Неколку чекори за креирање на успешна Facebook кампања

Како социјална мрежа со најголем број на активни корисници, Facebook ни дава одлични канали преку кои можеме да допреме до посакуваната публика.

Зад самата компанија стои голем тим од експерти кој активно работат да го подобрат искуството на секој корисник, во постојана потрага по нов, подобар алгоритам преку кој содржините на нашата почетна страница ќе бидат генерирани и филтрирани. 


Меѓутоа, како корисник на неколку социјални мрежи, твоето внимание никогаш не е на високо ниво додека движиш по ѕидот што е преплавен со нови содржини и информации. Скролајќи низ него, твоето внимание е вистински освоено само кога ќе погледнеш објава што вистински те интересира или е направена доволно добро за да те украде уште во првата секунда.


Доколку се прашуваш кои се начините на кои се креира успешна Facebook кампања, какви се опциите за споделување содржини и како се креираат објави што ќе допрат до посакуваната демографија и ќе ти донесат нови фанови и потенцијални потрошувачи, престана да скролаш во вистинското време!

Во продолжение можеш да дознаеш како да креираш успешна Facebook кампања користејќи ги информациите и алатките што платформата ги нуди.

Како до успешна кампања на Facebook?

Складирајќи информации на неколку начини, Facebook има есенцијално значење при имплементирањето на успешна маркетинг кампања, без оглед на тоа дали станува збор за продавање производ, услуга, или едноставно споделување на информација со демографијата која ни е потребна.


Најдобрите стратегии за дигитален маркетинг на Facebook се креирани со комбинација од платени објави (paid social) и органски (organic social) објавени содржини.

Со цел да креираш кампања на Фејсбук која ќе допре до публиката што претходно си ја одредил како целна група, мора да внимаваш на одредени параметри што се од исклучителна важност.


Најпрво, објавите мора да се синхронизирани земајќи го предвид претходно утврдениот профил за просечниот купувач. Имено, замисли дека имаш за цел да ја зголемиш потрошувачката на одреден продукт преку Фејсбук кампања.

Пред да креираш прецизна содржина, убаво е да размислиш кој има потреба од продуктот што го нудиш, или уште поважно, кои се начините преку кои одредена демографија би ја убедил/а дека производот што го нудиш е производот кој треба да го поседува.

Facebook рекламирање: Креирај успешна кампања со паметно таргетирање

Процесот на Фејсбук рекламирање се состои од три нивоа: креирање на кампања, подесување на реклама и објавување/следење на рекламата.


Во почетната фаза се креира планот за рекламираната објава. Низ истата се формира цел, односно се дефинира очекуваниот одговор на публиката, избирајќи меѓу три категории кои се опција: да подигнеш свест за брендот, да донесеш нови прегледи или пак да го зголемиш бројот на посети на официјалната веб страница.


Точката до која се стремиш зависи од целосната стратегија. На пример, со оглед на тоа дека видео објавите се најефикасниот начин да допреш до публиката, доколку се работи за план која ја става содржината на прво место, можеш да креираш кампања која со мисија истата да донесе што е можно повеќе прегледи на видеата што се објавени.


Наспроти тоа, доколку работиш на кампања која има за цел преку Facebook да донесе посетители на друг сајт, треба да избереш поинаква категорија од понудените, согласно твојата идеја за понатамошните чекори кои публиката треба да ги преземе откако ќе ја проследи рекламата.


Најдобриот начин да ја одредиш целта на рекламата што ја објавуваш се состои во фокусирање на главната цел. Па така, доколку си на мисија да ја зголемиш продажбата на услугата што брендот ја нуди, можеш да поставиш кампања така што ќе креираш понуда со попуст за новите клиенти. Додатно, кодот можеш да го објавиш на официјалната веб страна, што ќе ти помогне да го зголемиш бројот на посети.

Со прилагодена публика до успешна кампања на Фејсбук

Без оглед на тоа дали рекламираш производ или услуга, правилното таргетирање е клуч во процесот на креирање платена објава. Откако претходно си одредил/а кој е профилот на потенцијалниот купувач, потребно е да ја избереш прецизната демографија и интереси на истиот. 


Следејќи го овој пристап можеш да допреш до нови луѓе кои претходно немале никаква интеракција со бизнисот кој го промовираш и воедно, ова е начинот кој најчесто се користи за генерално таргетирање. Со други зборови, можеш да избереш луѓе кои живеат на иста локација, се на иста возраст, зборуваат ист јазик, се мажи, жени или обете. 


Подоцна, истите категории може да бидат стеснети, избирајќи интереси кои им се заеднички. Најчесто нема правило за тоа колку голема треба да е целната публика што си ја избрал/а.

Меѓутоа, најдобрите резултати и најуспешните кампањи се остварени така што пристапот кон овие параметри исполнува неколку нивоа. Со комбинација на опциите можеш да се рекламираш прецизно, што ќе ти помогне да ја избереш групата на луѓе која има најголема веројатност да е заинтересирана за информацијата што ја објавуваш.

Таргетирај публика според информациите кои ги имаш

Можеби не постои лесна формула за креирање успешна кампања на Фејсбук, меѓутоа сигурно е дека креирајќи го планот мораш да ги искористиш сите информации кои до сега ги имаш. Секоја страница собира информации за активноста што луѓето ја извршуваат штом ја посетат и со цел да добиеш одлична синтеза која ќе ти е од помош, треба да ја користиш опцијата Facebook pixel and conversion tracking. 


Со нејзина помош ќе можеш лесно да ја прилагодуваш публиката согласно информациите кои веќе ги имаш, знаејќи кои објави ти се најпосетени, колку долго посетителите се задржуваат на страницата и кои се чекорите што ги преземаат. Следејќи го однесувањето на твоите претходни клиенти ќе можеш едноставно да генерираш шаблон по кој ќе примамуваш нови. 


Па така, само со внимателна анализа на досегашниот труд, преку објавите кои се веќе споделени, ќе можеш да знаеш повеќе за видовите објави што ги примамиле кон сајтот на кој работиш, а воедно и да ја зацврстиш сликата за просечниот потрошувач која однапред си ја креирал/а.

Заклучок

Со цел да креираш успешна Фејсбук кампања, постојат неколку чекори кои треба да бидат преземени.

Најпрво, мора внимателно да избереш специфична публика чие внимание сакаш да го задржиш. Преку однапред-поставениот идеал за просечниот потрошувач можеш да ги стеснуваш параметрите преку избраната демографија и интереси што Фејсбук ги нуди.

Додатно, најуспешните стратегии се креирани со долгорочно следење на претходните информации. Оттука, за да ја постигнеш целта поставена како производ од успешната маркетинг кампања, мора да ги следиш желбите и интересите на твоите потенцијални клиенти.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче