Главна мотивација ми беше желбата за промена – Симона Ј.


Денес ви ја претставуваме Симона Јовановска, девојка која направи храбар чекор и целосно ја промени својата кариера. Од работно место како медицинска сестра, по завршувањето на нашата Академија за Дигитален Маркетинг, Симона денес успешно гради кариера како маркетинг асистент и ги претвори своите нови вештини во професионален успех.

Како изгледа кога ќе одлучиш да излезеш од комфорната зона, да вложиш во себе и да се впуштиш во нешто сосема ново? Симона ќе ни раскаже за нејзиното искуство, предизвиците и како Galeksia ѝ помогна да ги открие своите нови можности.

Спреми се за инспиративен муабет полн со мотивација, храброст и многу насмевки! 😊

1.Симона здраво! Ќе може ли да ни раскажеш повеќе за твојот професионален background пред да се запишеш во Galeksia?😊

– Пред да ја започнам мојата трансформација кон дигиталниот маркетинг, работев како медицинска сестра. Иако оваа професија ми донесе многу искуства и задоволство од помагање на луѓето, чувствував дека сакам да се насочам кон нешто креативно и динамично, каде што можам да ги изразам моите идеи и да се развивам професионално во една сосема нова насока.

Размислувајќи за тоа што би сакала да правам во иднина, дигиталниот маркетинг ми се чинеше идеален избор, бидејќи ми нудеше можност да работам на динамични проекти и да ги комбинирам моите комуникациски и организациски вештини со мојата љубов кон технологијата и креативноста.
😊

2.Што те мотивираше да го одбереш дигиталниот маркетинг како твоја следна кариера?

-Главна мотивација ми беше желбата за промена и можноста за постојано учење. Дигиталниот маркетинг е поле кое секогаш се развива, нуди многу предизвици и потреба за креативност. Сега, кога погледнувам назад, се чувствувам исполнето што сум се одлучила за оваа промена, бидејќи ми дава можност да се развивам во нова насока, која е многу повеќе во согласност со моите интереси и амбиции.

3.Како дозна за Galeksia? И што беше пресудно за да се запишеш токму на нашата академија?

-Откако решив да направам кариерна трансформација, започнав да истражувам различни опции и академии кои нудат програми за дигитален маркетинг. Долго време ги разгледував различните можности, но ниедна не ми се чинеше како вистинскиот избор, сè додека не наидов на Galeksia, која понуди програма што се разликуваше од останатите. Кога ги запознав менторите, се уверив дека сум ја направила најдобрата одлука😄. 

4.Кој дел од програмата ти беше најинтересен или најголем предизвик?

-Најинтересен дел ми беше делот со предавањата за Email Marketing и Social Media. Тие теми ме привлекоа бидејќи верувам дека се клучни за успешни дигитални кампањи.

Што се однесува до предизвикот, најголем предизвик ми беше совладување на модулот за Digital Marketing Strategy. Создавањето на стратегија која ќе биде ефикасна и ќе ги вклучува сите аспекти на дигиталниот маркетинг беше навистина предизвикувачки, бидејќи тука мора да се комбинираат вештини од различни области.

5.Менторите се можеби најбитната алка во целиот овој систем на стекнување ново знаење и дигитални вештини. Дали можеби некој од нив особено те инспирираше за да продолжиш да се усовршуваш токму во таа област? 

-Уфф.. тешко прашање! Сите ментори во Galeksia се врвни професионалци и од секој од нив може да се научат многу работи. Но, ако треба да истакнам некого, тоа би била Мартина. Таа успешно ме внесе во светот на email marketing-от и од неа научив многу за оваа област. Дефинитивно ми ја поттикна желбата да се развивам понатаму токму во оваа област.

6.Процесот на вработување знае да биде баш предизвикувачки, си бара трпение а понекогаш и повеќе време, во зависност од можностите и побарувачката на пазарот. Како течеше тој процес кај тебе? И што би ги советувала студентите кои поминуваат низ истиот?😊

-Процесот беше навистина интензивен. Аплицирав на повеќе позиции, но најважниот дел беше тоа што научив да ги прилагодам моите апликации според секој работодавач. Понекогаш беше тешко да останам мотивирана, но мојата упорност на крај се исплатеше.

За идните студенти, знам дека во овој долг процес може да стигнете до степен кога ќе изгледа како никој да нема да ве вработи ако немате практично искуство, но важно е да не се откажувате. Пријавувајте се за пракси, посетувајте настани и искористувајте секоја можност да се надоградувате, дури и ако тоа значи да учите теоретски. Упорноста и посветеноста ќе ви донесат успех на крајот.

7.Од неодамна си Marketing Assistant во Alma Career North Macedonia. Честитки, и официјално ја стартуваш твојата digital marketing кариера. Кои се твоите таскови на дневно ниво и кои од дитигалните вештини што ги научи на академијата веќе ги користиш на работната позиција?😊

-Благодарам!  Секој ден се трудам да се усовршувам и да ги применувам дигиталните вештини што ги научив на академијата. Од неодамна, сум дел од тимот на Alma Career North Macedonia како маркетинг асистент, и ми е особено драго бидејќи е место каде што можам да се развивам и да стекнувам нови вештини.

А како Social Media Assistant во Skopje.IN, моите задачи вклучуваат креирање на содржина за социјалните медиуми, водење на категоријата „нови места во Скопје“ на веб-страницата, како и спроведување на платени рекламни кампањи на платформи како Facebook и Instagram и сл.

8.Можеби е сѐ уште рано за ова прашање, но кои се твоите идни цели во кариерата? Имаш нешто зацртано во глава, што сакаш да го оствариш во блиска иднина? 

-Што се однесува до моите идни цели, секако дека најголемиот фокус ми е на Social Media Marketing, но посебна страст имам за email marketing. Се надевам дека ќе успеам да се развивам и  во оваа област и во блиска иднина да го реализирам мојот план. Како и да е, се радувам на новите предизвици!

9.Како за сам крај, што би им препорачала на оние кои размислуваат да се запишат на академијата и да направат кариерна трансформација?

-На сите кои размислуваат да се запишат на академијата и да направат кариерна трансформација, би им препорачала да ја направат таа храбра одлука. Промената може да изгледа тешка, но верувајте дека е многу вредна. Galeksia е одлично место за старт, бидејќи не само што ќе добиете знаење, туку и поддршка од прекрасни ментори со големо искуство кои секогаш се тука за студентите. Менторите не само што ви помагаат да ги совладате вештините, туку ви даваат и мотивација да не се откажувате, без разлика на предизвиците на патот. Ќе имате можност да учите од најдобрите и да стекнете практично знаење што ќе ви отвори нови професионални врати, а на крајот сè ќе се исплати.


Дали и тебе те интересира дигитален маркетинг? Искористи ги огромните можности кои ги нуди оваа индустрија. Учи со Galeksia и направи успешна кариерна промена!

Не пропуштај ги најновите вести, директно во твоето сандаче