Како да си го развиеш бизнисот со помош на LinkedIn?

LinkedIn претставува многу моќен asset за сите брендови, компании, претприемачи доколку знаат да го искористат максимумот од платформата. Зошто е толку значаен? LinkedIn ти овозможува да изградиш широка мрежа на контакти, да изградиш кредибилитет и да си дел од заедницата експерти во твојата индустрија. 

 

Според истражувањето на Hootsuite, LinkedIn достигна бројка од 722 милиони корисници во Јануари 2022. А 55 милиони од нив се компании коишто имаат профил на LinkedIn.

 

Во овој блог пост ќе ги опфатиме сите можности кои LinkedIn ги нуди за развој на твојот бренд.

 

Што всушност претставува LinkedIn маркетинг?

 

На LinkedIn, сите бизниси имаат директен пристап до своите потенцијални купувачи, таргет публиката, конкурентите, како и до потенцијален кадар за вработување и инвеститори. Може да се каже дека е all-in-one платформа во бизнис светот. 

 

Оваа платформа е место кадешто лесно можеш да ги искористш многуте маркетинг можности кои се нудат и да си ја прошириш професионалната мрежа на контакти. Што секако води до скалило нагоре во градење на твојот имиџ во заедницата на твето niche. Тоа ти овозможува и полесно да ги најдеш вистинските вработени, да добиеш нови потенцијални бизнис зделки, како и нови клиенти.

 

LinkedIn се развива забрзано и трендовите на платформата се менуваат за многу краток период. Неговиот фокус постојано е насочен кон зголемување на engagement-от на корисниците. Па така воведоа stories, кои не покажаа добри резултати, quick reactions и интерактивни polls, кои сè уште се голем хит!

 

linkedin poll

 

 

Неколку кратки совети кои се клучни за успешно да го водиш твојот профил

 

  • Оптимизирај го акаунтот со сите информации за брендот;
  • Редовно следи ги аналитиките од перформансот на содржината;
  • Клучно е да објавуваш слики на твоите објави за да достигнеш два пати поголем engagement;
  • Искористи ги сите опции што ги нуди LinkedIn за да комуницираш со публиката;
  • Видео, видео, видео. Да, истото и важи и за LinkedIn;
  • Вклучи hashtags во сите објави.

 

Оптимизирај го профилот 

 

Прв чекор со кој треба да започнеш е комплетно да го оптимизираш профилот на твојот бренд. Зошто е важно ова? Со концизна и добро смислена содржина можеш да го привлечеш веднаш вниманието на корисниците за да те заследат. First impression is everything!

 

На пример, на краткиот опис под името на твојот бренд можеш да напишеш кратка реченица која ќе ја долови мисијата на твојот бренд. Исто така кратко инфо во делот ‘About’ во кое подетално ќе ги опфатиш активностите и твојата визија и работа. Добра пракса е да ја земеш предвид твојата таргет публика и да го модифицираш профилот според нив. На пример, ако целиш да вработиш поголем број на луѓе, тогаш можеш да ги вклучиш тимските активности на твоите вработени, бенефиции кои ги нуди твојата компанија, односно нешто со што ќе им го привлечеш вниманието на потенцијалните апликанти.

 

Неизбежно е да поработиш и на брендингот, односно соодветна профилна и cover слика кои ќе бидат во тон со боите и стилот на твојот бренд. 

 

Следи ги резултатите во LinkedIn Analytics 

 

За да откриеш кој е најдобар начин да добиеш повеќе followers, неопходно е да ги следиш перформансите за да дознаеш што корисниците сакаат и преферираат. Ова особено важи за LinkedIn бидејќи на feed-от можеш да ги следиш активностите и на твоите конекции. Односно твојата содржина е достапна на поголем број корисници, не само на твоите followers.

 

Па така, ако откриеш каков тип на објави најдобро перформираат и имаат најголем engagement кај корисниците, можеш лесно да ја развиваш стратегијата во тој правец и да ги зголемиш резултатите.

 

LinkedIn има одличен insight за сите овие активности во LinkedIn Analytics кадешто можеш да ги извлечеш сите потребни податоци за анализа. Ќе ти помогне да дознаеш повеќе за публиката која те следи и дали e иста со твојата таргет публика. Анализата на податоци ќе ти помогне да си го модифицираш твојот content план и да креираш содржина која ќе комуницира со публиката.

 

Оптимизирај го профилот за пребарување

 

Твојот профил може да изгледа визуелно перфектен, но сето тоа нема да ти биде од корист доколку корисниците не можат лесно да го најдат. Тука SEO стапува на сила! Подетално за Search Engine Optimization можеш да прочиташ овде. Како можеш да го оптимизираш профилот со помош на SEO? 

 

Најважно е содржината на твојот профил да содржи  клучни зборови, со кои корисниците пребаруваат, за да бидеш дел од опциите во листата од резултатите од пребарувањето. Овде е важно клучните зборови да бидат релевантни и да се поврзани со твојот бизнис и услугите кои ги нудиш. Ако не си сигурен кои клучни зборови да ги вклучиш, стави се на место на корисникот и размисли како тој би пребарувал за твојот продукт или услуга.

 

Content is everything

 

Сега откако го среди и оптимизира профилот, главниот фокус треба да го насочиш кон креирање содржина. За среќа, LinkedIn има толку многу опции кои можеш да ги искористиш и да правиш repurpose на содржината која ја креираш. 94% од B2B маркетерите имале некаков бенефит од content маркетингот на LinkedIn. 

 

91% од корисниците на високи позиции изјавиле дека LinkedIn им е прв избор за релевантен  извор на информации во индустријата. Искористи го ова и креирај содржина за блог постови, организирај вебинари на актуелни теми од индустријата и посвети големо внимание и на видео содржина. Фокусирај се на квалитет, најди релевантни извори или контактирај некој thought leader и вклучи го во некоја од активностите. Многу е важно да им понудиш вредна содржина на корисниците со која ќе ги привлечеш пак да го посетат твојот профил. 

 

Кои активности носат најголеми резултати?

 

  • Polls – Ова е многу популарна опција помеѓу корисниците на LinkedIn преку која со интерактивни прашања, корисниците гласаат на понудените опции. На овој начин не само што можеш да добиеш некаков insight на одредена тема, туку исто така може да биде одлична прилика за дискусија меѓу корисниците во коментари.

 

  • Објави со слика/видео– Многу е важно во твоите објави освен текст да вклучиш и некоја впечатлива креатива, или уште подобро видео формат од содржината. Корисниците сакаат кога информацијата им е презентирана визуелно, па со самото тоа се зголемува и engagement-от.

 

  • Articles – Овде имаме интересен факт: Што подолг е еден article, толку се поголеми шансите да се сподели. Доколку сакаш да се вклучиш во заедницата и да се стекнеш со авторитет, тогаш мораш да пишуваш повеќе на актуелни теми.

 

Доколу сè уште немаш започнато да го користиш LinkedIn за твојот бизнис, нема подобро време од сега. Можеш многу лесно да ја зголемиш твојата публика и да добиеш нови клиенти. Ивана Дракулевска, сертифициран маркетинг специјалист од нашата програма, има напишано многу корисен блог пост на тема LinkedIn Prospecting за Sales Rocks, компанијата во која работи. Можеш да прочиташ како да го искористиш и твојот личен профил за sales на твоите услуги и продукти!

 

Програмата на DMI кај нас нуди многу можности за понатамошен развој на твојата кариера или бизнис. Ивана Д. ја започна програмата како почетник, со многу мало предзнаење во областа, а сега успешно ја гради својата кариера како SEO специјалист. Без разлика дали си почетник во оваа сфера или пак сакаш да го надоградиш и сертифицираш твоето знаење во дигиталниот маркетинг, нема подобро време од сега. Февруари е месец кадешто посериозно треба да се посветиш на твоите новогодишни резолуции! Уписите се во тек, побрзај и резервирај го твоето место уште сега!

 

Биди и ти дел од глобалното семејство на дигитални маркетери на DMI со програмата на Galeksia! Унапреди го своето работење и својот бизнис, или смени ја својата кариера во правилна насока.

Запиши се и учи со нас!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче