I am a woman in Digital Marketing. What’s your superpower?

Дали знаете дека поголемиот дел од досегашните студенти на програмата за Professional Diploma in Digital Marketing во Galeksia се жени? Дали знаете дека тројцата најдобри студенти за 2020 година се исто така жени? Во време во кое стремежот е насочен кон родова еднаквост и поголема инклузивност на жените во бизнис заедницата, горди сме што активно сме дел од таа иницијатива.

Инспирирана од статистиката која покажува дека учеството на жените во дигиталниот маркетинг и генерално во бизнисот е во нагорна линија, сакам да ги охрабрам сите млади девојки и жени непоколебливо да ги следат своите соништа.

If you can dream it, you can achieve it! Се’ што ќе замислиш е остварливо, ти треба само силна волја и правилна насока.

Galeksia – Едуцира, инспирира, поддржува

Без разлика дали бараш кариерно усовршување или кариерна трансформација, програмата на Galeksia ќе ти помогне во реализација на твојата цел. Нашите обуки за дигитален маркетинг се прилагодливи за сечии потреби и барања.

Во моменталната февруарска група имаме жени од секоја бизнис сфера и секоја возраст. Млади девојки на почетокот на својата кариера, без предзнаење во маркетинг, но со огромна желба да успеат.

Мајки, кои и покрај тоа што чуваат мали деца, успеваат да најдат време професионално да ги усовршат своите знаења и вештини (мала дигресија, аплауз за нив кои буквално следат предавање со дете во раце).

Жени – сопственици на свои бизниси, кои се трудат да развијат успешна маркетинг стратегија за својот бизнис.

Секоја од нив доаѓа од различна позадина и носи со себе различна приказна. Но, сите се сплотени со иста цел. Да станат успешни жени во сферата на дигиталниот маркетинг со сертифицирани знаења.

Приклучи се и стани и ти дел од нашата заедница на успешни професионалци во која секој се истакнува со својата посветеност без разлика на полот.

Како сертифицираната диплома од Galeksia ќе ти помогне во твојата кариера?

Светски признатиот сертификат со кој ќе се стекнеш ти ги отвора вратите од светот. Можеш да работиш и во земјава и во странство бидејќи твојата диплома е призната интернационално. Богатата програма ти овозможува да работиш во различни индустрии и на различни позиции.

Знаењата што ќе ги стекнеш ќе те направат поконкурентна на пазарот на трудот. Ќе ти овозможат да си во позиција да предложуваш свои идеи, да носиш одлуки врз база на твоите знаења и вештини и континуирано да ја подобруваш компанијата во која работиш.

Сите вештини кои ќе ги стекнеш ќе ти ја зголемат самодовербата да прифаќаш нови предизвици и да превземаш храбри чекори.

На крајот на денот да кажеш “Јас сум жена, мајка, сопруга. Го живеам својот сон, уживам во кариерата и сум задоволна со себе и со она што го правам.”

Кои се другите бенефиции кои ги овозможува кариерата во дигитален маркетинг?

Работа од дома

Да се одржи балансот помеѓу професионалниот и приватниот живот не е едноставна работа. Особено не за жените. Желбата за реализација како мајка и сопруга од една страна, и реализација на професионален план од друга страна, се предизвици со кои скоро секоја жена ќе се сретне во животот.

Но, имаме good news! Професијата во дигиталниот маркетинг ти ги нуди двете! Можеш да бидеш суперхерој кој со дете во раце гордо ќе ги качува скалилата на успехот. Флексибилноста на оваа професија ти овозможува да работиш од дома и истовремено да бидеш финансиски независна.

Растот на значењето на remote jobs е дефинтивно оправдано. Според анализите на Eurostat, приближно 40% од работниците во Европа започнале да работат од дома во последнава година. Можноста за работниците да работат во било кое време и од било кое место несомнено има многу бенефиции. Работата од дома придонесува за подобар work-life баланс, подобра благосостојба, поздрав животен стил и ултимативно поголема продуктивност.

Се’ поголемото зголемување на бројот на жените во дигиталниот маркетинг сега има смисла, зарем не? Дознај зошто да учиш и кои се бенефициите на дигиталниот маркетинг!

Разбуди ја својата креативност

Жените по природа важат за покреативниот пол. Има ли подобар начин да ја искажеш својата креативност од започнувње нова кариера во дигитален маркетинг? (цртање на домашни задачи по ликовна уметност не се важи 🙂)

Диверзитетот на дигиталниот маркетинг дава простор секој креативно да се изрази на начин на кој најмногу му одговара. Дали тоа ќе биде креативно изразување во пишување content, креативност во создавање на маркетинг стратегија, или креативно пренесување на пораката до вашата публика.

Покрај големиот број на домашни задачи кои им се даваат на студентите од програмата за дигитален маркетинг на Galeksia, тие имаат можност и креативноста да ја изразат со работа на реални проекти. Нашите learning partners како Neptun, Bozinovski, Avalon, Vivacs, Halkbank и други лидери на пазарот им овозможуваат на студентите практично да ги применат своите знаења. Ова е од голема важност бидејќи можеш веднаш да ги преточиш знаењата во практична работа.

Уште една бенефиција на практичната работа е што ти овозможува да го збогатиш твоето CV и да направи да отскокнеш од останатите апликанти.

Тука можеш да видиш како всушност изгледа работа на реален проект за реална компанија.

Жени во сферата на дигиталниот маркетинг на кои сме горди

Како што веќе ќе го претпоставиш одговорот на она што ќе го кажам, повеќе од половина од менторите на Galeksia се жени. Уште еден факт кој треба да те мотивира да почнеш нова работа или обука во сферата на дигиталниот маркетинг. Нашите менторки се успешни професионалци во својата област, секоја специјализирана во одредена насока. Ајде да ги запознаеме!

Сара Стојковска – аналитичар на податоци, Google Analytics експерт и сертифициран DMI тренер. Нејзината работа вклучува презентација на преку 100 извештаи со 100+ KPI’s за повеќе од 20 типови на бизниси.

Верче Карафилоска – продукт маркетер и copywriting/messaging консултант. Реализирала над 100 проекти за клиенти од земјата и странство, 1000+ е-mail секвенци за 25+ различни индустрии, 20+ веб страни.

Наташа Мрмачовски – менаџирање на тимови за маркетинг, брендинг, lead generation, репутациски менаџмент, Google Ads. Сработени 200+ успешни Google Ads кампањи за 20+ различни индустрии во земјава и во светот.

Ивана Јовановска – Social Media Marketing, E-mail Marketing и сертифициран DMI тренер. 200+ e-mail маркетинг кампањи, и неверојатни над 1 милион долари потрошени во Paid Advertising.

Теодора Филовска – сопственик на дигитална маркетинг агенција Vrootok и основач на Galeksia, сертифициран DMI тренер и маркетинг консултант. Нејзината извонредна работа придонесува да биде избрана за еден од најуспешните претприемачи во Европа за 2019 година од страна на U.S. State Department и World Chicago.

Ќе се согласиш дека она што го постигнале е прилично неверојатно! Ако имаш желба и амбиција да успееш, не се плаши да го превземеш првиот чекор. Секој почеток е тежок, но со правилниот тим и голема посветеност ништо не е невозможно.

Доказ за тоа се нашите студентки кои супер го совладаа материјалот и со одлични резултати се стекнаа со светски признатиот сертификат. Дел од нив сега работат во дигитален маркетинг во различни сектори како SEO Specialist и Creative Art Director. Други ги усовршија своите знаења и продолжија уште похрабро и поуспешно да го освојуваат светот на дигиталниот маркетинг.

Запиши се на програмата за дигитален маркетинг на Galeksia и откриј ги твоите супер-моќи! Ти посакуваме многу успех!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче