5 платформи за твојот еCommerce бизнис

Интернетот нуди огромна можност за пласирање на производи и услуги, без разлика за каква компанија станува збор. Она што е важно е да го направите правилниот избор на платформа и да ја искористите најдобрата можност за вашиот бизнис.  


Со цел да ги продадете вашите производи или услуги преку интернет, вашата веб-страница треба да биде соодветно опремена. Денес, постојат огромен број на платформски пакети кои се наменети за е-трговија и од кои треба да се избере, така што градењето на онлајн продавница никогаш не било полесно.


За да започнете, прво ќе ви треба веб-хостинг за е-трговија, следно, ќе ви треба соодветен софтвер за да работи со вашата веб-страница за е-трговија. Ова вклучува можност за онлајн плаќање, односно обработка на кредитни картички.


Вашата веб-страница за е-трговија не мора да биде скапа за дизајнирање, бидејќи има многу теми за е-трговија од кои ќе можете да ја изберете соодветната.


Кој софтвер за електронска трговија е најдобар за вашиот бизнис зависи целосно од вашите специфични барања. Тука ќе ги истакнеме некои од најдобрите платформи за е-трговија што се достапни во моментов, а кои можат да ви помогнат при создавање на вашето сопствено решение за е-трговија.

 

DMI programa vo Galeksia za digitalen marketing

 

Shopify

Shopify е платформа за e-трговија за оние кои се потпираат на маркетинг на социјалните медиуми кои ги носи клиентите до купување. Платформата е едноставна, флексибилна и е добра и за мали и средни бизниси. Исто така, не ви треба знаење од страна на кодирање за да го користите, наместо тоа платформата работи на принцип на drag and drop, односно влечење и пуштање, што ви овозможува да ја градите вашата страница според вашите барања. 

Big Commerce

Ако се занимавате со продажба на големо или сакате да се фокусирате на SEO, вреди да го погледнете конкурентот на Shopify, Big Commerce кој нуди супериорни перформанси.


Big Commerce e изборот на многу фирми кои што претставуваат масовни продавници, бидејќи оваа платформа нуди посилни перформанси на оптимизација. Ако се одлучите за Big Commerce можете да очекувате голема прилагодливост, но треба да имате и вештини за кодирање и да бидете спремни да очекувате повисока цена за опции што другите платформи ги вклучуваат во нивните основни планови.

WooCommerce

WooCommerce е платформа за водење на е-трговија и придружна страница под еден покрив. Оваа платформа работи со WordPress и може да ја претвори било која веб-страница во функционална продавница за е-трговија. Исто така, постојат достапни наставки за интегрирање на опции за плаќање, социјални медиуми, маркетинг преку е-пошта, продажба со еден клик и испорака.


Ако сте запознаени со платформата WordPress, тогаш WooCommerce би бил добар избор за вашиот бизнис. Вие ќе треба само само да ја инсталирате платформата, да додадете свои производи и да ги наместите поставките според вашиот бизнис и производи.

Wix

Wix e добар избор за помали, поедноставни е-продавници. Тука можете да најдете неверојатен избор на дизајни. 


Оваа платформа може да има значителни проблеми со оптимизација и како што вашиот бизнис расте можеби ќе треба да се префрлите на друга платформа затоа што просторот за складирање е 20 GB.

Squarespace

Доколку сакате добар естетски изглед на вашата е-продавница, Squarespace би бил добар избор. Лесно е да се види зошто малите бизниси без многу вештини кога станува збор за кодирање, го избираат Squarespace. Платформата нуди одличен дизајн и едноставен интерфејс за drag and drop. 


Оваа платформа е најпопуларна кај професионалци фокусирани на дизајнот, како што се фотографи и дизајнери на ентериер, токму поради визуелно привлечните дизајни. 


Squarespace привлекува сопственици на мали бизниси, најверојатно затоа што нема потреба од кодирање и овозможува да понудите неограничени производи на вашата страница. Од друга страна, ако вашата деловна активност е фокусирана на голем обем на продажба, Squarespace можеби нема да ви одговара бидејќи нема многу можности за оптимизација. 

Заклучок

Најдобрата платформа за креирање на е-продавница за вашиот бизнис ќе биде онаа што одговара на вашите вештини за кодирање, вашите очекувањата за раст, како во обем, така и со број на понудени производи.


Правилната платформа исто така треба да ви овозможи да го користите дигиталниот маркетинг и стратегиите за подобрување на искуството на клиентите. Не брзајте со вашата одлука, тоа е комплицирана одлука што ќе има длабок ефект врз вашите бизнис активности.


Со програмите на Galeksia можете да станете професионалец во светот на Дигиталниот Маркетинг и правилно да ја изберете и раководите вистинската платформа за е-трговија за вашиот бизнис.

 

Уписите се во тек! Искористи ја оваа прилика и стани дел од глобалното семејство на DMI програмата.

 

Пријави се уште денес!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче