Кариера во дигитален маркетинг: Кои се најпопуларните професии?

Доколку неодамна се одлучи да посетуваш обука за дигитален маркетинг или пак сè уште размислуваш околу опциите што ти се нудат, корисно е да знаеш кои се твоите можности на пазарот на трудот.

Кога е во прашање работата како дигитален маркетер, важно е да знаеш дека постојат многу опции кои не се ограничени на она што ни е претставено преку социјалните мрежи. Со цел да ти помогнеме да избереш обука која ќе ти помогне во твојата професионална надоградба, а воедно и да ти помогнеме да ја разбудиш својата креативност, во продолжение ти подготвивме листа од најпопуларните професии во полето на дигиталниот маркетинг. 


Дополнително, градењето кариера во дигитален маркетинг станува отежнато поради големата конкуренција, меѓутоа во продолжение можеш да најдеш неколку совети кои ќе ти помогнат да не се обесхрабруваш и да целиш кон остварување на најдобрата верзија од себеси.

Доколку сакаш да станеш одличен дигитален маркетер кој неуморно и мотивирано ќе нуди креативни решенија, мораш да знаеш како да го усмериш своето професионално развивање. Токму затоа, понудените насоки ќе ти бидат од голема полза при градењето на твојата маркетинг кариера!

Како до успешна маркетинг кариера во дигиталната ера

На нашиот блог можеш да најдеш многу совети кои ќе ти помогнат да изградиш кариера како дигитален маркетер, а воедно и да се издвоиш од конкуренцијата во ова поле.

Меѓутоа, без оглед на тоа дали си почетник или веќе си запознаен/а со основите, оваа професија налага повеќе од вешто техничко знаење на маркетинг алатките. 

Што значи да се биде специјалист за дигитален маркетинг?

Ова прашање нема едноставен одговор. Приложувајќи ти одговор, ќе се обидеме да ги побиеме тековните стереотипи врзани со оваа професија, како и да ти укажеме на што треба да внимаваш. 


Со оглед на тоа дека денес постојат безброј обуки достапни онлајн и алатките се подостапни од било кога, многумина сметаат дека да се биде дигитален маркетер е едноставно и лесно.

Меѓутоа вистината е дека да станеш специјалист за дигитален маркетинг значи да се посветиш на долгогодишен процес на учење, надоградување и верување во себе.

Работи на кои треба да внимаваш градејќи кариера во дигитален маркетинг

Најпрво, како и за секое останато поле во кое конкуренцијата е висока, мораш да знаеш што сакаш и кои се твоите очекувања во иднината. Со цел постојано да ги надградуваш твоите знаења и да можеш успешно да ги примениш научените нешта, мораш да избереш насока која ќе ти биде од примарен интерес. 


Стеснувајќи ја рамката на познанија кон кои целиш, умешно ќе можеш да го сместиш фокусот онаму кадешто ти е најпотребен.

Ваквиот план ќе ти помогне вистински да знаеш што правиш, а истите знаења ќе имаат потпора што ќе ти помогне научените трикови да ги применуваш аналитички во твоите работни ангажмани.


Секако, ова не значи дека не треба да им придаваш важност на останатите полиња кои се сродни со она што го работиш. Потточно, доколку си одлучил/а дека e-mail маркетингот е насоката којашто најмногу те интересира, нужно е да имаш познавање од тоа како се пишуваат содржини, кои се моменталните трендови во светот на дигиталниот маркетинг, а воедно и да следиш кои се новите измени во алгоритмите што би можеле да направат промена во целата маркетинг стратегија. 


Со ова сакаме да ти посочиме да се поставиш широкоградно кога се во прашање знаењата што можеш да ги стекнеш, меѓутоа при самиот процес да посветиш особено внимание само на една насока, која ќе ја изучуваш како професионалец.

Најпопуларни професии во дигитален маркетинг

Откако научи што е потребно за да станеш вистински специјалист во ова поле, време е да ти помогнеме да се запознаеш со опциите кои се достапни на пазарот на трудот.

Како што веќе споменавме, со одлична дисциплина и мотивација да научиш повеќе, стеснувајќи го твојот фокус ќе можеш вешто и умешно да се справиш со предизвиците и да ја победиш конкуренцијата.

Digital Project Manager

Доколку ги помина основните обуки и бараш нешто што додатно ќе те ранкира повисоко споредбено со останатите маркетери, можеш да размислуваш за кариера како менаџер на проекти.

Се разбира, со цел умешно да се справиш со предизвиците кои оваа работна позиција ги нуди, мора да имаш познавање за тековните комуникациски софтвери кои се нудат, да можеш умешно да се справуваш со секојдневните комуникации со моменталните и идни клиенти, како и да си доволно одговорен/а и да размислуваш аналитички при менаџментот на проекти и тимови.


Како менаџер, ќе имаш за задача да ги организираш онлајн проектите од моментот кога се раѓаат како идеи, па сè до нивното завршување.

Правејќи го тоа, потребно е да работиш во рамките на буџетот. Поголемиот дел од работата е веќе завршена доколку човекот кој е задолжен за организација на тимот е професионалец во својата работа, па така, ова е одлична насока доколку си мотивиран/а и секој нов работен ден го гледаш како предизвик кој треба да се надмине. 


Луѓето задолжени за организација на дигиталните проекти се најчесто оние кои ја носат одговорноста за целиот маркетинг тим и умешно умеат да се справат со задачи кои налагаат пошироки познавања од полето на дигиталниот маркетинг.

Е-mail маркетер

Со оглед на тоа дека денес речиси секој човек поседува и користи e-mail адреса, работењето како специјалист за e-mail маркетинг е вистински предизвик.

Ваквата информација имплицира огромна предност, меѓутоа истовремено и укажува на тоа колку е тешко да се стигне до посакуваната таргет група, без пораката да залута низ сандачето, заедно со останатите понуди од сличните компании.


Доколку ова е професијата кон која целиш, мораш да преминеш преку неколку насоки и да се стекнеш со пошироко познавање од областа на дигиталниот маркетинг.

Најпрво, секој специјалист за e-mail маркетинг мора да знае како да креира содржини кои ќе бидат доволно едноставни за да бидат брзо разбрани, но истовремено и убедливи.

Професионалците во ова поле знаат како да ја испратат совршената форма на пораката, меѓутоа и истовремено, не ја изоставуваат содржината која мејлот ја има. 


Додатно, со цел да допреш до посакуваниот таргет, мораш да најдеш начин како да изградиш база на податоци и адреси од потенцијалните потрошувачи.

Постојат неколку решенија преку кои специјалистите за e-mail маркетинг добиваат информации, меѓутоа уметноста се состои токму во креирањето на начин преку кој посетителите ќе се согласат да добиваат повеќе пораки поврзани со производот или услугата што компанијата ја продава.

Оттука, јасно е дека се бара профил на личност која одлично пишува и има способност за убедување што може да ја спроведе за исклучително брзо време.

SEO Специјалист

Ако го замислиш интернетот од една голема мрежа на меѓусебно поврзани линкови, она што е задача на SEO специјалистот е да изгради добра потпора преку која страницата која ја оддржува ќе биде една од подобрите според рангот на платформата за пребарување.

Имено, крајната цел е да се воведе стратегија која ќе ја носи страницата сè повисоко на оваа листа, а преку тоа ќе донесе повеќе посетители кои ќе се враќаат повторно на истиот линк.


Оваа професија е комплексна и е совршена за оние кои сакаат да се вклучат во процес на секојдневно учење, бидејќи се работи за една динамична насока која постојано се менува.

Како SEO специјалист, мора да имаш технички познавања, меѓутоа умешноста да размислуваш на долгорочен план и да градиш целосни стратегии е од особена важност.


Индивидуите кои ја работат оваа професија се грижат за континуиран развој на стратегијата преку однапред искалкулирани чекори, од креирање на додатни линкови, до пишување на технички-исправна содржина во рамки на она што Google го нуди како критериум.



Доколку си заинтересиран за некоја од овие професии, не чекај!
Уписите на Galeksia се во тек! Резервирај го твоето место уште денес.

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче