Маркетингот бил и ќе биде потребен на секој бизнис – интервју со Дејан Л.


Дали некогаш си се запрашал/а колку може да се промени твојата животна перспектива за само седум месеци? За Дејан Ложанкоски, одговорот е – тотална трансформација! Само што ја заврши обуката, и повеќе од успешно, тој се стекна со сертификатот на DMI и веднаш ја започна својата кариера и тоа како Marketing Manager – чекор што значи исполнување на соништата и поставување нови цели.

Како изгледа неговиот пат, од идејата за учење дигитален маркетинг, почетокот на обуката, преку стекнувањето на вештините, до работната позиција како Marketing Manager… Како академијата му помогна да ги надмине предизвиците и да ги оствари своите амбиции? Толку многу прашања на кои нетрпеливо ги чекавме одговорите! Конечно, Дејан ни открива сѐ за своето искуство и дава вредни совети за сите идни дигитални маркетери. Не го пропуштај ова инспиративно патување и прочитај повеќе подолу!

1.Дејан здраво! За тебе знаеме дека си Certified Digital Marketing Professional, кој веќе успешно ја гради својата кариера во областа. За да го скршиме мразот за почеток, ајде раскажи ни малку повеќе за себе.😄

-Здраво, јас сум Дејан и потекнувам од прекрасниот Охрид каде што живеев и работев како рецепционер и спасител. Подоцна се преселив во Холандија каде стекнав нови искуства и перспективи, но плановите ми се променија и повторно се вратив за да ја градам мојата кариера токму во нашата држава. За програмата на Галексиа слушнав преку пријател, и веднаш знаев дека тоа е правилната одлука за мене. Денеска со гордост можам да кажам дека сум сертифициран дигитален маркетер и веќе го применувам наученото во мојата кариера.😊

2.Пред да се запишеш на нашата академија, како што спомна и ти погоре, живееше и работеше во Холандија. Како дојде до овој пресврт, односно, како дојде до идејата дека токму дигиталниот маркетинг е твоето поле на интерес, на коешто сакаш да му се посветиш максимално. Од оваа гледна точка, сосема вистинскиот чекор, if we might say! 

-Работев неколку години во Холандија, но едноставно не можев да се навикнам на животот и дождот во таа земја и се одлучив за промена. 

Во денешново време во кое живееме, технологијата и ИТ професиите се во огромен пораст, па може полесно да се направи промена на кариерата. Разгледував многу ИТ професии додека одлучам, па сфатив дека дигиталниот маркетинг е најдобар за мене поради тоа што има поголема комуникација со луѓе, за разлика од останатите. На крајот излезе дека е навистина вистинскиот чекор и дека не сум згрешил во изборот.😄

3.Го заврши успешно финалниот испит, а веднаш по CDMP титулата, ја доби и новата – Marketing Manager на DMC Balkans & Europe Travel and Events. Честитки од целиот тим! Како дојде до оваа улога и која беше твојата најголема предност при аплицирањето? 

-По завршувањето на академијата, нормално како и повеќето, почнав да барам работа и се чувствував спремен (колку што може некој да е спремен без искуство). Во Galeksia многу нè подготвуваа за овој момент, па можеби затоа имав на некој начин и “лажна” ама сепак голема самодоверба 😄. 

Работата ја најдов преку пријател, и на интервјуто претставив што јас (со моето минимално искуство) сметам дека би било најдобро да се прави и така почна сè. Кога започнав со работа, учев дополнително, и тоа навистина многу. Малку е потежок начин на маркетинг поради тоа што е B2B и се работи за поголеми суми на пари кога ќе дојде до моментот на продажба, но затоа и се учи многу повеќе.

Една од предностите и за самото вработување можам да кажам дека е дефинитивно DMI сертификатот, поради тоа што ако работодавецот се одлучи да побара, и самиот многу лесно може да види за каков сертификат станува збор и дека не се добива баш толку лесно. Бара учење и максимална посветеност, но е од непроценлива вредност да го има секој иден дигитален маркетер.

4.За што сè си задолжен како Marketing Manager на DMC Balkans & Europe Travel and Events? Кои се твоите дневни активности во еден работен ден? 

-Како Marketing Manager во DMC Balkans & Europe сум задолжен за Маркетинг, Продажба и branding. Секојдневни активности ми се одржување на социјалните мрежи, research, SEO на веб страната , Eмаил маркетинг, креирање содржини, analytics на веб страната итн. Во компанијата јас сум единствен маркетер, па правам од сè по нешто, некогаш знае да е напорно, но позитивната страна е дека имам можност да научам многу работи од сите области кои ги нуди дигиталниот маркетинг.

5.Кој модул или вештина што ја научи ти се најкорисни во твојата сегашна работа?

-На моменталната работна позиција, дефинитивно SEO, GA4 и Email Marketing. Поради тоа што главно не продаваме, туку информираме на нашата веб страна и многу ни е корисно да сме меѓу првите на Google, кога потенцијалните клиенти ќе побараат Destination Management Company. А мала предност овде е и името на компанијата во која работам, затоа што самото име е користено како keyword доста често.

6.Како академијата те подготви за предизвиците на реалниот свет на дигиталниот маркетинг?😊

-Академијата нè подготви одлично во сите области на Дигиталниот Маркетинг. Да знаеме точно за каков бизнис која стратегија да ја користиме, да знаеме да ја спроведеме стратегијата, да направиме research, и да ги увидиме грешките, да научиме и да се подобриме.

7.Што мислиш за менторите и нивната улога во твоето учење? Има ли некој што особено ти помогнал или те инспирирал можеби?

-Сите ментори се супер на свој начин, интересни, спремни и вешти во својата професија. Одлично го предаваат материјалот и се тука да помогнат и да објаснат ако нешто не е јасно, така што дефинитивно го направија процесот на учење позабавен и олеснителен за сите нас.

8.Кои се твоите идни планови во светот на дигиталниот маркетинг? Како планираш да ги развиеш понатаму твоите вештини и во која област, да бидеме поспецифични?

-Планот ми е да искомбинирам што е можно повеќе од вештините на дигиталниот маркетинг и да го искористам тоа да за да продавам некој мој производ или пак да правам маркетинг за други бизниси па да имам некаков процент. Сепак тоа бара многу работа, многу искуство , трпение и посветеност па го оставам тоа за понатаму. Засега работам и учам секојдневно на подобрување на моите вештини и знаења.

9.Дигиталниот маркетинг е ever-changing област. Како го гледаш ти дигиталниот маркетинг во иднина и кои трендови мислиш дека ќе доминираат следниов период?

-Хмм… Зависи за кој дел од “маркетинг инката” и дали е Б2Б или Б2Ц маркетинг, но мое мислење е дека видеото ќе доминира. Луѓето сè повеќе и повеќе гледаат видеа, дали се тоа reels, TikTok, short итн.. многу ретко кој гледа обични постови само со текст или слики. Мое мислење е дека луѓето повеке сакаат кратко и концизно видео со звук . Со AI сега не знам точно како ќе се одвива сето тоа и дали ќе има потреба од многу едитори но човечкиот фактор е незаменлив, ама останува да видиме. Сепак маркетингот бил и ќе биде потребен на секој бизнис.

10.Кој совет би го дал на оние студенти кои моментално се на обуката и се стремат кон позиција како твојата? Или пак на почетниците, кои сè уште се двоумат дали да се запишат на програмата на Galeksia?😊

-Реалноста е дека за почетниците можеби на самиот старт изгледа премногу, ќе имаат многу нејасни работи, но како што повеќе навлегуваат во материјата и учат, програмата станува сè позабавна и полесна. Сепак станува збор за професија која е динамична и бара константно учење, но на крајот на денот по завршувањето на академијата ти се отвараат многу можности и трудот сигурно ќе се исплати. Дополнително сертификатот од DMI е од голема вредност бидејќи е признат и ценет насекаде. Се надевам дека сите овие неколку точки ќе бидат доволен поттик за промена на кариерата на секој иден студент.

Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче