Со неколку годишно искуство во продажба, Мелис одлично ги разбира потребите на клиентите и успешно ги води низ процесот на купување. Работејќи во салон за мебел, таа има развиено силни комуникациски и продажни вештини, но отсекогаш знаела дека иднината на продажбата е токму во дигиталниот свет, па ова е и причината поради која се запиша на CDMP програмата на Galeksia и e дел од моменталната ноемвриска група студенти.
Во ова интервју, Мелис споделува што ја мотивираше да направи кариерна трансформација, како ги надминала предизвиците на учење нешто сосема ново и кои модули од академијата ѝ биле најкорисни. Ќе дознаеш и кои се нејзините идни планови, и кој е нејзиниот совет до сите што размислуваат да го направат истиот чекор.
Нека ова интервју биде и твоја доволна инспирација да го следиш и ти твојот сон, и да ја започнеш кариерната трансформација уште денес!
1.Здраво Мелис! Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за себе?☺️
– Здраво, на почеток ќе бидам баш кратка. Јас сум Мелис, имам 27 години и живеам во прекрасниот град Струга, можеби е помала средина, но јас не би ја менувала за ништо!
2. Работиш во салон за мебел во делот на продажба веќе неколку години. Што те мотивираше да се запишеш на академијата, и како дозна за Galeksia?
-Имам долгогодишно искуство во продажба и многу добро го разбирам „buyers’ journey“ особено кога станува збор за оној директен контакт со клиенти. Сакав да го пренесам тоа искуство во дигиталниот свет бидејќи, на крајот на денот, сè се сведува на вештината да продадеш – а јас верувам дека ја поседувам таа способност.
За Galeksia дознав додека истражував академии кои се поврзани со дигиталниот маркетинг. Сакав да направам промена во кариерата и да работам флексибилно, воедно да додадам и нови вештини во моето CV, па и да се прилагодам со она што е глобално актуелно, а тоа секако е дигиталниот свет.
Нормално, дополнителен фактор за мојата одлука беше и фактот што DMI сертификатот е меѓународно признат, што ме убеди дека ова е вистинскиот избор за мене.
3.Дали дигиталниот маркетинг беше нешто што те интересираше и претходно, или ова беше целосно ново поле за тебе?☺️
-Ова беше целосно ново поле за мене, немав никакво претходно искуство во дигиталниот маркетинг.
4.Кој дел од програмата ти беше најинтересен или најкорисен досега?
-Пред да започнам имав можеби други замисли, но откако започнавме со предавањата открив дека најмногу ме влече сепак онаа креативна страна од дигиталниот маркетинг па така како најинтересни би ги издвоила модулите за Social Media Marketing, PPC & Display Advertising и Email Marketing.
Who knows, можеби токму во овие области лежи и мојата идна кариера.😀
5.Дали некој модул или предавање ти го промени начинот на кој гледаш на дигиталниот маркетинг?
-Да, секој модул на некој начин ми даде нова перспектива и ми помогна да разберам колку е динамичен и важен дигиталниот маркетинг денес.
6.Ти си моментално дел од групата на Galeksia. Дали досега имаше некои предизвици при учењето, и како ги надмина?
-Секако, секој почеток е предизвик, особено кога се учи нешто ново. Но, програмата на DMI е одлично структуирана и сè е јасно објаснето. Доволно е да се следат материјалите и сè станува разбирливо 😊.
7.Кога сме веќе кај учењето, неизбежно е да ги споменеме и менторите, кои играат огромна улога во вашите кариери како идни дигитални маркетери. Има ли некој ментор кој особено ти остави впечаток и те мотивираше можеби да се фокусираш на некоја конкретна област?
-Да, сите ментори се од огромна дополнителна помош за секој еден студент, особено ако станува збор за почетник. Ако мора да изберам, можеби модулот за SEO ми беше особено инспиративен поради одличниот ментор. Исто така, модулот за Professional Skills со Михаил беше многу корисен и мотивирачки.
8.Дали си размислувала да основаш свој сопствен бизнис или да работиш како маркетинг специјалист во иднина?😁
-Да, дефинитивно! Токму тоа беше една од причините зошто се запишав на академијата – да стекнам вештини кои ќе ми овозможат да го направам следниот чекор во кариерата.
9.Кој совет би им го дала ти на сите луѓе што се уште размислуваат дали е вистинско време за кариерна трансформација?
-Не ги одложувајте вашите соништа! Никогаш не е доцна, ништо не ве спречува да ја создадете најдобрата верзија од себе.
—
Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!