Galeksia Cares – Грижа и посветеност кон нашите студенти

Со оглед на целата ситуација која што се случуваше изминативе месеци, уште од првата група часовите на Galeksia се одвиваа онлајн.


Започнување на нов чекор во животот е секогаш важен. Без разлика дали на ум имате да промените кариера или да напредните во постоечката, при посета на нова програма оној добредојде момент е секогаш важен. 


Иако предвањата започнаа онлајн и сè уште се одржуваат вака, Galeksia се потруди да им овозможи на студентите безбедно место каде што ќе можат да добијат квалитетно знаење во областа на дигиталниот маркетинг. 


Иако целосно групата не беше состанета во живо, нашите студенти заедно со менторите успешно создадоа пријатна атмосфера за добивање на знаење, следење на примери и поставување и одговарање на прашања. 


Ние ги поддржуваме сите наши студенти и сме им на располагање во било кое време. 
Нивната посветеност кон програмата, љубопитните прашања, навремено извршените задачи и желбата да научат нè прави посебно горди.


Затоа, Galeksia реши да им спреми мало изненадување, кое беше доставено до прагот на нивниот дом.

Подготовка на изненадувањето за нашите студенти

Galeksia Community

Градењето на една култура за грижа на сите наши студенти додека трае програмата, но и по нејзниото завршување е дел од сите придобивки што ги нуди Galeksia со своите програми.


Сакаме да го нагласиме пристапот за грижа од сите аспекти. Без разлика дали ви е потребно: дополнително менторство, помош околу практичните задачи, препорака за работна позција кај некој од нашите партнери, помош околку креирање на CV за промена на кариера во дигитален маркетинг, итн.


За возврат сè што очекуваме од нашите студенти е нивната посветеност и желба да бидат најдобри во тоа што го прават.


Со Galeksia, ние градиме заедница. Galeksia Community е место за сите наши студенти, место каде што ќе можат секогаш да бидат во тек со индустријата, да добиваат новости, но и да ги споделуваат нивните идеи и креативни размислувања.


Со подготовките околу нашето мало изненадување, целта беше да развиеме иницијатива за сите компании да покажат мало внимание до своите студенти и вработени. 


Концептот е дека секој заслужува уникатно признание кое што ќе продолжи да го негува како основа за напредок на професионален и личен план.


Ангажираноста од наша страна беше позитивно разбрана како индикација да се грижиме за она што ја прави Galeksia успешна, а тоа се нејзните студенти. 


Ја обновуваме идејата за тоа што претставува една едукативна компанија


Galeksia се менторите, учесниците на програмите, вработените. Всушност, тоа се луѓето кои овозможуваат да се постави нов стандард кога станува збор за едукацијата во полето на дигитален маркетинг во нашата држава. 


Важноста и грижата за другите е една од централните компоненти на сите наши активности. Грижата е и ќе биде дел од сè што правиме. 


Нашите учесници ќе го слушаат тоа постојано. Ние сакаме тие да размислуваат како да бидат подобри, да не се плашат да не контактираат со било какви прашања, каде и да се.


Да се биде дигитален маркетер значи да си динамичен, да се стремиш кон целите и нивното остварување. Дури и најискусниот дигитален маркетер некогаш бил почетник. Сакаме нашите студенти да гледаат на Galeksia како нов почеток кон отварање на нови хоризонти и гледишта во дигиталниот свет. 

Некои од споделените објави од нашите учесници, на социјалните мрежи

#GaleksiaCares

За многу бизниси кои ги префрлија своите случувања онлајн, овој тек на настани беше само потврда дека нема потреба лично да се вклучат и да вложуваат премногу емоции во работата. 


Но, за многумина од нас, предавањата не се само нешто што го правиме бидејќи мораме. Galeksia ги учи своите студенти затоа што сака да креира квалитетен кадар кој што критички размислува. 


Ние се залагаме за комуникација со нашите студенти и се гордееме што можеме да им направиме разлика, да ги инспирираме, да им помогнеме и да ги водиме во своето патување. 

Нашата цел

Малите гестови некогаш знаат да значат многу. Ние ќе продолжиме да ја развиваме нашата идеја.


Сметаме дека со укажување на целосна поддршка на нашите учесници им создаваме позитивна средина која помага да ја изградат кариерата што ја сакаат. 


Се надеваме дека со овој наш гест, им помагаме да се почуствуваат како дел од една поголема слика. Да сфатат дека нивната кариера како дигитални маркетери е само на неколку чекори и дека ние сме тука во секое време да им помогнеме.


Доколку и ти сакаш да бидеш дел од Galeksiа и од заедницата која што ја создаваме, разгледај ги нашите програми


Уписите се во тек, а доколку имаш некои прашања слободно контактирај нè .

Не пропуштајте ги најновите вести, директно во вашето сандаче