Секоја пречка на патот е всушност вештина и знаење плус – Mила М.


Денес со гордост ви ја претставуваме Мила, успешно дипломирана студентка од нашата академија, која веднаш по завршувањето ја стартуваше својата кариера како дигитален маркетер. А во моментов, зборуваме со Creator Sales во Influencers Club.

Mила препозна дека токму неформалното образование и практичните вештини што ги стекна на нашата академија се клучни за нејзиниот успех па така со посветеност, труд и голема љубопитност, таа го искористи секој момент за да научи и да се усоврши во оваа брзорастечка индустрија.

Во ова интервју, Мила ќе сподели повеќе за својот пат – од првите чекори во маркетингот, преку искуството на академијата, до нејзиниот професионален развој па и нејзини совети за успешна кариерна трансформација.

Инспирирај се од оваа мотивациска приказна и дознај на кој начин и ти можеш да го оствариш својот професионален сон!

1.Здраво Мила! Многу ни е драго што си дел од нашите многубројни success stories и што имаме можност да го реализираме ова интервју денес!☺️Може ли да ни споделиш нешто повеќе за себе?

– Јас сум Мила и доаѓам од Скопје. Желна да навлезам во светот на Дигиталниот Маркетинг дознав за Galeksia и по кратка консултација со другарка, која исто така беше студентка на вашата академија, одлучив да се запишам и да откријам што се случува во дигиталниот свет, како и да се соочам со новитетите и предизвиците кои ги нуди.

2.Кога се запиша на академијата ти студираше на смерот e-Bussines на Економскиот Факултет во Скопје. Кажи ни, која е разликата меѓу формалното и неформалното образование? И зошто се одлучи да се запишеш на CDMP обуката во Galeksia? 

-Уф, па разликата е огромна. Според мене неформалното образование секогаш е подобра опција за сите оние кои сакаат да стекнат многу повеќе вештини и да научат да размислуваат “оutside the box” за да можат да се соочат со проблемите и предизвиците кои ги носи патот по кој одлучиле да одат. Токму тоа и беше пресудно за да се запишам на академијата Galeksia.

3.Во моментов разговараме со Creator Sales во Influencers Club. Ќе може ли на кратко да ни го опишеш патот, како стигна до оваа работна позиција?☺️ Колку време ти беше потребно и кои се твоите дневни активности? 

-Академијата ми помогна многу да стигнам до моменталната работна позиција, колку со знаење толку и во кој правец сакам да се движам во дигиталниот маркетинг. Пред да се вработам како Creator Sales во Influencers.club, бев практикант во Axeltra каде што се соочував со безброј предизвици од дигиталниот свет (Lead Generation, SEO, Website Optimization), меѓутоа уште како студент на академијата најмногу ме влечеше Email Marketing па така се одлучив да аплицирам на оваа работна позиција.

Интересно за моите дневни активности е тоа што никогаш не се исти. Покрај статистиките, анализите и мејловите со кои се соочувам, компанијата и мојата позиција ми нудат можности за секојдневно изучување на нови работи 😄. 

4.Кој е твојот најголем успех или предизвик на моменталната работна позиција?

-Најголемиот успех ми е што за брзо време успеав да ја совладам работата и да превземам поголеми и побројни обврски. Секако дека тоа си носи и свои предизвици па така знам некогаш да се прегорам себеси од што сакам секаде да ме има😀.

5.Повеќето од студентите ги мачат токму следниве неколку прашања – Што по завршување на академијата? Како да најдам работа, ќе успеам ли да се снајдам без никакво искуство во областа? Би можела ли ти, како дипломирана студентка на нашата академија и вработена, да им споделиш tips на темава вработување? Што тебе сметаш дека ти помогнало при процесот?

-Јас сум човек кој многу се стресира, па како се приближуваше крајот на академијата, така сѐ повеќе ме измачуваа и плашеа тие прашања и мене. Сепак она што најмногу ми помогна во целиот процес беше моментот кога станав сигурна во себе, како и во знаењето кое го стекнав во периодот како студент на Galeksia. Па така моите tips се – гледајте да впиете најмногу што можете од менторите на Galeksia, бидете сигурни во себе и секогаш верувајте во себе. 

6.Кој дел од дигиталниот маркетинг те изненади, нешто што не очекуваше дека ќе ти биде толку интересно?

-Искрено соочувањето со SEO во пракса беше нешто што навистина пријатно ме изненади. Додека учев на академијата мислев дека никогаш нема да можам да го совладам тоа, меѓутоа се докажа токму спротивното 😊.

7.Што е следно на твојата to do листа со цели – нова позиција, некој специјалистички курс, или нешто сосема различно?😊

-Моментално на мојата to do листа е да навлезам повеќе во светот на вештачката интелигенција бидејќи навистина е преинтересно и воодушевувачки што сѐ може да направи.

8.Кои трендови во дигиталниот маркетинг сметаш дека ќе владеат во следната година? Прогнозирај!😁

-Дефинитвно AI. Сметам дека вештачката интелигенција владее и ќе продолжи да владее во дигиталниот свет.

9.Како за крај, ти посакуваме среќни празници, и уште многу кариерни успеси во новата година!✨  А што ти би им посакала на потенцијалните студенти кои размислуваат за кариерно унапредување или трансформација?

-На сите кои сакаат или размислуваат дали да се одлучат за овој чекор би им препорачала да го направат. Иако можеби изгледа тешка, сепак оваа одлука е многу храбра.

Galeksia е еден одличен почеток каде што можете да се стекнете со знаење од најдобрите ментори но и поддршка и мотивација дека секоја пречка на патот е всушност вештина и знаење плус. Тие се секогаш тука за вас и колку што вие сакате да научите, тие дупло повеќе сакаат да ве научат. Ви посакувам среќни празници🎄


Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче