Како до успешна кариера во дигиталниот маркетинг?


Во нашата држава веќе е развиен стереотипот дека технолошки ориентираните компании и инвеститорите од странство вработуваат само програмери. Но, тоа е голема можност за тебе – вистината е дека не треба да знаеш JavaScript за да се вработиш во ваква компанија. 


Дигиталниот маркетинг е идеалниот склоп помеѓу технологијата и креативноста, и истиот не подразбира знаење на комплицирани програмски јазици (иако познавање на HTML и CSS е огромна предност за еден дигитален маркетер). Ова значи дека ако сакаш да работиш на позиција што бара креативност и аналитичко размислување, кариера во дигитален маркетинг е правилниот избор за тебе.

Што е дигитален маркетинг?

Дигитален маркетинг е општ термин што ги вклучува сите онлајн стратегии што се користат за да се идентификува, гради и таргетира публика со цел да се преобрази истата во потрошувачи.


Слично како кај традиционалниот, дигиталниот маркетинг се фокусира на промоција и продажба на продукти и сервиси. За разлика од традиционалниот маркетинг којшто не нуди детална поделба на публиките, дигиталниот маркетинг нуди ласерски-прецизна поделба и таргетирање по интереси и однесување на публиката. Истиот постојано се менува како што се менуваат и самите публики. Дигиталниот маркетинг е како да закупиш билборд во самиот центар на градот, но истиот да го видат само луѓе што ти сакаш да го видат – и да платиш само за тоа.


Дигиталниот маркетинг вклучува различни канали за контакт со публиките, од кои PPC (Pay-Per-Click), SEO (Search Engine Optimization), Social Media, и Email маркетинг се најпознатите. 

 

Работните позиции за дигитален маркетер

 

Работната позиција дигитален маркетер постои, но има и повеќе специјализации коишто се разгрануваат од оваа позиција. Повеќето маркетери се одлучуваат за специјализација бидејќи истите овозможуваат работење со конкретни вештини и нивно понатамошно развивање. Еве неколку примери за позиции коишто вклучуваат дигитален маркетинг:

  • SEO специјалист
  • Social media менаџер
  • Менаџер на платени реклами
  • Дигитал маркетинг менаџер
  • Маркетер за развивање на публики
  • Маркетер на брендирана содржина
  • Маркетер за онлајн придружници
  • Content marketing менаџер
  • Стратег за онлајн содржина


Изборот е голем, но сите овие специјализации се базирани на една основа. Откако ќе се запознаеш со неа, можеш да се специјализираш во областа што ти е најинтересна.

Кои вештини ти требаат за да работиш како дигитален маркетер?

За да работиш како дигитален маркетер, ти требаат следните вештини:


Да знаеш како луѓето се однесуваат кога купуваат онлајн


За да работиш како дигитален маркетер мора да знаеш како луѓето размислуваат кога купуваат онлајн. И не само тоа – треба да знаеш како луѓето размислуваат во секој чекор од нивното потрошувачко патување. Со ова, ќе можеш да креираш посебни поделби за секој чекор и посебна порака за секој индивидуален потрошувач. 


Да знаеш да читаш и анализираш податоци


Главната предност на дигиталниот маркетинг наспроти традиционалниот е фактот што има податоци за секоја реклама што ќе ја пуштиш. Но, треба да знаеш да ги читаш и преведуваш. Секоја активност во дигиталниот маркетинг се базира на резултати од истражување и претходни кампањи. Исто така, дигиталниот маркетер знае да ги пренесе податоците на други членови на тимот без тие да се обучени во дигитален маркетинг.


Да знаеш стратешки да креираш содржина


Стратезите за онлајн содржина и маркетерите за онлајн содржина знаат со добра приказна да допрат до нови публики. Тоа се прави преку блог, email кампањи, е-книги, па дури и видеа и подкасти.


Да знаеш Social Media маркетинг


Ова не вклучува секојдневни активности што повеќето од нас ги правиме без да работиме во дигитален маркетинг. Social media маркетингот вклучува стратешки активности да се искористат овие платформи за да се промовираат продукти и сервиси и формирање на поблиски, неформални односи со целната публика низ органски и платени постови.


Да знаеш SEO (Search Engine Optimization)


Сите сериозни брендови се потпираат на SEO за зголемување на свесноста за брендот и продажбата. SEO е збир на активности кои брендот ги прави за да биде релевантен за пребарувачите како Google и Bing. Колку е подобра содржината и веб-страната, толку повисоко истата ќе се појави во резултатите на пребарувачот.


Да знаеш да пушташ платени реклами


Платени реклами, pay-per-click, или paid ads, е сеопфатен израз што ги вклучува сите активности што се однесуваат на закупување на простор на каналите за да се промовира продукт или сервис. Ова вклучува платени реклами на социјални медиуми и платени реклами на веб страни како и во самите пребарувачи.


Да знаеш email маркетинг


Email е маркетинг канал што одбива да умре – всушност истиот е еден од најпрофитаблините канали за дигитален маркетинг. Мора да знаеш како фунционира истиот во целиот склоп на патувањето на потрошувачот – и како истиот функционира во склоп со другите канали за дигитален маркетинг.

Алатки што мора да знаеш да ги користиш


Дигиталниот маркетинг не е само горенаведеното. Оваа кариера вклучува и алатки што се задолжителни, од кои ги издвојуваме следните:


Google Analytics


Без разлика дали си индивидуалец или корпорација – Google Analytics (и неговите алтернативи како Hubspot) е задолжителна алатка за секој дигитален маркетер. Таа ти овозможува да знаеш што потрошувачите прават на твојата страна, и мораш да знаеш како да ракуваш со неа и како да ги читаш податоците.


Платформи за email маркетинг


Листата на платформи за email маркетинг е значително долга, но скоро сите нудат исти функционалности. Самата природа на дигиталниот маркетинг вклучува email маркетинг, така да знаењето на една од овие платформи е задолжително.


Платформи за менаџирање на социјални медиуми


Големите компании користат платформи за менаџирање на нивните социјални медиуми низ кои закажуваат постови на сите платформи одеднаш. Во овие платформи спаѓаат Hootsuite, Buffer, Social Bee, и треба да знаеш како фунционира барем една од нив.


Алатки за SEO истражување


Има многу алатки за SEO изтражување и анализа коишто опфаќаат сè – од техничкиот дел, до анализа на конкуренти. Секој дигитален маркетер мора да знае барем да користи алатки за пронаоѓање на клучни зборови како Google Keyword Planner.


UTM тагови


UTM таговите ти овозможуваат да знаеш како да ги читаш кампањите што ги пушташ. Тие се специјални делови што се додаваат на URL од страна на сајтот користена за реклами и со нив се следат резултатите од истата. Знаење како се користат овие тагови е задолжително за сите дигитални маркетери.

Како да научиш сè од горенаведеното?


Горенаведеното е само дел од воведот во дигиталниот маркетинг. Доколку ги имаш горенаведените способности и знаеш да ги користиш горенаведените алатки, ќе можеш да почнеш кариера во дигитален маркетинг.


Со академијата на Galeksia, ќе научиш се од горенаведеното, и многу повеќе во сеопфатната програма за Certified Digital Marketing Professional.

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во оваа интересна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче