Дигитални маркетинг активности за Божиновски часовници

OVERVIEW

RESOURCES

Брендот Божиновски часовници и накит повеќе од 20 години е синоним за успех и квалитет. 


Покрај трите сопствени продажни салони во Битола и Скопје, Божиновски ги нуди своите производи и низ мрежата на агенти и франшизи низ Македонија.


Брендот Божиновски, е еден од Learning партнерите на Galeksia. Студентите имаа можност да работат на повеќе дигитални маркетинг активности поврзани со едни од светските познати брендови како: Omega, Calvin Klein, Swatch и др.


На проектот работеа: ментор на Galeksia, Galeksia асистент и група на 5 студенти од Galeksia.

Предизвик

Програмата за Professional Diploma in Digita Marketing е корисна токму поради тоа што студентите имаат можност да работат на овие реални проекти. Вештините кои ги стекнуваат, можат веднаш да ги преточат во практична работа. 


За потребите на Божиновски часовници студентите на Galeksia изготвија основна дигитална маркетинг стратегија во која беа вклучени предлози за главна кампања поврзана со Новогодишните и Божиќните празници за online продавницата на Божиновски часовници, со која се поврзани и другите дигитални активности. 

Пристап

Во однос на обврските кои студентите требаше да ги завршат, целокупниот проект беше поделен на активности во 5 недели.


Студентите најпрво се запознаваа со партнер проектот и направија истражување на конкурецијата. По дефинирањето на конкретните актвивности, беа дефинирани и роковите кои требаше да се запазат.


Втората недела се постави главната конструкција на проектот и се креираа драфт верзии од задачите по извршените консулатации со менторите.  


Наредните две недели задачите беа финализирани и нивната реализација започната.


На крај, студентите извршија мерење на резултатите, нивно сумирање и креирање на финален извештај. 

Решение

Како дел од стратегијата за дигиталните активности за Божиновски часовници, беше одлучено да се направат следните активности:


1. Органски content calendar за еден месец за 2 социјални медиуми по избор на Божиновски часовници, со вклучени 4 објави неделно


Тука студентите го искористија своето знаење и имаа можност практично да работат на content calendar за вистинска компанија. Успешно ги распределија датумите и времето на објава, и креираа брифови за дизајн.


2. Paid content calendar за една кампања за 2 социјални медиуми по избор на Божиновски часовници


Студентите го искористија нивното знаење од Paid Search (PPC) Using Google модлот и успешно креираа 3 адови со по 2 ad sets за секој од нив. Исто така имаа можност и да предложат соодветен буџет за кампањата. 

Симни ја програмата со кликање на копчето и разгледај ги детално сите модули кои се изучуваат на програмата за Professional Diploma in Digital Marketing.


3. Основно истражување на клучни зборови и креирање на предлог 1 кампања за платени search ads на Google, вклучувајќи 5 ad sets


Во овој дел од проектот, студентите имаа можност да направат keyword research користејќи разни алатки со кои што се запознале во текот на програмата. 


4. Креирање на 1 предлог кампања за Display & 1 предлог кампања за Video Ads, вклучувајќи датуми, call-to-actions кои ќе се корстат, брифови за дизајн на Display Ads и Video ads и предлог буџет.

Заклучок

Постојат голем број на придобивки од имплементирање на твоите стекнати вештини и знаења на Galeksia преку реални проекти од нашите Learning Partners.


Со запишување на некоја од програмите на Galeksia, може да очекуваш дека ќе добиеш квалитетна едукација и поддршка од нашите ментори кои ќе ти помогнат да ги искористиш придобивките кои ги нудат нашите Learning Partners.