Интервју со Јан К. – Marketing Communications практикант во А1 Македонија

Јан Кузмановски е еден од помладите студенти на програмата, дипломиран е-бизнис економист кој успешно го положи тестот и стана сертифициран дигитален маркетер. 

 

Впечатливо за Јан е љубовта кон пишаниот збор, со огромна пасија за Content Marketing, но и останатите сфери од дигиталниот маркетинг во кои постојано се развива. 

 

На програмата се приклучи со цел да се стекне со сертифицирана и светски призната диплома и да научи релевантни дигитални вештини. Не само што успеа во тоа, туку и ги надмина очекувањата!

 

Стекнатото знаење и вештини од програмата му овозможија да започне со пракса во една од најреномираните компании кај нас, А1 Македонија. Работи како Marketing Communications, со фокус на социјалните мрежи и креативното пишување. 

 

Во интервјуто подолу, можеш да прочиташ повеќе за Јан и неговото професионално патување, како и за програмата и кариерните можности кои му ги овозможи за успешно да ја започне својата кариера во дигиталниот маркетинг!

 

1. Здраво Јан! Ти си еден од помладите, но и еден од најамбициозните студенти на програмата! Како би се опишал себеси во неколку зборови. Кој е Јан? 🙂

 

Здраво, најпрвин благодарам на можноста и баш ми е мило што сум оставил таков впечаток! Себеси би се опишал како упорен, секогаш отворен за нови идеи, необични решенија и несебични пријателства. Отсекогаш сум бил ориентиран кон креативната сфера, дали тоа било продуцирање на музика, пишување поезија, или пак активности поврзани со остварување на професионално ниво.

 

2. Неодамна го положи и завршниот тест од програмата и официјално стана сертифициран дигитален маркетер! Сподели ни ги твоите впечатоци од тестирањето и самиот процес на подготовка за истиот! Кои ресурси и материјали ги користеше?

 

Самото тестирање се одвиваше во три дела, а за секој дел си имаше назначено предвидено време во кое треба да се одговорат прашањата, кое е повеќе од доволно. Од друга страна, подготвувањето ми траеше доста време, се трудев да истакнам сѐ што е поважно, се консултирав со менторите и обратив повеќе внимание на оние модули кои важат за клучни. За материјали ги користев study notes и квизовите од DMI платформата, коишто ги решавав секојдневно и можам да кажам дека доста ми помогнаа во однос на положувањето.

 

3. Знаењето од програмата ти овозможи и да започнеш со пракса во A1 во делот на Social Media и креативно пишување. Честитки! Како се одвива еден твој работен ден како практикант во една од најголемите компании во Македонија?

 

Благодарам на честитките! Најпрвин сакам да кажам дека е привилегија да бидеш дел од маркетинг одделот во А1 Македонија. Секој ден на работното место е различен. Работата ја гледам како интересна и флексибилна, со многу простор за напредок. Сум во постојан контакт со маркетинг агенција, на дневно ниво разменуваме предлози и сугестии, се трудиме да воведеме новини, а како посебно нешто што ми остави пријатен впечаток е тимскиот дух, пријателската атмосфера и заедничката работа на кампањите. 

 

4. Интересно за тебе е што имаш огромна пасија кон пишаниот збор, storytelling и креирање content. Дали програмата и модулот Content Marketing ти помогнаа да се посветиш подетално на оваа област или пак можеби ти отвори нови хоризонти во кои би се развивал професионално?

 

Секогаш сум имал афинитет кон пишаниот збор, а програмата и конкретно тој модул ми отворија нови видици, се запознав со многу концепти кои веќе ми користат, а не се ни сомневам дека ќе ми користат и во иднина. За таа професија, потребно е посебен вид на индивидуа, со критериуми кои лично сметам дека ги задоволувам, но процесот на унапредување е неприкинат. Уште сметам дека се наоѓам на почетокот, но се надевам дека ќе имам прилика да се остварам според мојата замисла!

 

5. Имаше шанса да учествуваш во learning partner програмата и да работиш на практичен проект за Bonatti. Кои беа твоите активности и задачи на проектот? Колку си задоволен од креираните решенија и на кој начин проектот ти овозможи дополнително да си ги усовршиш вештините?

 

За овој проект, мојата задачи беа креирање на social media календар, email календар, како и интересни предлози во врска со темите за блогот на Bonatti. Се соочив со доста предизвици, бидејќи работев на тема за која немав предзнаење, но мислам дека баш тоа ми овозможи да излезам од комфор зоната, да истражувам и да ги завршам задачите успешно. Фидбекот беше позитивен, што ми е особено мило и ме мотивираше во иднина пак да се вклучам во уште некој проект.

galeksia upisi vo nova grupa

 

6. Се запиша на програмата за да си го усовршиш знаењето и да се стекнеш со светски признат сертификат. Па кажи ни, колку сметаш дека програмата ти го овозоможи тоа? Колку си задоволен од целокупното искуство на програмата и дали би ја препорачал?

 

Јас лично сум многу задоволен, од оваа гледна точка, крајниот впечаток ми ги надмина очекувањата. Добра атмосфера на часовите, ментори кои се остварени професионалци во својата област и модули кои изобилуваа со корисни информации придонесоа кон тоа успешно да ја завршам и да се стекнам со светски признат сертификат. Предизвикувачки, но продуктивно.10/10!

 

7. Кој е најдобриот совет од менторите во Galeksia кој ти остана во меморија и ќе го применуваш во иднина?

 

Не можам да одберам конкретен цитат, но мислам дека нешто што ми највеќе остави впечаток е советот дека не сите модули ќе ни се поеднакво интересни, дека треба да одбереме она во кое мислиме дека најдобро би се оствариле, да ја следиме својата интуиција и да бидеме реални кон себе, со одредена доза на самокритичност, а ако нешто доволно го сакаме и се гледаме таму, да се насочиме и фокусираме кон тоа! 

 

8. Во digital индустријата, сè поактуелна е доминацијата на video content наспроти која било друга форма на content. Што мислиш ти? Кои се твоите погледи на најновите трендови во content marketing-от?

 

Сите ќе се согласиме дека човекот е визуелно суштество и распонот на внимание или таканаречениот attention span кај луѓето кон пласираниот content e сè помал и помал. Како пример, се посветува сè помалку време на читање долги статии, кои изобилуваат со корисни информации, а како многу поефективни се покажуваат пократките, каде што е потенцирано само она најважното и ништо повеќе од тоа. 

 

Од трендовите поврзани со video content-от би го издвоил VR-от, а нешто кое верувам дека содржи огромен потенцијал во content маркетингот е секако Metaverse – 3D виртуелен свет, кон кој сè повеќе се ориентира технологијата. Возбуден сум да видам што ново ќе ни донесе иднината, мислам дека сите треба да направиме компромис и да се приспособиме, а воедно и некои принципи кои важат во маркетинг сферата да си останат исти. Што и да се измисли ново, печатената книга како формат ќе остане безвременска!

 

9. Каков совет имаш за сите оние кои сè уште размислуваат да започнат со изучување на дигиталниот маркетинг?

 

Ако веќе одлучат да се занимаваат, или сакаат да го имаат како нешто плус во своето портфолио, одговорот секогаш би бил – само напред! Сè повеќе гледам млади луѓе ориентирани кон оваа гранка, која веќе е присутна секаде и очигледно е веќе дека ова е иднината. Можностите се огромни, работата е интересна и флексибилна, а секако и лукративна! 🙂

 

Доколку сè уште размислуваш да започнеш кариера во дигиталниот свет, направи го вистинскиот избор и приклучи се на програмата за дигитален маркетинг. Зошто да учиш кај нас? Можностите кои ги овозможуваме, постојана поддршка за нашите студенти, во текот и по завршувањето на програмата, нашата learning partner програмата и помош при вработување се само дел од придобивките! Февруарските уписи се во тек, приклучи се денес!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче