигурни сме дека некоја од професиите во дигиталниот маркетинг ќе се најде на истата.

 

Зошто да избереш кариера во дигитален маркетинг?

 

Доколку размислуваш да направиш промена во кариера или едноставно да си ги прошириш знаењата и можностите на професионален план, ти издвоивме само мал дел од предностите кои ги нуди оваа професија:

 

Работа од дома! 

 

За многумина една од најважните услови кога бараат работа. Luckily, дигиталниот маркетинг е професија во која можеш да работиш од каде било и сам/а да си го организираш времето. Освен фактот дека многу компании веќе го применуваат принципот на work from home, исто така имаш можност да работиш самостојно како фриленсер.

 

Професија за секого! 

 

Дигиталниот маркетинг е една од најразновидните професии во која секој може да се пронајде. Без разлика дали си tech-savvy или креативна личност, можеш да избереш професија која те интересира и во која ќе се пронајдеш. Доколку си роден креативец, верувам дека ќе се посветиш во делот на Social Media и Content маркетинг. Додека пак SEO со сигурност ќе им привлече внимание на сите кои сакаат да работат со бројки и анализи.

 

Тестирај го твоето знаење за дигитален маркетинг и откриј дали ова е вистинската професија за тебе!

 

Голема побарувачка за дигитални маркетери! 

 

Како што веќе споменавме, индустријата на дигиталниот маркетинг се развива сè повеќе од година во година. Со самото тоа се зголемува и потребата од дигитални маркетери. Идината е дигитална и сите бизниси без разлика на големината се принудени да се прилагодат на најновата технологија со цел да опстанат. Маркетерите се оние кои се задолжени да ги промовираат продуктите и услугите онлајн, па така секоја компанија има потреба од дигитален маркетер.

 

Кои можности ги имаш за работа во дигиталниот маркетинг?

 

Иако на глобално ниво има голем број на професии во дигиталната сфера, ти издвоивме 4 најактуелни digital marketing професии во Македонија!

 

zapisi se na digitalen marketing vo galeksia

 

Social Media Specialist

 

Ова поле од дигиталниот маркетинг може да кажеме дека е една од најомилените од досегашното искуство, но и едно од најбараните. Од прегледот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија за 2021 дознавме дека дури 86% од интернет корисниците во Македонија ги користат социјалните мрежи. Овој факт ни кажува многу. Секој бизнис во Македонија е принуден на некој начин да биде присутен онлајн, со цел да биде достапен за својата таргет публика. Па така сè повеќе се зголемува бројот на луѓе кои или го дообучуваат постоечкиот тим со дигитални вештини или пак вработуваат Social Media маркетери кои ќе им помогнат да си го промовираат бизнисот на социјалните мрежи. 

 

Работниот ден на еден social media marketing specialist најчесто се состои од активности со креирање content за социјалните мрежи, мерење и анализа на резултатите од истите и креирање на платени реклами. Многу важно е да биде во тек со глобалните трендови на светско ниво, да се информира и да ги имплементира во стратегијата. Од Facebook, Instagram, па сè до TikTok, Pinterest и YouTube, клучно е да дознае каде е присутна публиката на брендот и да ги насочи своите активности таму.

 

Email Marketing Specialist 

 

Со оглед на тоа дека секој од нас поседува барем една email адреса, не нè чуди фактот што email marketing specialist е на листата на најбараните професии во дигиталниот маркетинг во Македонија. Со добра стратегија и внимателно сегментирани публики и корисници, еден бизнис може многу ефективно да си ги промовира услугите и да го збогатува односот со својата публика. 

 

Секој email marketing specialist првин мора да научи како да создаде mailing листа на која би се обратил. Секојдневните активности се состојат од креирање flows, односно email секвенци кои можеш да ги автоматизираш за да се праќаат во одредени моменти, како резултат на одредени постапки на корисникот. Исто така, креирање на содржината и дизајнот на newsletter-ите со кои се промовира продуктот или услугата на бизнисот. 

 

Овде е важно да се каже дека за еден email да го задржи вниманието на корисникот клучно е со што помалку текст, да кажеш што повеќе. Мораш да имаш во предвид дека освен мејлот што ти го праќаш, корисникот добива уште неколку во истиот ден. Сите се “натпреваруваат” за вниманието на публиката, мораш да најдеш начин да го добиеш баш ти.

 

SEO Specialist

 

Оваа гранка од дигиталниот маркетинг беше во сенка долго време во Македонија, но нè радува фактот што сè поголем број на бизниси стануваат свесни за неопходноста од истата. SEO, кратко објаснето, се сите активности поврзани со оптимизација на еден веб-сајт, со цел да се искачиш што погоре на првата страница од пребарувањето на Google. Колку поблиску до врвот е рангиран еден веб-сајт, толку поголеми се шансите дека корисникот ќе го избере баш тој сајт.

 

Со растот на свесноста на бизнисите во Македонија за потребата од SEO, расте и побарувачката за SEO специјалисти. Оваа област е за сите оние кои сакаат бројки, најразлични анализи и се склони кон IT технологијата. 

 

Секојдневната работа на еден SEO специјалист се состои од анализа на клучни зборови, анализа на резултатите и оптимизација на содржина.  Доколку сакаш да дознаеш повеќе за SEO и во кој дел можеш да работиш во рамките на SEO, прочитај го блог постот кадешто има подетално објаснување.



PPC specialist

 

Оваа професија главно опфаќа Pay-Per Click рекламирање со помош на Google Ads. Главната задача на еден PPC специјалист е да креира и оптимизира рекламни кампањи на платформата Google Ads. За една кампања да  биде успешна, неопходно е да се направи детална анализа на клучните зборови, да знаеш како пребаруваат корисниците, да ја истражуваш конкуренцијата и постојано да ги оптимизираш и модифицираш кампањите.

 

И оваа професија опфаќа работа со бројки и многубројни анализи, па би рекле дека оваа работа е за tech savvy маркетери.  На модулот Paid Search (PPC) Using Google Ads на DMI програмата можеш да научиш сè што е потребно за да започнеш кариера како PPC specialist!

 

Заклучок

 

Која и професија да ја избереш во дигиталниот маркетинг, не можеш да погрешиш. Дури и да не го направиш вистинскиот избор, можеш многу лесно да преминеш во друга сфера бидејќи сите се тесно поврзани. Првиот чекор е да се стекнеш со дигитални вештини и да го сертифицираш своето знаење на програмата Professional Diploma in Digital Marketing. 

 

Од досегашното искуство, многу од нашите студенти успешно се вработија или започнаа со пракса, веднаш по завршувањето на програмата кадешто веќе успешно ја градат својата digital marketing кариера. Прочитај го искуството на Јан Кузмановски, кој започна со пракса во А1 Македонија како Marketing Communications Intern.


Доколку сè уште размислуваш да започнеш кариера во дигиталниот свет, направи го вистинскиот избор и приклучи се на програмата за дигитален маркетинг уште денес. Февруарските уписи се во тек!

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче